Конечно ли? Ах тоа чуство. Неможам да поверувам дека тоа сум јас. Зар го пронајдов тоа вистинско јаве, тој сон што од секгоаш го сонувам. Зар ти си таа од сонот? Дали стварно си ти? Одговори ми! Кога би можел да го види секој ова што јас го гледам, кога би можел да ја почуствува оваа радост секој што јас јас чуствувам. Пробувам да објаснам. Тешки оди тоа објаснување. Зар се објаснува тоа што иди во самиот момент и нема да дојди повторни никогаш во животот? Зарем се објаснува ВИСТИНКАТА ЉУБОВ? Не, не, неможам да го објаснам ова чудо, ова чуство, овој волшебен момент! Неможам да поверувам дека го најдов тоа што го барав цел мој живот, таа среќа што ќе ме осветлува се до мојата смрт. За мене веќе нема ноќ. Ти секоја ноќ ми ја претвораш во ден. Ах, знам која си ти најпосле. Ти си таа што ја барав од секогаш, ти си таа што ме изваде од цело мое црно-темно-ладно дувло. Страшно беше таму, тажно. ОСАМЕН бев таму заедно со моите поезии, заедно со мојата проза. Можеби и не бев сам, солзите секогаш ми правеа друштво пред легнување. НО несакам да зборувам веќе за тоа, се ежам! Мислам дека повторно ќе се вратам таму, затоа те молам, подај ми рака барем ти, извади ме од ова. Благодарам! Конечно еден убав ден напосле, убав беше поминот со тебе, одамна не сум почуствувал ваква некоја љубов, ваква сила, ваква енергија во мене која ги уништи сите негативни мисли и ја развуди желбата за да верувам во љубов, односно во тебе. Ти си ми љубовта! Ти ќе ме лечиш! Уште кога ти ја пуштив раката знаев дека ќе ми недостигаш многу оваа вечер. Посакувам да дојдам таму и да не те пуштам никогаш. Да се заплачам пред тебе од СРЕЌА и да ме бакнеш повторно, нежно, магесно, топло со тие твој чоколадни медени усни, со тие твој рајски усни. Како небото да сум го дофатил кога сум во твоја прегратка закитена со бакнеж. Еве гледај, зарем не гледаш дека е така? Моето срце сака да излези и да дојди кај тебе, да се всели заедно со твоето. Додека те чекав, додека тажев, тоа тажеше заедно со мене. За миг сакав да го испуштам да оди некаде да си ја најди својата среќа,но неможам без него. Му ветив дека ќе најдам некоја како тебе, и која ете напојсле, му ја исполнив жеблата. Многу ми е благодарно! На таа благодарност, дури ми вети дека секогаш ќе те сака. Ме убеди да верувам дека никогаш веќе нема да сум повреден. Незнаев дека има лек, незнаев дека самиот лек си ти. Опериран бев од љубов, заробен во одаите на ОМРАЗАТА. Најпосле се појави ти, и конечно имам нешто во што можам да верувам. Можам да ти бидам благодарен за цел живот што ќе направиш за мене уште пред да поминам долго време со тебе. Е, толку е мојата доверба кон тебе, толку врати во мене љубов, толку врати во мене среќа, храборст, енергија, желба за љубење.
Неможам да заборавам како љубиш, па ти си родена за ова. Како бог да те цртал точно за мене, твоите бакнежи како да ги правел од мед, твоето лице како да е правено од англески крила, твојата коса како да е гривата на еднорог, твоето тело како да е сонцето. Те ОБОЖАВАМ! Те молам никогаш не ме испуштај од раце. Кога најпосле ја најдов мојата среќа, кога најпосле те најдов тебе, умреа тие бедни денови, заборавив на тие груби моменти, заборавив на болките и солзите. Непотребни беа! Но така иде тоа во животот, што ќе ти донесе еден момент неможе да ти донесе ни цел живот. Се ГОРДЕАМ на самиот себе што истрпив да го поминам сето ова, и најпосле да те најдам тебе. Кога ќе помислам само каков бев а какво сум сега. Уфф!! Го мразам тоа чуство, ги мразам тие грди ЕМОЦИИ!
Благодарам што дојде во мојот живот , што ми подаде рака да излезам од таа темна дупка, што ми го покажа патет каде што ќе песачиме заедно. ТЕ САКАМ!!!
_______________________________________________________________________________________
Зарем животот е претставен како променливо време? Како сонце и облаци, како дожд и невреме? Се прашувам дали е ова вистинскиот одговор, дали е ова она што бог ни го дава кога ќе се родиме, да патиме од работи кои ни го загрозуваат нашиот живот. Можеби е само еден тест на кој се обидува преку проблемите, болките и невојлите да ни ја отвори вратата кон тајната на животот. Можеби само така сме заслужиле, како што рекле, тоа што ти е пишано тоа ќе го искусиме. НО јас не се согласувам со тоа. Секако е дека тоа што ни е пишано тоа ќе го искусиме, но сепак мислам дека тоа нешто ние сами го пишуваме, самите си ја градиме иднината, болката, тагата, среќата, сами си ги носиме невојлите во животот иако пред нас е пружен преголем, подобар и успешен избор. Но зошто ние секогаш го избираме полошиот пат? Зошто одиме по место каде што не е изгазено, пустина која ја нема никој поминато со цел да најдиме парче вода за да ја покријаме жеда, без да ни текни дека некаде во таа пустина, под таа ситна жешка песок, постои и жива песок, од која нема излез. Не го кажав ова туку така нема излез за стварно да мислите дека нема излез. Всушност тој излез е личноста со која ја поминуваш таа пустина. Се прашувате зошто вака сега одговорив. Па едноставно е, секој во својот живот барем еднаш ќе ја најди личноста која е поврзана со него. Две души, но едно срце. Таа личност би требало да биди секогаш покрај нас, макар и да падниме во најголемата јама, таа треба да ни подаде рака и да излезиме од таа јама, а не само во некоја обична жива песок во која луѓето тонат полека, полека, но сигурно! И кога ќе ја најдиме личноста во животот која за светот е само една личност, но за нас таа личност е цел свет, секогаш мора да испадни обратното. Да ни се руши сонот за кој сме сонувале цел живот, животен сон! Ретки се личностите кои ја испуштааат таа личност, а знаат дека ја сонувале да ја најдам цел живот. И во тој момент ти се руши се, ти се руши сонот, ти се руши светот, ти се руши се она што сте го изградиле заедно. Ги гледаш како камењата на изградената кула, пајѓаат ли паѓаат, како нашите солзи. Гледаме се до крајот, до последниот темел, а тогаш кога од кулата ќе остани само прашината и неколку разрушени камеша, сваќаме дека неможиме назад и да ги залепиме повторно тие камења. Можеби ќе успееме, но нема да го има истиот изглед како пред тоа. Ќе биди нестабилна, врапче да помини ќе ја сруши. Тогаш доајѓа тешкото, кога ќе знаеш дека треба да живееш во таа кула. Зошто луѓето се толку сурови спрема животот. Секој има право да си суди и гради свој живот, НО не да му го пресудува животот на туѓите личности. Луѓето уживаат да те видат скршен, кога ќе бидеш доле никој нема да ја пропушти шансата да те испуца, и со кеф ќе го уништуваат она што е веќе уништено. Наместо да го сослушаат тој што паднал, наместо да му подадат рака, тие го прават обратното. Запмтете: Само оној што паднал може на другите да им даде пример како да станат. Од кога сето ова го искусив, веќе не верувам во љубов и пријатели. Не чекам веќе да дојде среќата туку така, еве да речиме дека среќата ја замислуваме како пеперутка која во истиот момент слетува на нашата дланка и очекува некое си движење од нас, за да ја предвидиме нејзината иднина. Како што реков, пеперутката ќе биди претставена како среќа, а ние треба да одлучиме дали ќе ја пуштиме да одлета, или можеби ќе ја затвориме раката, и ќе ја згмечиме пеперутката? Одговорот според некои од вас кои немаат појма што е тоа среќа, брзо и лесно ќе одговорат дека би ја пуштиле да одлета, а некои кои животот и среќата му претставува шала, би одговориле дека ќе ја згмечат без да размислат. Одговорите се лесни нели? Но не е тоа вистинскиот одговор што го бара ова прашање. Одговорот лежи во самата психа на човекот. Паметен човек, како вистински одогов на ова ќе го даде следното: “Среќата неможи да биди претставена ни како пеперутка ни како пчела ни како лист од дрво. Едноставно среќата неможе да ви дојди на рака и да одлучите што ќе правиме со неа. Среќата си ја градиме самите ние, што би рекле, “тоа што ќе си надробиш, тоа и ќе си среќаш”. Ние самите личности, со своето јас, и својата психа, ја градиме среќата.” Често ова прашање го поставувам на моите другари, на оние кои веќе не сум го поставил, и се чудам како неможи вакво едноставно прашање да го одговорат со точен одговор, но морам да признаам дека уживам кога ќе ми го дадат точниот одговор. Најголемата слабост на разумот се состои во недовербата на кон силата на разумот. Да се навратам, ако луѓето не знаат да одговорат едно вакво едноставно прашање, тогаш како би се справиле со животот и љубовта понатаму? На почетокот животот и љубовта сите ја сваќаат како игра, се додека не ПОРАСНАТ, и ќе го увидат тоа, дека животот и љубовта во него, не се само една игра. Би се задржал на љубовта. И секако, нема да должам, само сакам да знам зошто луѓето прават грешки во љубовта, со цел да повредат некој, и на крајот некои од нив си ја признаваат грешката, а повеќето од нив, уживаат да ја повредат уште еднаш саканата личност. Дали е тоа целта на една љубов? Се разбира дека не, но ете некои немаат чуства и емоции, па затоа си играат со од останатите личности, кои во спротивно очекуваат вистинска и реална љубов. Ако сакаш да бидеш сакан, сакај! Имај на ум, дека твојот карактер, е твојата судбина.