Ваша поезија!

Дискусија во форумот 'Уметност, литература, јазик' започната од Мистичен, 20 февруари 2005.

  1. bijons

    bijons

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    2.682
    Допаѓања:
    2.733
    [​IMG]

    РИНГИШПИЛ

    Секогаш што е слатко и симпатично, кратко трае,
    највероватно тоа е дражта на кружната брзина,
    дали тоа ме фаќа вртоглавица од љубовта твоја !

    Секогаш кога губам правец, убави работи ми се случуваат,
    највероватно тоа е дражта на дезориентираноста,
    дали тоа ме вртиш околу оската твоја!

    Секогаш забранетото посакувам да се случи,
    највероватно тоа е убавината на спротиставеноста,
    дали тоа ме гураш напред со дланката твоја !

    Секогаш кога ќе ги стиснам забите,
    највероватно тогаш добивам храброст,
    дали тоа е поради силината твоја!

    Тогаш се прашувам, зошто не го поднесувам рингишпилот ?
     
    На shutrak му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Black Hok

    Black Hok CRUISE

    Член од:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2.322
    Допаѓања:
    1.181
    Tvoje oci su kao farovi od fice
    ti si moje omileno bice
     
  3. bijons

    bijons

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    2.682
    Допаѓања:
    2.733
    [​IMG]

    Јас, таа друга половина !

    Дали просторот или времето е криво?
    ме чекаше, а знаеше дека нема да дојдам,
    те чекав, ама знаев дека нема да те има,
    безвременски простор празно царува,
    конечно никој никого не чека.

    Секој ден си со мене, а не те гледам,
    секој ден сум со тебе, а ме немаш,
    ја лизнувам сувата усна влажна е,
    поднослива болка на бедрата мои,
    ух, на папокот пеперутки рој.

    Ги затворам очите за да те видам,
    не зборуваш за да те слушнам,
    мене топлина ме зашеметува,
    претесно тебе ти станува,
    среде бел ден звезда од небо засветува.

    Се случи наеднаш бучна тишина,
    чувствувам како далечината не зближува,
    не признавам дека блискоста не одалечува,
    вети ѕвезда ќе ми симнеш,
    а добив само бесконечен топол кревет !!!
     
  4. Waoo

    Waoo

    Член од:
    16 јануари 2014
    Мислења:
    1.927
    Допаѓања:
    1.352
    @Beric Dondarrion го знае одговорот, ама не ти го кажувал, педер е.
     
  5. bijons

    bijons

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    2.682
    Допаѓања:
    2.733
    ... и потоа следи логичното прашање, од каде ти знаеш дека е? :)
     
  6. a_lo29

    a_lo29

    Член од:
    3 јуни 2018
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    1
    Сами

    Сами лица, сами денови
    список полн со гревови,
    права лика без прилика
    нејасна слика и мимика.

    Луѓе болни од каменост
    шират секаде осаменост,
    мрачат во срце и душа
    и сами се дават за гуша.

    Човеку мој, не се мачи
    сите сме свои помагачи,
    знаеш ли, малку е век
    за да бидеш нечовек.

    Големи сме во огледало
    а уште се учиме на педало
    јас сум само една трошка
    и затоа молам за прошка.

    А.Л.
    --- Споено дупло мислење, 3 јуни 2018 ---
    Во оваа ноќ

    Во оваа ноќ странци сме
    назада дома не се вративме,
    се гледаат во очи сварени
    нашите карти неспарени.

    Зборови и ветување златно
    идеален пар само на платно,
    мисли твои само за интриги
    со тебе заедно собери си ги.

    Во оваа ноќ ѕвезда крвава
    капе постепено во првава,
    во чаша што дава убав сјај
    па не се запира и нема крај.

    Се слушаме и сеуште јасно
    во расположение гнасно,
    запрени меѓу сите ѕвезди
    од месечината, која езди.

    А.Л.
     
    Последно уредено: 3 јуни 2018
    На Govinda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bijons

    bijons

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    2.682
    Допаѓања:
    2.733
    [​IMG]

    ЗАПАЛКА

    Сакам да сум малечок, но не како зрно песок
    сакам да сум разголен, но не да ме гледаш ти?
    сакам да лежам опуштен, но не како гусар на лежалка,
    сакам да држам цигарата, но да ја пушам ли?
    сакам… да многу сакам…

    Сакам да мижам, а пред мене да си цела ти,
    сакам да осетам, а под моето стапало твое меше би?
    сакам да заспијам, а под моја рака цице како перница сви,
    сакам да сонувам, а под мене топла постела да ми си ти?
    сакам … да многу сакам…

    Сакам лето и сино небо, а сонце да ми бидеш ти,
    сакам море и школка, а ти бисер неоткриен би?
    сакам ден да е ноќ, а еден минут да е час,
    сакам иднина во сегашност, а ти вечност сакаш ли?

    Сакам … кај ли само ја оставив запалката !
     
    На a_lo29 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. a_lo29

    a_lo29

    Член од:
    3 јуни 2018
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    1
    Како да стигнеш

    Мали грижи, време тешко
    луѓе ладни, надвор жешко,
    лисја, пупки без боја празни
    чевли стари со ѓонови мазни.

    Како да стигнеш
    а поглед да преминеш?

    Се ситат на твоите мани
    мижат на најдобрите страни,
    а ти вети, дека ќе лажеш,
    дека немаш што да кажеш.

    Овенати во погледи тесни
    не гледај, тоа ќе те збесни,
    само зафати се со себе
    тие немаат право на тебе.

    Како да стигнеш
    до небо да вивнеш?

    Како да стигнеш
    ко риба да пливнеш?

    Минливо е сѐ што е лага
    тие се бедни, тие се тага,
    немаш ти никаква вина
    тоа си ти, ти си вистина.

    Како да стигнеш
    прашина да дигнеш?

    Како да стигнеш
    вода да пивнеш?

    Како да стигнеш
    дома да заминеш?

    А.Л.
     
  9. bijons

    bijons

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    2.682
    Допаѓања:
    2.733
    [​IMG]

    ТЕ МОЛАМ НЕМОЈ !

    Те молам немој,
    остави ми ја долината така сушна,
    не ми ги носи тие црни облаци,
    да грми и поројни дождови да лијат.

    Те молам немоj,
    остави ја крошната нека се извиши
    не ми ги сечи гранките,
    коренот е предлабок да ме искорнеш.

    Те молам немој,
    остави го телесниот допир,
    ќути не ми зборувај,
    ако замижам твоја сум.

    Те молам немој,
    остави солза во бисер да се претвори,
    тргни ја твојата светлина,
    во мојата темница ќе го видиш сјајот !

    [​IMG]
     
    На a_lo29 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bijons

    bijons

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    2.682
    Допаѓања:
    2.733
    [​IMG]


    Прекрасниот Тој

    Пре
    рано е за да биде ден,
    прекратко се знаеме за да биде вистина,
    преамбициозно ме посакуваш,
    претивок е твојот глас.

    Претопло e за да се наежам,
    пресветло e за да бидеш моја сенка,
    предебел е мојот глас,
    превлажно е моето тело.

    Предалеку е сонцето,
    преблиску се твоите раце,
    префорсирано дишам,
    преболно е да си речеме збогум.

    Пребрзо кажани зборови,
    предлабоки се чувствата,
    пре, пре, зарем само пре ?
    прекрасно e човек да те познава!
     
  11. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    23.080
    Допаѓања:
    27.514
    На Waoo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bijons

    bijons

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    2.682
    Допаѓања:
    2.733
    [​IMG]

    Татичко и синот

    Татичко, ние не сме сами,
    види длвото се искливи да ни плави сенка,
    молето има бланови, ама плекласно сино е,
    немој татичко да тагуваш, јас сум со тебе,
    заедно ќе чекаме,
    златното липче сигулно ќе дојде,
    тлите желби мои тебе ќе ти ги дадам,
    најголема желба твоја да ти се оствали,
    твоја една единствена,
    Нова љубов !
     
  13. bijons

    bijons

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    2.682
    Допаѓања:
    2.733
    [​IMG]

    Доверба


    Што би било тоа?
    допир од галено најгаленото,
    допир од нежно најнежното,
    допир од топло најтоплото.

    Како би било тоа?
    чувство на припадност,
    чувство на сигурност,
    чувство на бескрајност.

    Кое прашање би било тоа?
    одговор на присутност,
    одговор на чуствителност,
    одговор на трпеливост.

    Што би било тоа?
    зарем ништо од тоа?
    ја отворив дланката,
    ги затворив очите се замислив.

    Тоа би било навика,
    тоа би било блискост,
    Да, тоа би било љубов!
    ги отворив очите и тогаш се сетив ,

    тоа е ДОВЕРБА !
     
    Последно уредено: 8 јули 2018
    На Govinda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bijons

    bijons

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    2.682
    Допаѓања:
    2.733
    [​IMG]

    Мачето мое !

    Мугри,
    мирно место.
    малини ми мирисаат,
    мисла ми минува!

    Маѓепсана,
    мислиш ме мачиш,
    можно,
    море мелодии!

    Маченце мое ме мазиш,
    мисла менувам,
    мрак,
    мразам меланхолични моменти!

    Моќна муза ме мислиш,
    можеби,
    моќен маж,
    мрежа ми мести!

    Маскембал, маска можеби,
    мислев, ме милуваш,
    мускетару мој,
    мило мое маченце!

    ( п.с. посветено на зборови со буквата М)

    [​IMG]
     
  15. Joshua_Tree

    Joshua_Tree Samo na minuvanje...

    Член од:
    21 март 2010
    Мислења:
    129
    Допаѓања:
    56
    Sekvenca #2

    Ne daj mi da budem sam
    brzo zaboravim da sam sebi potreban
    Pitam se samo,koliko sam dugo bio tamo
    ...povratak ili nastavak?
     

Сподели преку: