Кога?
Кога сите спијат во твојот ум,
само јас сум будна,
без твоја дозвола ги истражувам
собите каде ги чуваш заклучени моментите, емоциите
и на слабата светлина се згрозувам
од содомизам и полигамија,
од мононост и идеалот за жена во шамија.
И тогаш ме бркаш ... од себе.
Кога сум планината врз твоите трагични идеали,
сакаш да ме убиеш
да замрам во времето
и твоето задоволство да биде вечно,
зошто поинаку не може,
иглата не може да ја погоди вената,
сите игри на среќа знаеш дека те мразат.
Кога млекото и димот се фасцинација
секогаш се мисли на порнографија,
јас сум Магдалена, таа е Марија,
тогаш контемплирам дека треба да се опијам,
само така можам да не те заборавам.
Кога не сум исплашена да умрам,
сум ти обична, малку мила,
ама сепак просечна,
кога си генијален,
си како студент без амбиција,
сите дупки се во тебе,
а јас ја чувствувам болката,
при пенетрација.
Кога се будам наутро,
не ми недостигаш .... повеќе.
Те љубам, акри!
-Те љубам, акри.
Звуците на полноќниот саксофон се секогаш ритмични,
отсликуваат фотографија во замрзнати тонови,
на девојка, што ја презира мелодијата,
лежи безживотно врз клавирот направен од воздушести сонови.
Тој креира нов виолински клуч само за неа!
Ја моли како Артемида, Аполон,
да замине со него на вечерна прошетка во планина,
да се помрдне од мртвилото во нејзината градина,
зар толку слабо ја познава морбидноста?
-Те љубам, акри.
Тој проколнат, патетичен херој е толку наивен,
не знае, дека таа направи пакт со ѕверот
да го предаде Бога,
за засекогаш да се лиши од чувства,
затоа е тука, во неговата лева комора толку смирена,
оригинална руска примабалерина, ладнокрвна, помирена.
Тој е воин залуден од своите гревови
таа го лаже дека сигурно веќе ги исплатил,
мора да верува, не е достоинствено да се предава.
-Те љубам, акри.
Сите вистини на неговата есенција се во нејзината вагина,
излачени во светот и чаршавите преку нејзините сокови,
таа не може да умре од болка,
само неговите дела на благородништво се ограничени со рокови.
Тој е лудак без цврстина,
и не може да заслужува девица,
тој е чиста монотонична перфекција, бесконечна,
таа невина, досадна светица.
-Те љубам, акри.
Прости и лудаку што не и требаш на својата жртва,
таа е само безчувствителна, не мртва,
како јаболкото што го вечераш за сила,
така таа не е некој смирен извор, чедна и мила
само и е сеедно, после полноќ.
Вулгарно е да очекуваш љубов, акри!
-Ќе те убијам, мој прекрасен акри!
Мораш да ја оставиш да ти побегне пред да те жртвува,
иако ја чувствуваш додека голташ и насилно влегуваш,
ја полниш со себе, како цел еден град,
таа ти ги одредува границите само затоа што е незаинтересирана,
налудничава, кукла препарирана,
достапна како восок, за да ја обликуваш ...
Штета што не си и суден акри,
таа љуби Танатоси, затоа е тука ...