Ваша поезија!

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
453
Поени од реакции
1.779
U taktu svemira

Crtam te u mislima
kako po tamnom nebu hodaš
Sakupljaš moje noći
dlanovima pokrivaš moje budne oči

Komponujem te uzdasima
pesmom koja se nikada pevala nije
Muzika tiha,muzika za nas
ljubavna igra koja se nikada igrala nije

Osećam te ovde i sada
prsti...prsti posvuda
Dišem obojene molekule spajanja
oni su najbolji dokaz današnjeg umiranja

Sutra je novi dan,voljena
jutra su rezervirana za pogrebe
Rodiću te opet tako...noćima
kad nam srca igraju u taktu svemira
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
453
Поени од реакции
1.779
Убава како жена

Зошто по име ме довикуваш
нема си кога туѓи допири впиваш
Голтни ме и мене во една голтка
остави ме туѓи играчки да сонувам

Убава песна за една убавина
како букви за срцето,како тело за душата
Водење љубов на огнена постела
чиниш,космосот ни ги голта телата

Небо и допири,оган и облаци
спој од лузни и воздишки
Екстатичниот карусел од немости
нема век на траење,не познава едноличности

Сакав машкост да бидам
на екс да ја испијам
Сакаше да бидам тој
никогаш незаборавен емотивен спој...
 
Хептаграм XI

Ιερός Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
8.819
Поени од реакции
7.562
Храмот на Будалата (2012 e.v.)

Искасапете го Оној кој е различен од Вас.

Измавајте го илјада стапови од леска
И поклонете му Бескраен Пат за одење,
надевајќи се дека ќе исчезне
по кој знае кој пат под ова Човечко Небо.
Тоа Проклето ограничувачко небо кое не го разбира,
или не сака да го разбере.

Дајте му зелена облека
за да го препознаат кој е и што е во Светот,
бидејќи вистински Тој е Никој и Ништо.
Од Исток до Запад, од Север кон Југ
Едно е неговото име,
Една е Неговата Пермутација.
Еден е неговиот Број.

Ништо е Бесконечиот Круг на Животот кој тој го живее,
Ништо е Смртта и Животот
На кој Тој страсно во Тишина, им се подсмева.

Но, која Будала сеуште го слуша ветерот
и неговите тајни шепотења во мрачните ноќи на Душата?
Кој сеуште ја Обожава Мистеријата на Петар Пан?

Дојдете кај мене, рече, е будалесто.
Дојдете во Својот Храм на Тишина и обожавајте.

Обожавајте го бесцелното одење, само заради одењето.
Обожавајте ги искуствата кои се неразумни и чудни.
Вие, кои сте Будали, одете, ако сакате да стигнете.

Победете го Разумот со Разум, Тишина со тишина.
Влезете во Светиот Храм на Будалата – и Обожувајте!
Поделете го неделивото, соединете се што не е, со се што е,
Вода со Оган, Земја со Воздух.

Бидете неразумни, за да го сфатите разумот.
Бидете барем за еден чекор поблиску до Круната,
како што е дворскиот шут и неговата смеа.
Бидете, Што ви е Волја. Само бидете.

Бидете како бесцелен ветер кој ја обиколува земјата.
Бидете секогаш,
бидејќи Храмот на Будалата,
Е Земјата на Небесата.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
10.310
Поени од реакции
16.548

...лична поезија?
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
453
Поени од реакции
1.779
Чудни луѓе

Можеби чудните луѓе со мисли како рѓави шајки
знаат да раскажуваат реални бајки
Можеби оние другите со непроменлив такт во ушите
знаат за еден друг свет,за едно поинакво будење

Можеби ѕвездите им се пријатели
па им даваат чудни мудрости
Да имаат за секоја тага објаснување
за секое умирање,едно ново раѓање

Чудни оти знаеле да бидат блудни
да бидат богат оброк за души гладни
Или како планински извор,свеж и чист
секојпат различен,никојпат ист...по вкус

Нема збогум,не постои довидување
мигот се губи во заборавот
Како никогаш да не сме биле...сите ние
во албумот со слики од едно незаборавно патување
 
Kajgana Shop

На врв Bottom