Можеби е само лош сон
Незнам ни самиот проклет да сум
Како дојдовме на ова место
Незнам ни дали не донесоа тие
Кои еве сега се наши учители така ревни
Ревни и со ревноста еден со друг се натпреваруваат
Не донесоа во ова место
Не има многу илјадници сме сите
Многу многу
Сите имаме нешто изгледа заедничко стом сме збрани
Ете на ова проклето место
Проклет да сум или можеби сум
Не донесоа зошто сме можеби Македонци
Не донесоа или не донесе љубовта кон родилката
Ете сега само седиме и само слушаме
Проклето во секој миг
Зборовите им се клешти големи
Болни за тие што ги разбираат
Проклето со секој збор знаеме дека не донесоа
Ете знаеме
Коренот сакаат од нас да го искорнат
Ни жилче да не остават
Се плашат ги гледам
Во очите им се свил стравот и сал погледот го вртат
Но зборуваат постојано
Им кажал некој или го прочитале
Во книгите стари што ги украле од деда прадеда
Каде дедо запишал дека сме народ пиреј
Не корнат растеме
Еден ќе искорнат двајца ќе се родат
Запишал дека има и какуљ многу во тревата
Честопати како пиреј личи
Та затоа не се препознава
Ги нашле овие книги и ги сокриле ги украле
Од таму знам е стравот нивни
Громогласно викаат тие
Вие во заблуда своја со векови живеете
Вие и не знајте кој сте и од каде сте
Вие сте тоа што ви го кажуваме никој и ништо
Незнаеме кој ве излажал дека сте Македонци
Викаа тие деноноќно
Крвта со секој нивни збор ни зоврива
Снага немаме премалени сме од ортомиве на рацете
Ни ги стави какуљот наш
Со насмевка на лицето беа тогаш
Еве и сега со насмевка се и се шепурат како пауни
Во лице не гледаат и сал гнасотии од устите им излегува
Ги познаваме многумина
Дури и на некој им веруваме многу
Кога со слас за љубовта своја Македонска зборуваа
Проклето време ли какво дојде
Од своите да се пазиш подобро било
За туѓинците знаеш дека не доаѓаат зошто се вљубени во нас
Проклетија проклета наша
Некои од зборовите потклекнаа и поверуваа
Сега слушаме дека овие се поревносни во кажувањето
Проклето време со проклети луѓе
Зданијата беа сиви безлични исто како и деновите што ги минеме,зедовме кога тргнавме само по едно парче земја и на градите го ставивме како амајлија да ни биди, знаевме и тогаш дека и најмалото парче земја Македонска е толку моќно,дека премногу топлина во себе има и толку топлина дава,дека во тоа мало парче земја многу љубов се збрало,, не откорнаа од праговите со измама,дојдоа прво тие што во семето свое какуљ имаат дојдоа со дарови кој не прелагаа,ги земаа многумина и подоцна се покаа,кога не можеа многумина да даруваат,тогаш започнаа од праговте да не откорнуваат.
Кога видоа дека зборовите нивно ветерот ги носи
Во реката се дават
Тие нови гадости смислија
А какуљот ги правеше со смеа исполнет
Веќе ударите не ги чуствувавме само на парчето земја мислевме
Ни висише на на вратот
Кај некои ссе срасна со место та едно беа
А по камен маваш а по човек исто тие
Трпеше земјата трпеше човекот
Какуљот ја газеше
Какуљот ја поганеше
Не ги слушавме не ги гледавме
Сал за парчето со мислите ќе се припивме
И не носеше назад
По планините не шеташе вода изворска ни даваше
Крвта од телото ни ја миеше
Времето врвеше
Исто беше проклетија ова
Проклет да сум или можеби сум
Во проклетијата сум
Денес е исто како вчера
Само до кога
Кога стварно земјата и човекот ќе станат едно
Ќе станат и повторно ќе остане тука некој кој
Кој знаеме дека ќе се вика Македонец
Семе оставивме
Семе растуривме насекаде
По црната земја
Семе да рти и утре повторно да расте
А зошто ли сето ова го рааскажав,кога знам дека многумина и нема да поверуваат во овие зборови,а и не треба да поверуваат,зошто е само една обична песна ли,или било што,проклет да сум и јас незнам како да ја наречам,а и незнам дали ова е настан што некогаш се случил,или е настан што се случува, или е настан што ќе се случи,проклет да сум но сега не можам и јас да сватам за каков настан се работи.
06,07.2008 год 16.00
Никодин Чернодримски