Ваша поезија!

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
П

П е порта
под која
ако поминам
ќе ме поклопи
пресилен притисок.
Пак ќе пробам
да пребројам
што посакав.
Проверено
продерено
продадено
пресметано
Предадено
послушно
примитивно
последно.
Престани!
И...
Помини.
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Среќа!

Кој би помислил дека животот може да биде олку убав ако правилно се живее!?Да се живее со вистинската личност покрај себе...и за промена, да се пишува со насмевка на лицето и сјај во очите , да се пишува за среќа и љубов , а не болка и тага.
Сето тоа заради едно мало делче од голем мозаик кое што ја промени сета претстава за она што порано се гледало на тој мозаик.Мало делче кое всушност е најзначајно и без кое се друго е само темна слика нацртана од обичен човек... делче кое ги поврзува сите делови од сложувалката и ја претвора во прекрасна слика на врвен уметник.
Таа слика е всушност мојот живот.
Парчето кое недостигало си ти...ти , којшто му даде смисла на моето постоење.Ти си личноста која го направи мојот живот толку среќен и вреден за живеење, ги исполна моите соништа и ми ја покажа правата смисла на зборот “совршенство“.
Не би посакала ништо друго , зошто најсреќен е оној кој сака и истовремено е сакан.Се друго е само илузија за среќа.
Не знам каков план има небото за нас , но тоа воопшто не ми е важно .Зошто сум сигурна дека ќе те сакам засекогаш и ќе бидам со тебе додека сум на овој свет.
Среќна сум и му благодарам на Господ за ова мало поклонче кое ми го смени животот.
И можам да ветам дека додека дишам и додека чука ова срце во мене , јас ќе те сакам само тебе и ќе бидам само твоја , без разлика на се.​
 
Член од
28 март 2011
Мислења
20
Поени од реакции
6
[FONT=&quot]За вистината

Таму во темнината во нејзиниот привиден мир
во безсвесноста,
во хаосот и немирот
низ ходниците на умот
низ портите на лудоста
во одаите на сонот[/FONT][FONT=&quot]
[/FONT][FONT=&quot]во ковчег од правила и норми
прекриена со златни лаги,
во безконечноста,
во мало камче, јатка, семе, атом е вистината
енергија сконцентрирана најсилна.
Пулсира, потсветнува
претешка да ја понесеш на плеќи
премала да ја видеш
ја чувствуваш и ја забораваш
ги полниш џебовите со лаги и заминуваш.[/FONT]
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
Кој е тој што не спие навечер?
Кој е тој што се плаши да биде и буден?
Кој е тој што се плаши да живее
во сопствената кожа?

Зад оваа врата надвор
постојат милиони светови,
сите ограничени, студени и строги,
внатре, зад реалноста - еден мој,
меѓу четири ѕида, неограничен
бесен и луд.

Не можам да заминам подалеку
од оваа соба; ги заклучив сите врати.
Не можам да се соочам со себеси
самата себеси се изневерив.
Не можам да се гледам во очите,
ги искршив сите огледала.

Тие две очи,
два прецизно нацртани круга,
како со шестар - совршени,
мојот најголем непријател...
и во темнината ми светкаатч
Јас сум демон за себеси.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Сите песни што ќе ги постирам се мои. Бидете нежни, ако не ви се допаѓаат :) И онака само на блог, и сега тука ги објавувам :) :) :) Во секој случај очекувам критики .. :)

* * * * *

Имам болка песна да никне.
Во мрачен доцен час.
Низ черепов мисла - стих да кликне
и да им кажам сал збор или два за нас.

Како твојот поглед ми беше најмил взор
и к`о молња трепет, миг што свети;
каква тага - радост за крвожеден створ!
А срцево клето никако да вети:

,,Ќе молчам јас, силно и јадно,
за желба копнеж во мене што тлее;
дур` светлост светот го врти,
дур` сонцево неуморно плешки грее.

Сал поетско срце сум створено јас
и заклетва дадов на Божји суд:
за навек да склопувам песна милозвучна,
да гали душа во осаменички час, мачен и луд!

Такво сум јас, и напуштено, и намачено сето,
а сепак мора да кажам строфа или две;
и голо и босо да акам по светот,
да плачам - а сепак со невиност на дете.

Да не осудувам и таги да кројам,
неправди да влечам врз сопствена снага;
само така и мисла стих ќе дадам,
макар и да е - само обична лага.“

А што да сторам, јас ваква,
што срцево сега од среќа ми блика?
Можам ли да го судам, виновно ли е тоа,
што најде мил взор, радосна слика?

Не знае, проклето да е,
каква мака ми донесе в гости;
сакам на листов песна да сјае!
Сега ќе тагувам... срце жално... ако можеш... прости!




****************

Долга ноќ, трептат ѕвезди,
нема сон, само мисла;
тивко ветре низ нови лисја,
пролет нова, желба иста...

Датумот е тој, година друга,
погледите се тие, а сепак нови,
ист е мирисот на новово лето,
исто Месечко низ облаците броди...

Кутро дете, осамено и клето,
во потрага по едни очи;
со невиност што само дете ја има
и кревкост на срна во ладни ноќи.

Солза блесна! Виновна е таа,
што на детски образ тага роси;
се што еднаш среќа донесе...
сега врагот нека го носи.[/B]




Каде си?

Каде си?
Те испратив во далечината
со чевли од есенско лисје
и шешир од навезани сништа.
Посакав да ја одгатнеш иднината
и да ја дознаеш вистината
но - да се вратиш со насмевка иста.

Каде си?
Те чекам со куфер од бајки
натрупани како свеж сноб сено.
Те чекам долго, те чекам знаејќи,
дека мирно спие твоето око зелено...

Но каде си?
Новово руво од есенско лисје гние,
а градината на вечниот живот веќе вене...
Ме плаши студот низ коскиве што се крие...
Те пратив иднината да ми ја донесеше мене,
а не - за неврат иднината да те земе!

Каде си?!
Очајничко прашање без цел - јас знам.

Ако песнава стигне до очите твои
прати ми абер по првата воздишка,
но не враќај се под овие ѕвезди ти силум;
ако окото твое под туѓо небо крои сништа
зад кулисите на лагата
јас за вечност ќе заспијам кришум...


Ова е мојата омилена....

Ако заминеш...

Вечер, квечерина красна,
поглед ми пие пурпурен залез;
сончевиот живот бесшумно згасна,
а со него умре и душава за навек.

Го гледав додека полека се спушташе,
зад планините далечни, фини...
му го пратив својот најскап дар,
му ги пратив очиве сини...

За со нив жолтилото на Сончевото утро
да може да го гледа кога не можам јас,
да го крие од туѓите очи зли,
се секоја мугра модра да му каже колку ми значи...

Со нив да може да го гушне силно,
кога најосамен над спомени очајно ќе бдее;
а ако спомен не му точи солза од око зелено,
- тогаш и јас за навек слепа нека бидам...

Па зошто ќе ми биде сино око,
око сино - море бескрајно,
ако него го љуби око друго,
ако негово око на друга е ветено?

Зошто ми се да ги гледам сите залези пурпурни,
пурпурни како модринава на срцево смело,
зошто ми се да ги гледам сите сончеви утра жолти,
ако место сонцето мое друга му топли тело?

Зошто ми се очи сини, сини очи - солзи рој,
ако немам што со нив да гледам - да пишам,
кога без него нема што да се пише за животот мој?

И што ќе ми се квечерини пурпурни,
и утра жолти и мугри модри?
Ако заминеш, мое око зелено - реко бескуќницо,
не ќе има кој за смело да живеам да ме бодри!

Па ако заминеш, мое око зелено - зелена туѓинко,
остави и мое око сино заедно со залез злат да згасне...
зошто со секое ново раснење на сонцето жолто,
и болкава што ме мачи бескрајно ќе расне!
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Кога мажот ја наоѓа Неа, на ФБ



...
Ќе ти соѕидам замок
ќе ти наберам лажни рози
ќе те меркам во сите пози.
Ќе бидам вол на твојот Wall
ќе ти допаѓам другарки
ќе вршам виртуелен блуд
ќе свршам на сите фотографии
а ти ќе ме сметаш за луд...
О, прости
јас сум само генијалец
свиткан во домашната фотелја
не ме сфаќај погрешно.
Сум љубел и во живо.
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Себе си и еден ден

Ден без еден здив,
Ден без еден поглед ,
Ден без еден копнеж ,
Една солза и еден допир

Пат во своето минато ,
Зад една слика , зад еден спомен
Зад една карпа , зад еден камен
Зад една река , зад еден вир.

А во оваа бела соба нема ништо ,
Покрај јас самиот себе ,
Покрај јас и самиот тебе ,
А во оваа бела соба сум јас ,
И другиот мене .
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Вкусови

Ние во тегли
ко шеќер и сол.
Ти си ситен
и битен.
Многубитен, како информација на екран.
Јас крупна
и без рима
Многуримна, како стихотворба во бран.

Што ако, сакам
да најдам вода
на животот.
Ќе градиме среќа
или бол?

О, реши се пријателе што ме храниш.
Дали си ми шеќер на рана
или на душава сол...
 

The Wolf

I solve problems.
Член од
25 август 2010
Мислења
88
Поени од реакции
65
You used to smile just because
The morning had uncovered a startlingly simple joy
Like the first customer following the first ray of sunlight
Good day, top of the morning to you!
You used to smile because it came with the job
You sold things, but you gave away sunshine for free.
This morning, doing your inventory, the list turned up an unexpected addition-
Canned grins, frozen snarls, by golly!
Sitting down behind the counter, cans merrily stacked on multicolored shelves,
You calmly contemplated all the faces that would wake up expressionless.
 
С

Сатори

Гостин
You're my years in a jar,
I'm your moment in yesterday,
you're my pet,
I'm your case you can't turn away.
William Blake is dead.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
четворица беа
четворица дојдоа
дојдоа и однесоа
и не остана ништо што можам да проживеам
зедоа се што дише
а незнам дали и самите дишат
не чекав заштита
знам дека чуварите не постојат
а сепак бев сама.
не чекав да биде поинаку
а сепак немав никој.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Кодови



Зошто мачките имаат мустаќи
а и тетките од умреното Жито Лукс
или Славија.
Со намуртен поглед и изгрицкани нокти
со цигла боја лак
и сина кецеља.
Оти скалилата кон Рајот се измачкани
со коњак боја и миризливи сирења.
Зошто девојките секогаш паѓаат на сопките на момците
а овие навечер си го играат опашот мислејќи
на големоцицлестите тетки
од ќошињата
на планетава.
Оти, заборавив што сакав да кажам,
а уште повеќе да напишам.
Инаетот се зголемува со нанервираното лице
на возачот = Живот,
оти порано од касетите си правевме јадици на стап
за ловење риби во тревникот.
Оти миризливите гумички со пчеличката Маја
се губеа
под стапалата од ефтините шангајки
Како да било и не било
Времето, во куфер со тркалца
го пуштам да се извози.
Пред мене...
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Се плашам од самата себеси,
се плашам од моите пориви, надежи, мисли, потсвест
ме плаши иднината,
ме плаши минатото,

Од некаде светлина, од некаде зрак, погледнувам, наслутувам
наслушнувам, намирисувам..
Зима е...
иако на креветот паѓаат снопови сончева светлина,
насетувам топлина,
тоа си ТИ,
го топиш мразот што се наталожил на срцево,

Пред црквата стои бела баба,
пружам рака да и подадам парче леб,
да го наполни стомакот,
да го искупам гревот..

Мислите се како мечови,
ми ја парчосуваат кожава,
но не чувстувам болка,
самоизмачување,
не јас, не повторно, не безцелно

Ќе ги потиснам сопствените пориви,
ќе војувам со времето, со оганот, со срцето, со кожава,
ќе надвладеам над себеси,
убава е желбата преточена во зборови,
убави се зборовите
кога будат невина надеж, пред таа да остари и да се подгрбави,...

--- надополнето ---

Животот е море,
љубовта е море,
животот е љубов

Сонувам будна,
кошмар или блаженство,
сеедно, само да не е инсомниа,
не чувствувам крв низ вениве,

се нурнувам,да го испитувам морското дно,
разнобојни школки, морски коњчиња и
морски алги во кои можеш спонтано да се заплеткаш,
се е поубаво кога немаш потреба да се наголташ солена вода,

пливам, се нурнувам со отворени очи,
задлабочена во убавините морски,
се наголтувам солена вода,
се очите ме печат од солената вода, и огромен наплив на среќа
ми се разлева низ колковите, трпки по телото, мраз на кожата, и оргазам во меѓуножјето.
 
Член од
28 март 2011
Мислења
20
Поени од реакции
6
[FONT=&quot]Убиец[/FONT][FONT=&quot]

[/FONT][FONT=&quot]Пробав да ве закопам со свои раце
во жива кал и песок
и останав без кожа и нокти
изгорен од сонцето
извалкан до коски,
заглавен до гуша
без сила и воздух .
Место да ве уништам
заборавам, вие изртавте од мојата желба
како никогаш досега посилни и подиви
се поевте од секоја капка вино
се храневте со мојот сон.
Спомени, стравови, мечти
некогаш малечки и слатки
сега преголеми и престрашни.
Јас сум вашиот корен,
вашиот убиец и татко
кој моли за светлина
за питка вода
моли за живот.

[/FONT]
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Ерос и носталгија

Поглед во очи или неколку инча подоле.
Допир на коса , бутови и врат со копнеж
Тивки воздишки и долги тишини
Нинтендо џоистици и цвекиња во коса .
Двајца долна облека и еден откопчан градник,
Кауч пред распаѓање пред сувопарен телевизор.
И радиото тивко пееше „Born to be wild"
 

Kajgana Shop

На врв Bottom