Ваша поезија!

Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
Последна ноќ

изморени и папсани чуства
како облаци темни
се надвиснале над часов иден

а ти моја темјанушке
мирисот твој сеуште на рацеве го носам
и во осамениов миг чедно го вдишувам

на заминување го гледав праменот од твојата коса
ветерот весело си играше со него
го украде како крадец помолен од моите допири

само месечината ми остана верна
ми подари половина ноќ
блескаше заносно како никогаш досега

да посакувам залудно е веќе
часовникот ѕиден покажува дека е утро
та нели е ова последна ноќ

Никодин Чернодримски
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
19
Поени од реакции
3
Есхатон

За оние двајца камени,
На чии бедра плод беше,
Пееш сега, осаменику.
Пееш да им свртиш поглед,
Кон зеленила свои,
И маки древни.

Бршлени вечни ќе храниш,
Од злоба зародени,
Од пепел извајани,
Во чии суви вени разгрнаети,
Отрови жешки течат и печат,
И лијат, се вијат, да убијат.

Под звукот прв на сребрен зрак,
Во векот син од ткаени нишки,
Плач прв се роди, а не смев,
И тронот го обви во сивило,
Да ниедна среќа, ниеден лек,
Не го чисти и мие за век.

Падна оној кој гордо гледаше,
Високиот бог кој пламења кроти,
А ѕвездениот чекан негов, мермерен,
Малкуто го сотре во гнев.
Иако го бакнуваше и лулаше,
Го напушти и пеплоса сега.

Ма ќе гори во огнови црни,
Во светот на казни кој сам го створи.
Рана си отвори сам на себе,
И се проколна со збор кадифен.
Ќе гине и ќе вреска во болки,
Што неговото дете ќе му ги носи.

The Raven
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
19
Поени од реакции
3
Голгота

Не попусто го прелажа избраниот,
Кога си ја увиде грешката, зар не?
Не попусто си го зема назад,
Кога почна да зборува и премногу.
Не попусто го навлече и доведе на Голгота,
Кога твојата волја, своја ја направи.

Не попусто го погази својот збор,
Кога виде дека ни ти не можеше да предвидиш,
Дека е човек и роб на своите пороци.
Светлината постои само во соништата!
Не попусто го распна кога на следбениците свои,
Им го остави хипнотичкиот висок во наследство.

Не попусто го прати и предавникот, го прелажа,
За дваесет парчиња да го осуди синот твој.
Не попусто го плукна својот збор, дури и ти,
Кога виде дека и од тебе има помоќен.
Не попусто Голгота крвари во пламен и вресок.
Си го зема назад слугата кој се прецени.

Но сеуште го сакаат, сеуште го чекаат,
Оној кој ги обедини во невидливо ропство.
Сега само сакам да го видам следниот потег:
Дали ќе имаш храброст и дали ќе можеш,
Да ги земеш и сите останати слепци?
Со крв светот ќе мораш да го поплавиш пак!

Премала е Голгота за сите нив…
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
19
Поени од реакции
3
Бесмртен

Со јазик го кршам жезлото на Јупитер,
Пред зелените очи на сите мои браќа.
Под црни неба ѕвездени, дишам и плачам,
Во крвав завет со јаболков загриз потпишан.

Синот својот татко го зачна тогаш,
Делото својот створител го створи,
Да го сврзе за себе и својот меч златен,
Сј додека хипнозата не се распрсне во чад.

Жезлото златно синот ти го украде,
И со него ги згрбави браќата твои.
Казни го семожнику, прелажан и заспан,
Моќта е во раката, не во копјето од оган!

Човеку, ти кој бог го создаде,
Време е да го промениш името свое!

Бог е мртов,
Да живееш ти!
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
19
Поени од реакции
3
Поплава од оган
На дождот

Премногу врнеш врз оние долу,
Кои црни дишат во водните струи.
Смени си правец на свети капки,

Со зборот против Мајката стани,
Врз огнот легни, нагоре паѓај,
Со ѕвездени жили здружи си вода.

Па згаси го оној кој пустини срони,
Кој гори и пржи врз живот и очи.
Потопи Сонце со солзи и реки.

Смрзни космос со студ и води,
А чад и пареа урни врз земја,
Нек задуши живот, нек олади души.

Обвиј го светот со сивило тешко,
Влажни облаци згусни и свари,
Нек испарат води, нек пепелот смрзне.

И облаци пак со дожд да се урнат,
Нек паднат врз земја повторно сега,
Нек измијат пепел, нек изгаснат оган.

Од калишта црни кои останат слепи,
Живот ќе никне во светлата капка,
Ќе израсне роза, бела ко утро.

Една на светот во темни мугри,
Без сонце суво, спарно ќе расте,
Во смрзнат мрак ќе дише и вреска.
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
19
Поени од реакции
3
Песната на седумте стражари
На Бафомет

Го скрши космосот со издишка,
И правот кој роди го засади пак,
Врз глава на овен со огнено руно.

Со златни ланци го окова и сврза,
Врз жилите светски на ѕвездени води.

Роговите ги скинаа сонцата црни,
Се шират низ белите небесни ребра.
Јазик од камена жила му спои.

И очите - зелени езера темни,
Во кои пеат и треперат две црни нимфи.

На плеќите древни се распростре шума,
Стара и длабока ко мислите сиви.
Во шумата заигра дете на ѕвезда.

На сребрени платна од месечеви солзи,
Налегна, здивна и умре со песна.

Кај течат реки крвави во пламен,
На срце од рубин во месо од карпа,
Се разлиста ружа црна ко гавран.

И запеа тивко со кадифен глас,
Запеа и заспа да продре во душа.

Корењата и потекоа длабоко и жешко,
Со милји и милји навнатре во камен.
По седум дена ја допреа Некрополата.
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
19
Поени од реакции
3
Чума на слепило

На една капија, шесто цветови,
И шеесет уште, па шест врз нив.
На една црна капија, една од вистина,
Една од девет кои до огнот водат.

До судот на светлиот, добар и милослив.
До оној кој коле, убива, казнува и навредува,
И до оние илјадници кои во тоа уживаат,
Кои се смеат и радуваат на своите црни маки.

Сј е наопаку, сј е иронично и сј е зло.
Болест на умот, ѕверство на душата.
Нова чума на слепило по светот се топи.
Сите се луди, сите се болни!

Но кога сите се луди,
Никој не е...
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
19
Поени од реакции
3
Зелен свет

Се породи божицата во длабока шума.
Новороденчето блесна на светлината.
Блесна на огнот од двете сонца кои гореа над сводот.

Со вресок се породи и скина жили,
А детето чисто како сребрена роса,
Здивна за прв пат под ова пурпурно небо.

Светлите гради му блескаа само миг.
Како издивна високородната,
Така детето падна, удолу во бездната.

Се потопи во зелената кал во која сите живееа.
Се давеше отпрвин, се гушеше од неразбирање,
Но вдиша еднаш, двапати, трипати...

Ги отвори очите и заплива.
Заплива брзо и вешто по водените жили.
Сега беа едно, тој и густото зеленило наоколу.

Калта му навлезе во очите, ушите и устата,
Му ги натопи нозете и се скорави кај рацете,
Го движеше, заробен го држеше во живот.

Во исти пулсеви го тераше да плива,
Со исти замави на рацете, повторно и повторно.
Му навлезе и во умот и душата.

Сега беа едно, заедно и споено, неразделиво,
Како и сите милиони кои пливаа и растеа покрај него,
Кои дишеа и живееа со истите пулсеви.

Како зборуваше, како гледаше, како мавташе,
Со секое движење калта истекуваше.
Лееше од очите, ушите, устата... течеше.

Секој негов поглед, звук, збор и движење,
Сите беа едно, сите беа исти со туѓите,
Сите беа душата и мислите на зелената кал.

Нивната божествена крв се исуши во вените одамна.
Тие беа само калта, беа нејзини деца, нејзини робови.
Каква одвратна, непростлива и бескорисна загуба беа...
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
19
Поени од реакции
3
Црна тврдина

На врвот од ридот кој шепоти,
Облеана во сеновити, сребрени трнови,
Под светлото на кристалната месечина.

Во магла од лудилото на срцето,
Лежи, од пурпурно трње маѓепсана,
Тврдина од црн дијамант.

Чувар на тајни премрачни да се опеат,
Прецрни смртна уста да ги искаже,
Преотворени за пламените од минатото.

Шепотат низ прозорските отвори,
Пеат приспивник на разумот,
Нимфи на ноќта со гавран-црни коси.

Како ја милуваат душата во мене,
Како ја галат болката во мене,
И пеат со отровни лирики.

На бестрашното лице на светот,
Ги колнат боговите нагоре,
Ја валкаат светлоста што живот им даде.

Ползејќи во пеплите на полињата,
Во градини на замокот со ноќни рози полни,
Црните лифчиња се тресат од вресоци.

Нивните слепи очи само едно гледаат,
Проклетството на нивните дела, тагата,
На жртвените рани што зјаат.

Секоја нота на темните сирени,
Секој глас на удирачката мелодија,
Ги кине солзите од моите очи.

Зашто секој знае што сторил,
Каква Муза на овие поеми бил,
Каква бескрајна инспирација на злото е.

Во замоковите храмови на гревот,
Ѕидови од вресоци ја обвиваат црната тврдина,
Бисери на темнина во водите на олтарот течат.

Фуриите сеуште горат со ноти,
На харфите од црн желкин оклоп,
Во тунелите на смртни срца.

Каков хор на болка сите создаваме,
Какво кралство од црни градови,
Тврдините ќе се зберат и створат.

Кулите на секој жив човек,
Кулите на ридовите шепотливи,
Во срца заробени од пурпурно трње.

Каква нежна симфонија од стравови,
Каква мелодија од гнев ќе создадеме,
Какви поети гревовите можат да бидат.
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
19
Поени од реакции
3
Свет на Човекот

Делфи ја исплука златната жила на среќата.
Ситна но долга, свилена, остра и прекрасна.
Коските ги скрши свои избраната во бела магла,
Пред грчот на вистината кој Светлиот го прати.

Виде свет на силно ехо зад космичко огледало,
Поставен во лице на ѕвезда од зелено и сино.
Близнаци на сите шуми и реки, планини и ветрови,
Во очите и заискрија, згрмеа и заживееа.

Но браќата наши беа поинакви од светот.
Одразот им ги просветлил јазиците и умовите,
Зашто ниеден повик Питија не виде, ниеден збор.
Никој на светот име немаше свое, еден свој вик.

Секој секого го нарекуваше исто.
Секој секому беше брат по име светло.
Ниеден повик туѓ, ниедна невистина.
Секој со името Човек просветлен беше.

Илјада живи мажи и илјада живи жени,
Сите илјада Човек беа, сите илјада браќа по име.
Колку светол тој одраз, колку силен беше.
Колку поубав, колку посреќен и посовршен.

И Аполон беше темен сега, и тој засенчен беше.
Во Светот на Човекот немаше крв вон телото...
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
19
Поени од реакции
3
Пехароносците

Додека неговите останати, шест браќа
Ги бакнуваа своите пехари по патот,
Тој чекореше сам под свеќите.

Со поглед ги палеше книгите пред себе
И пепелот го ставаше во својот пехар,
Па со мешање го претвараше во вино.

Ни тој не знаеше зошто,
Но не сакаше празен да го однесе по патот,
Долу, длабоко во Некрополата.

Никој не знаеше зошто сето тоа;
Сувата земја ќе го прими и чува секого.
Во неа сите се исти парчиња метал.

Некрополата никогаш не била жедна...
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Мил мој​
Заврати ги ракавите кога јадеш​
Ќе ти се измрси кошулата​
И те молам​
Не фрлај ги чорапите в ќош​
Кога ќе се вратиш од работа.​
Мил мој​
Намали го телевизорот​
Не можам да си го дочитам таблоидов​
И те молам​
Немој да ставаш пиво во фрижидерот​
Не ми ја собира тортата.​
Мил мој, каде ми е пеглата?​
Зарем не требаше да купиш чоколада за децата?​
(лаже, ја сака за себе си)​
Кој ги оставил трошките на масава?​
Ех..​
И јас ќе бидам ваква.
[FONT=&quot]
[/FONT]
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
[FONT=&quot]Одземена [FONT=&quot]душа[/FONT][/FONT]

Некогаш,,
една насмевка, една прегратка
Сега,,
Лажна насмевка, празна прегратка,
раце широко отворени,,
но никого да обвијат.
Некогаш,,
зборови,,
нишка исплетена со искреност и чистина
Нишка- неуништлива...некогаш
Сега,,
зборови,
само прашина во воздухот
Го матат видот,,
очите не можат да ја видат вистината
Прашината гребе...
Црвенило и насолзени очи,
Подадено шамивче, ги залажува солзите
Шамивчепоткинато на врвовите,
со вез на лажна љубов,
времето ја маскирало во навика,
смрттна потреба, влева страв...
... дали би ризикувал...?
Остави го-ќе фати прашина,
Ќе избледи, времето ќе го уништи
А времето, не се враќа...
Некогаш,,
чувствуваш за да живееш
Сега,,
живееш за да почувствуваш
Некогаш,,
душа исполнета
Ризница на љубов, среќа, чистота, искреност
Сега,,
душа одземена,
како балон од мало детеодвеан од ветрот
Натажено лице
Разочаран поглед,
Испружени раце кон далечините,кон хоризонтот
Дланките молат за уште еден допир,
Надежта е живот
Во овој миг,
надежта е сон за недостижното
Да, на сон ќе се врати...
Затвори ги очите,
вдиши го мирисот,
замисли желба,
надевај се
Сонувај,
сонот не може да те повреди
Не се буди,
Исклучи се од реалноста,
препушти се...
Вчера е минато,
утре е мистерија,
денес е надеж...






 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Со врвот на прстите
Доспеа до најтемните ќелии.
Чуварот ми шепоти…
Мирисале на рузмарин…
И целиот тој блуз заробен внатре…
Додека бледиве стапала
Се љубат со парчињата скршено стакло
На полето со бели маргаритки
Насликано од бивш шизофреничар,
Капките тиркизен дожд
Молат за гостопримство
Во неговите пори.
На црното тло
Остави му бел лист хартија
За да го потпише како таков.
До него,стави и искубено перо…
За да го потсеќа на крилјата
Што ги заложи
Во замена за вечна младост.
Сега,плачи
Мој мил сопатнику
Што никогаш не беше.
Сега пеј за урнатините
Мој мил бездомнику
Што никогаш не беше.
Сега дави се во своето јас
Мој мил се`
Што никогаш не беше.
Покриј го минатото
Кога сегашноста врти
Кривина надесно
Иднината ионака навидум
Има рок на траење…
До тогаш,
Нека громови
Уништат окови,
Нека солзи
Заслепат тажалки
Да се смеат со плач.
Да плачат за смеа.
Додека времето тече…

 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Sat down and watch’d you lie
Among the red fireflies, their lazy flights
Took off the leafs
But didn’t sink
Pagan mistress hear me now
For it’s a power I chose
To make your river sweet
Wish, whisper, melting core
Love me little butterfly like it’s meant for your Gods
Our freedom is the freedom of Gaia, you pray
Our nights - nothing more but lunar rituals, you say
Forever wild
Forever child
They’ve cut your hair but yet
You always know it all


Ascendant dawn, reveals such a prying pain
Reveals such a blasting shame
My face is seen but I weep
Because truth It is, they say
The only forest in which you could be found
Is right here,
In my Mind.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom