Ваша поезија!

Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
What am I ?

Што сум јас ?
Ги поминав сите граници,
Ги скршив сите правила,
Ги избришав сите сеќавања,
Ги искинав сите слики.
Си избегав од сопствената кожа.

две црни очи гледаат низ мене,
Тие две мали црни кругчина,
Толку пефектно оформени,
Како со шестар.
Прво ме меркаат,
па ме проценуваат,
па ми ја соблекуваат душата,
го осветлуваат секој мрачен агол од мене,

Јас сум ништо
ме гледаат проѕирно,
како воздух,
Повеќе ништо не гледаат во мене,
Бидејќи видоа се!!

Тие две мали црни точки,
Толку пефектно оформени,
Толку мали а во себе носат години живот,
километри патишта.
Ми ја соблекуваат душата!

Жената може да биде светица и курва,
Жената може да се сака и да се мрази,
Жената може да знае се или ништо да не знае.

Што сум јас?
се гледам во огледалото...
со часови, со денови...


Што сум јас?
пред најголемиот предизвик:
очи во очи со самата себеси.

Јас сум ништо пред мене...!!!
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
(Не)случајност

Сонував
како ми ја бакнуваш тетоважата
И се разбудив
со ужасни болки во грбот.

Појдов до продавница
да купам леб и малку магија
продавачката зачудено
ме загледува.
(Си велам, рогови немам?)
Во одразот на стаклото
кај што виреат компири и смрзнати насмевки
загледав.
Вчера си ми дал крилја...
И јас ти избегав.
Во реалноста.

Прости ми.
Прости.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Времето те проголта
Сега ни дрогата не те враќа во мојата глава
Тоа е тажно...

Се снегот се заљубивме
Со дождот се отуѓивме

Со очи се убивме
Со уста се отрувме

Со сите пеевме
Но сами плачевме

А некој на станица уште го чека пропуштениот воз.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Скопје, љубовнику мој





Те газам
со црвени чевли
те плукам со
полно грло настинка.
Сакам
да се кријам
во твоите тајни ќошиња.
Ме радуваш
и ме згадуваш
кога преку ноќ, посивуваш.
Би ти поставила
илјадници прашања
но знам дека само
на едно добивам одговор.

Ме сакаш, ли, љубовнику?
Со ветер ќе речеш Да.
А јас од бучавата на багерите
и недоградените твои орнаменти.
Ќе слушнам - Не.
И така, ќе си живееме
во слатко недоразбирање.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Requiem

Слушам татнежи,
ќе ме земат,
ќе ме нема.
Затворам очи, и во тагата јасно гледам,
твојто лице не ми вели збогум.
Ме држиш закотвена до себе,
за ногавица ми ја држиш душата.
Ова не е избор. Ова е заповед.
Зарем мислиш дека би те оставила,
на пустински ѕверови, на дождливи утра,
на отровни луѓе...
Крвта ми врие, а кнедла ми се всадила в грло,
додека се спремам да те пуштам,
и да отидам да танцувам по облаците.
Ова не е земен лет во место,
ова не е гробница на нашата љубов,
ниту мачилиште за човечките души.
Ова е заповед.

Кога капат стреите,
кога зраците ќе ти го допрат лицето,
кога ќе осетиш мирис на липа,
кога тагата и болот ќе те турнат в ѕид.
Сети се на овој ден, на она што бев јас,
оти ти ми беше се.
Јас со ѕвезден прав врз себе,
одамна го испишав твоето име.
Не ме боли што татнежот ќе донесе крај,
туку што ќе останеш сам.

Каде и да сум, секогаш ќе бидеш ти.
Само довикни и погледни кон зеницата на светот.
Ќе ме видиш.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Capture

Me здоболува
кога ќе застанам
среде Камени Мост
и со поглед вперен во Ристиќева
не гледам ништо
освен обезглавена конструкција.

Кaфез е мојот град
на перфидните живот(н)и.
Жалам
Ако те напуштам.
Само за тоа што Си.

Нека запролети
барем со велосипед
ќе кружам околу тажните забрани
И да се налутам,
мирисите твои
не се заборавени.
 
L

Liberation

Гостин
Ги видов сите убавини,
ги дофатив сите висини,
ги досегнав сите далечини
и мислев среќен сум.

Дур не се вратив назад,
дур не се симнав на земи,
и сфатив дека ништо не ми значи
како една твоја блага насмевка.

Моја мила, напатена мајчице.
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
I often think of soulmates
How do we find `em
Will we meet them
Will they find us on a dirty road,
Stuck in mud,
Trapped between the shadows.

One is like part of me,
(My favourite) .
He reached this heart like stone.
I feel he can save me.
I feel he can catch me.
I feel he can change
my world with no colours.

But how can he be so distant ?
Millions of dark souls between us
Different roads that we took.
We are so similar,
but we are so different.

I travel in a world all alone,
I dream of perfection,
I pretend to be normal,
But my mind is blurred,
my thoughts have no meaning,
my ideas are wasted.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Нова пролет

Да се изнасмееме
во центарот на светот
Папок, полн со ѓубренца
од џемперот
Вода, во него
за да порасне
ново дрво на Вистината.
Да се изнапиеме
во центарот на градот
Чаша, полна сомнежи
од тебе
Вино во неа
за да слушнам
кој тоа таму ме заспива?!

Знаеш, никој не ги чита моите мисли
ама некогаш налетува на моите песни.
И така, си постоиме
како глуварче
и детско раче што тргнува да го собере.

Нова пролет
сонува шарени чевлиња
летала, шеќерни волниња
мачори и гугутки во редот на радоста
колони среќа
а никаде шалтер.

Да ја дочекаме
како воз
Неа.
Оти сите нешта што сега Се,
на крај ќе осамнат...
Беа.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Соновник

Отсонував како се зголемувам.
растов е Алисовиден - се удирам со главата на покривот
во куќата на Чудата!

Зајчето е скриено во твојата шапка
од среќата
ќе зачуваме една капка.

Моите чевли - твои зборови
сите патеки - нови приказни
Малечка е песнава да ги собере
сите тивки воздишки.

Пссст.

(некогаш, оваа песна, ќе заврши)
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Пасаж



Љубов


и


Гнев.


Меѓу нив, времето одекнува.



(или можеби само тастатурата ми се шекнува
оти заборавивме да ги користиме моливите
за бележење на секоја приказна.)
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
You're like box full of hope.
You're like picture full of dreams.
Do you know how closer dreams become,
when i share them with you?

You're like bright point,
a place from where
i take all my energy.
You're like possitive ion,
there's no brighter side
of the life than you.

your absence teases me like a needle,
i look throught the grey day,
im trying to find a piece of you,
where the light is, there where you are.
 
А

Антоние

Гостин
Тоа ужасно зуење ме полудува,
апсолутно нетокму,
Во моето лево уво лоши вибрации
растропано толчење бзззз бзззз бзззз,
Нежен шмирглачки монотониал,
Пригушена немелодична и нескладна мелодија,
Полудувачки густа десонанца,
Дисхармонично неблагозвучје,
Посакувам да престане веќе еднаш.


Ја нарекувам оваа, "Ми треба потивок кулер за мојот компјутер."
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Inspi(red)

Како пред мај
во дланките љубов
згмечена
како миризлива јаготка
Не од оние огромнине, лажни
ами од оние скриенi
по дворчиња
по падини
што се прават важни.
Оти се ретки
како на немирно детско раче петки.
Си правиме
црвен свод,
сладок облак
топол плод.
Бакни ме додекa
уште ми се руменат образите.
Од љубов, Hе треба да се пазиме
(Фолтин нека свират
додека јас и ти се запролетуваме).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom