- Член од
- 29 мај 2008
- Мислења
- 118
- Поени од реакции
- 7
Скитници вечни
Квечерината беше таа
Која го посла својот сив тепих на земјата
Ги исплаши за миг скитниците
Исплашени го бараа својот привремен дом
Го немаше никаде во сивилово
А и го немаа
Само ете секојдневно го бараа
Скитаа од место на место
Животот им го подари светот
Но и тој не беше нивни
Секаде беа недобредојдени
Навредувани
Омаловажени
Та никој не ги гледаше како битија
Кој со мракот заштитникот нивни
По некоја солза во негој агол стуткани
Ќе ја проронат којзнае за што
Не и даваа на земјата да падне
Спремно и вешто во рапавите раце ја дочекуваа
На длнките и во сонот ја носеа
Амајлија ноќна им беше таа
Ги чуваше и кошмарите им ги бркаше
Наутро
Сонцето љубоморно од рацете ќе им ја украдеше
Го мразеа од дното на душата
Не го сакаа
Не се радуваа на неговите зраци
Непријател нивни беше
Го проколнуваа исто како и животот
Бегаа
Бегаа на друго место
Мислеќи дека ете тука не грее сонце
Се така
Секојдневно
Скитаа и од сонцето бегаа
Во мракот се криеа
05.07.2008 11.00 час
Никодин Чернодримски
Квечерината беше таа
Која го посла својот сив тепих на земјата
Ги исплаши за миг скитниците
Исплашени го бараа својот привремен дом
Го немаше никаде во сивилово
А и го немаа
Само ете секојдневно го бараа
Скитаа од место на место
Животот им го подари светот
Но и тој не беше нивни
Секаде беа недобредојдени
Навредувани
Омаловажени
Та никој не ги гледаше како битија
Кој со мракот заштитникот нивни
По некоја солза во негој агол стуткани
Ќе ја проронат којзнае за што
Не и даваа на земјата да падне
Спремно и вешто во рапавите раце ја дочекуваа
На длнките и во сонот ја носеа
Амајлија ноќна им беше таа
Ги чуваше и кошмарите им ги бркаше
Наутро
Сонцето љубоморно од рацете ќе им ја украдеше
Го мразеа од дното на душата
Не го сакаа
Не се радуваа на неговите зраци
Непријател нивни беше
Го проколнуваа исто како и животот
Бегаа
Бегаа на друго место
Мислеќи дека ете тука не грее сонце
Се така
Секојдневно
Скитаа и од сонцето бегаа
Во мракот се криеа
05.07.2008 11.00 час
Никодин Чернодримски