Ваша поезија!

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Q

Long have I stood forlorn as forgotten
In dark graments clad like a spectre
Deep was I inside lost, as I was unsound
Unforgiving, without life, as dead

And when tried measuring people
Why I never found me as wanting?
Unlived, without merit and ashamed
Such that I gave none I did not ever forgot?

How did I came to this?
Why are my dawns not rising?
How did we came to this or
Have we found ourselves too brazen?

Shall we embrace our darkened souls
And have our suns be blood red dying?
And our moons be in shame unforgiving
'till we crumble, in the wind as ashes, to dust?


--- надополнето ---

The lonely river’s true course


She’s as the pale moonlight’s breath, which
Sires unspoken desires and unsaid sorrows,
Yet tears of mother pearls follow, and
Broken, as fallen, or drowned on the shallows


Sometimes she is one and of no one
Yet more so she is of none and of all,
Blood of children’s joy
How can she be true as golden?


So true, for a truer form can never be
Lifelike on death’s galley or a boat,
Or fallen upward against reason
Nay, to see or say, it must be folly or treason


Nor can she flow upstream,
Tied fates, chained watery destinies,
On Styx, a boatman’s call
She stops, listening to her true river’s course

 
С

Сатори

Гостин
Усни​

Кога престана светот во умот на мојата двојничка,
ја видов за прв пат твојата уста како говори,
обликува звуци и зборови,
и заборавив дека некогаш, за некој друг сум чувствувала,
па побарав избелувач, да го избришам поразот од мислите.
Потсети ме, да престанам да посакувам да бидеш воздух!

Сите аристократски мајмунчиња се наредија во права линија
обликувани во совршена парабола,
за тебе, за сликање,
провери, ако не веруваш,
зашто доброволно се соблекувам, за да ја пронајдеш
секоја мапа која што ја замислуваш.
Биди овде, до мене, вечерва.

Го проколнувам мигот кога те запознав,
го благословувам мигот кога ме бакна,
го љубам мигот кога за прв пат ме погледна,
конечно не сум некоја друга за која што одамна сонував.

Ти си совршен љубов, твојата коса, твојот тен,
знам, затоа што тогаш почнав да постојам,
да бидам, таму каде што ти постоиш,
каде што изведуваш, сликаш, пишуваш,
со усните кои толку елоквентно говорат.
Биди овде, со мене, вечерва.

Или отстрани се себе и мастилото од мене,
зошто не знам да создавам без тебе
да живеам,
да ја ценам уметноста што пее кога ја вдишувам,
зошто што и да сакаш од мене
тоа е најмногу што можам да ти побарам?

Се престана, кога ги видов твоите усни за прв пат,
како говорат,
измачкани со црна боја,
исто како платното.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
ЈагОда

Јагоди, о јагоди.
Од сите страни - јагоди. Алергија.
Јагоди. Лажна тревога.
Лажица
а на неа
мојот лик наопаку.
Јагоди, о мају.
Зошто, срамежливост
со страст комбинираш?
Стисок, и смрт.
Прва крв
миризлива.
А не ни ги сакам нешто посебно.
Ги бркам од чинијата
се сексаат со шеќерот
зборуваат безобразно...
О јагоди. Јагоди.
Бесрамни а им годи.
Да ме лажат
дека во мај.
Сите се вљубени!
 
Член од
28 март 2011
Мислења
20
Поени од реакции
6
[FONT=&quot]Еретик

Никогаш нема да му поверуваш на човекот
со вистината во неговите очи.
Никогаш нема да појдеш
по негов[/FONT][FONT=&quot]ите стапки,
[/FONT][FONT=&quot]по дивиот, детски, несмасен чекор.
Веруваш во светци, ѓаволи, вообразени створови,
веруваш во изгубени, празни, недостојни, невистини!
Ти неверуваш ти незнаеш ти несакаш да спознаеш
ги отворив вратите и затебе,
ги ослбодив демоните
ме распарчија
сега сум... гол.
Искинати се кошулите на човечката пакост,
маската е скршена.
Варварин,
дојдов со вистината
ме уби со глупоста ме уби со човечноста ,моралот
ме уби со лагата.[/FONT][FONT=&quot]
Ќе [/FONT][FONT=&quot]дојдам повторно [/FONT][FONT=&quot]зошто ја знам тајната на воскреснувањето,
тајната на сонувањето
и сега и во староста [/FONT][FONT=&quot]
јас ќе бидам причината за лудоста,
твојата совест, твојот сон
заблуда и досада
ќе ме бараш во косите на синот
во очите на ќерката
ќе ме пронајдеш секаде[/FONT][FONT=&quot]
[/FONT][FONT=&quot] ќе ме најдеш бидејќи ќе ме бараш![/FONT]
 
Член од
8 мај 2009
Мислења
284
Поени од реакции
102
"Бајка"

Слушам чекори.
Некој ме следи
по темната патека.

Зошто ми одзема се?
Ти верував,
но ја зароби мојата радост
во твојот 'рѓосан кафез.

На крајот од се
ми ја врати птицата радосница мртва
за да ме потсетува
на тебе и
на твоите суви дланки.
- на твоето грозоморно дело.

Сеуште твојот здив
го чувствувам на моето уво.
Тивко убиство.

Твоите чекори
сеуште ми одѕвонуваат во главата,
а јас тагувам, се плашам
и го носам срамот.
Твојот срам.

Ќе ми дозволи ли некој да заплачам?
Сака ли некој да ги види монструмите
кои живеат во мојата детска приказна?

Тие ме следат сеуште,
а јас не умеам да избегам од нив.
Дете сум
и верувам во светот на возрасните,
верувам на секој нивен збор.
Верувам и во исправноста
на нивните дела
кај темната патека
или пак во проклетана соба.

Во сопствената тишина те замолувам
со врисок во очите:
Престани,
јас сум само дете.
Те молам, престани.
 
Член од
28 мај 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
- Розев цвет и сив трн -

Ти беше нежна како цвет,
а јас како грд и сив трн,
ти беше убава како денот,
јас како ноќот прецрн, црн..

Ти дење растеше, цветаше,
денот не беше мој омилен дел,
јас дење се криев, ноќе скитав,
не го обожавав јас денот бел...

Додека ти дење се дружеше
со тревата, поточето и лилјаните,
јас во ноќта со шепот разговарав
со мовта, дождот и лилјаните...

* * * * *

Ти отиде некаде со среќата твоја,
јас останав овде со тагата моја,
розево и сиво, сиво и розево,
ох, толку е различно розево од сивата боја...!

--- надополнето ---

- Tага и жал -

Многумина кога ќе видат
некој убав, преубав цвет,
одма ќе побрзаат да го скинат,
- ех што ти бил и е човекот клет !

А како би било да е вака :
- да сватат дека тоа е мака,
да сватат дека и цветот мал
чувствува и познава бол и жал...!

--- надополнето ---

- Нешта што не се враќаат -

Овие нешта никогаш не се
враќаат :

времето, затоа што секогаш
поминувало и ќе поминува;

годините, затоа што и тие по
навика одат со времето,
некаде во времрто;

и првиот бакнеж што со текот на
годините и времето не се
променува, и никој друг нема
да биде ист како него !!! ( нели ? )

--- надополнето ---

- Соништа -

Јас сум сонувал магли,
облаци, ветришта, снег,
во моите соништа доаѓале
и ладности, и мраз, и лед...

И патишта сум сонувал,
улици, раскрсници, врвици,
цветале цвеќиња, дрвја,
летале врапчиња и грлици...

Сум лутал јас во сонот
по беспаќа, по кралства,
сум отишол и најдалеку,
далеку до далечни царства...

И глас ми шепотел, зборел,
во соништата долго ме морел,
во звукот на тој чуден глас
- не сум знаел што сум јас...

Сум сонувал многу сказни,
епови, бајки, песни, приказни,
кога сонот мене таму ќе ме земе,
измешан простор е со време...

Сум сонувал чудни нешта,
во сонот ми идело тоа сето,
но никогаш оттогаш, никогаш,
никогаш повеќе не сум сонил лето...


--- надополнето ---

- Твоите очи -

Јас никогаш, никогаш, никогаш,
никогаш очи не сум ни сакал,
никогаш очи во очи не сум сакал,
да се гледам, да се пратам !

Ако случајно, случајно, случајно,
случајно погледи би се сретнале,
случајно поглед со поглед,
моите очи тоа би го одбегнале !

Но само твоите, твоите, твоите,
само твоите очи сум ги сакал,
никогаш тие не ми предизвикале
ни бол, ни тага, ни некаква мака...!

--- надополнето ---

- Постоеја два цвета -

Беше пролет, постоеја два цвета,
тој и таа, два различни света,
еден убав, нежен, розев и мил,
тој трн, грд и сив, наполно див

Иако различни еден од друг,
растеа заедно на стариот друм,
сонцето ги грееше со златен тен,
живееја полека, од ден за ден

Исти зрак нив ги грееше,
исто сонце им се смееше,
исти ветар лисјата им ги вееше,
исто славејче во утрата им пееше

Но помина лош по старит друм,
неубава мисла му падна на ум,
намери да го скине розевиот цвет,
но нешто го запре во самиот лет

Тој испушти слаб пискот и крик,
го заболе свеста за краток миг,
се заврте да види кој му пушти крв,
за несреќа го виде трнот прв

Крена нога и го згазна силно,
со чизмата го погали милно,
опцу, па кажа збор клет,
за среќа го заборави розевиот цвет

Повреден беше сивиот трн,
сега нему му течеше река крв,
почна да умира, можеби е касно,
розевиот цвет му шепотеше, слушнав јасно :

,, Не умирај, немав време да ти кажам,
не можам без тебе, јас те сакам,
не ме оставај сама да бидам,
немам никого, само тебе те имам...“

Му зборуваше така цветот на грдиот трн,
тој собра сила, се исправи до врв,
тој издржа само заради неа,
барем уште еднаш да ја чуе нејзината смеа

Тој се исправи без да зборува,
во очите му пишуваше дека се радува,
знам молчеше како санта мраз,
во болката беше го изгубил својот глас

Конечно го надминаа својот бол,
пладнето пак дојде човекот зол,
повторно го направи потегот клет,
трнот немаше сили пак да го спаси розевиот цвет

Пред да биде скинат цветот тој со поглед упати молба,
на нејзиното лице се појави мала солза,
умирајќи ја наведна главата со ливчиња седум,
со последните сили рече : ,, ...Збогум... “

Тие сакаа да бидат само сами,
а другите успеаја да им најдат само маани,
бараа малку, парче педа,
Скитникот тоа тажно го гледа

И после нив сонце ќе грее,
и тивко ветре ќе се смeе,
јас ги видов...крај друмот стоеја,
а сега исто како да не постоеја

Тој беше тажен и полека свена,
што ќе му е живот, никого нема,
успеа лошиот, на срцето му згазна,
раскажете ја некогаш оваа сказна

( Посветено на Булката и Трнот )
 
С

Сатори

Гостин
Како изгледа крајот?​

Во училницата на макотрпното молдирање, го натераа да престане да создава,
молкум, секој ден, одново да ја доживува сегашноста,
и да ги затвара очите пред светлата што му ја дисекцираат душата.
А јас сум малечка мравка пред неговите големи чекори,
поразена без да имам можност вистински да се заљубам,
кога ветерот ќе ја однесе секоја емоција во неповрат,
потчинетноста е единствената што засекогаш останува, залепена на кожата.

Сите траги од лепливост ги вадам од себе со грутка земја, ацетон и многу хартија,
есенцијата што ме оживотворува не е слична ни најмалку на неговата насмевка,
јас сум пинг-понг топче на маса што се расклопува, тој е палката,
сега сите бродови сосем сигурно ќе потонат.
Тажно е како се бркаме преку стаклото што ни ја анализира психата,
тој седи пред каминот со пура во устата, не чита, повеќе,
јас сум трагично пијана по повод последните зборови, сум ја заборавила тактиката.

Го затвараме шишето, разумноста продира велејќи дека е полупразно,
но поинаку, не сум способна да му напишам писмо за потоа да го запалам,
да се надевам дека зборовите ќе исчезнат како сите чувства што некогаш за него сум ги имала.
Од мене направи нечиста Циганка што проси за да преживее,
со шпил тарот и натална карта скриена во торбата,
посакувам да си ја сменев бојата на очите, на кожата, на мислите, на иронијата,
чај од совршенство за некого, цената е поволна?

Сега моите мисли не се разлеваат во слободни стихови, неговите не постојат,
себично го спакував во најмалата кутија што ја пронајдов, минијатурен малечок човек,
за да можат сите телесни функции детерминирано да опстојат,
зашто кога е голем колку статуата на Буда во подножјето на Царската Кинеска планина,
јас сум помала и од мравката во која што толку многу сака да ме претвара.
Како да отворам човек кој што е врата без брава, а јас сум само клуч,
крајот мора неизбежно да биде исликан со некохерентност и неуспех.

Во моментите на очај се заколнав дека никогаш повеќе нема да пишувам,
затоа што не знам да создавам зборови ако не се за него, наменети и посветени, за да биде патетично,
сите лица и формации ми се сега познати, додека го гушам во целофанот останат од овенати цвеќиња
и плачам затоа што не ме моли за живот, туку помирено чека да го убијам,
спартанската дисциплина секогаш била моја доблест, а не негова, паѓа завесата,
на сцената остануваме само ние, тој така голем и моќен, јас така мала и исплашена,
тој германски офицер на третиот Рајх, јас мртва Циганка.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Дублер

Треба да љубиш и да ја живееш љубовта без обиколување.
Да љубиш и никогаш да не го веднеш погледот.
Да љубиш и да ја изгубиш играта.
И, осакатен, да прифатиш дека сексот ти служи како дублер.
Дублер, кога срцето ќе падне од врвот на шаторот.
Кога нема мрежа да го заштити од падот од трапезот.
Да се здробиш и да се согласиш да живееш скршен.
Скршен само затоа што главата останала цела...

Дали ме сака?
Дали ме сакал?
Се сомневам...
Или можеби на својот начин:
Немарен и отсутен.
Очаен под својата смеа, со совршени отмени движења.
Надмоќен со алкохолот, со бескрајна неподнослива култура.
Лесна во односот со светот, црна штом ќе остане сам.
Лице во лице со својата суета.
Со жена или без жена на креветот, ќе останеш мојот дублер.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ах преласт.
Зрак живот и длабок здив.
Јас сум точка на небото,
зрнце песок на земјата.
Мојата сила е мојот живот.
Драг мој пријателе, не сум саде јас,
не си саде ти, заедно сме едно.
Две зрна, две точки.
Мојот ум создава светови во кои не се живее сам,
и постои во реалност во кои не се опстојува сам.
Затоа ти велам, подади се при мене да споиме сили,
да не замре мојта сила со наредниот ветер.
Да не бидам одвеано зрно, да не бидам избришана точка.
Некаде мораме сами, но секогаш ни треба некој за испраќање.
 
С

Сатори

Гостин
Збогум​

Фигурините на минатото цврсто се држат за моите трепки,​
се топат додека плачам зошто се направени од шеќер,​
мали прекрасни суштества, кои ме мразат како да сум чудовиште​
кое го уништува делото на Бога​
во неговата сопствена Црква на креација,​
да се проклети спомените што ме создадоа, јас сум смешна анимација,​
персирам и се поклонувам за да дојдам до реализација,​
ме чека пластиката зад олтарот​
да се претворам во курвата што зад параванот ја посакуваш,​
во дамата со која што пред луѓето се ракуваш,​
ме зема себе од себеси,​
копиле.​
Додека чекорам покрај гробовите на мојата историја,​
не се смеам, повеќе,​
маркирав и калкулирав талент за да ги обележувам луѓето како територија,​
секогаш работев за егото на „прекрасната“ јас​
ми направија лоботомија на 13 за да не можам да препознавам „нас“,​
секогаш полна со љубов на хартија,​
сега болна од болка, ме однесоа во Ад и не ме вратија.​
А тој е трајно оштетен од утробата од која потекнал​
на престолот чека можност за победа,​
не ја посакувам повеќе, земи ја!​
Стигнувам полека до еден епитаф,​
широк и голем колку што сум јас мала, испишан со стихови,​
насликан од Вермер со ангелски ликови,​
ја слушам музиката како доаѓа од далечината,​
тоа е моја песна,​
така певлива, тажна, мртовечки лесна,​
и се сеќавам дека тој ја напиша,​
за да му го простам жигот на раката,​
јас бев сопственост, ствар во промет, но тој не сака да ме пушти во продажба,​
сопствена Марија Магдалена затворена во приватна галерија.​
Сега статуата стои немо над гробот,​
не го чува туку се грижи за робинката да не избега,​
да не се осмелува да размислува,​
не сме свето тројство,​
неверната жена, слугинката и јас духот што веќе не ги оживотворува.​
На гробот има име,​
девојката се викала Виолета, се гледа од статуата умрела млада,​
може си го одземала животот, можеби ја спалиле на клада,​
тука има и еден прекрасен човек со букет темјанушки во рака,​
можеби му била блиска, можеби ја сакал,​
тој е среќен што е слободен,​
таа е конечно заборавена,​
последните зборови на песната се едноставни,​
зборови од читанка,​
збогум најмила!​

Никогаш никој не заборавил кој го убил, јас можам да простам ... само тоа.​
В.​
 
Член од
24 ноември 2010
Мислења
16
Поени од реакции
5
Допирам до твојот прозорец повторно
се потсетувам на старите мигови кои сега немаат значење
Уживам во студот надвор додека ти се мачиш
во топлината на твојата несигурност

Но, рацеве ми се сеуште топли
Дали се буди жарот и го одбива мразот од мене
Или тоа е само илузија,
која чека од мене да потонам во минатото уште еднаш

Сега јасно гледам
дека твоето двоумење што ти го нарекуваш љубов,
полека ги брише трагите од моево срце
Дека сум конечно слободен да го отворам срцево и да сакам повторно

Но знам
дека секогаш ке има некој
кој што ке се обиде да ме уништи мене и мојата среќа
дека секогаш таа проста љубомора ке плива на површината од нашите сфаќања за животот полн со љубов и убавина.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Некој како јас

Поминат месец изгубена страст
не се враќај зашто чувстувам страв
водиш некоја битка
не знаеш што сакаш
и кога ти е најтешко пак кај мене се враќаш
тоа што изгуби е привлечноста кон мене
не сакам да мислам затоа што
секогаш сум мислел добро за тебе
те паметам како вредна и искрена девојка
девојка која ме имаше на дланка
девојка која беше среќна и весела
за секоја средба часовите и секундите ги броеше
сега сите тие моменти тие ги изгуби
можно е да жалиш
можно е да не се грижиш
не сакам да мислам
те оставам
и слободно со друг
води битка
и подели тоа што нас ни недостасуваше
Внимание од мене секогаш ќе добиеш
но тоа што изгуби
е страста што неможеш да ја одбиеш
Ти си девојка што ме научи на вредности
што ми недостасуваа во моментот
кога мислев дека имам се
мислев дека си правата за мене
но погрешив
кога помислив дека го имам светот
ти мене ме остави
Но не жалам за ништо
тоа што ме остави ме направи подобар човек
да знаеш да цениш тоа што ти мене ме научи
и без разлика секој момент кога ќе те видам
ќе те поздравам да го почустувам твојот срцер ритам
и нема да посакам пак со тебе да бидам
не затоа што несакам
не затоа што не те љубам
затоа што секој маж
кој сакал некоја жена со цело срце
ќе ја прифати нејзината одлука
и како гулаб во небото ќе полета
гулабот стана независен и некогаш кога на твоја врата ќе долета
посакај му среќа и радост и пушти го на слобода
Некој како мене ти посакува
да бидеш радосна и среќна
секогаш ти бев лојален
и кога ќе помислиш на мене
секогаш запамти
на тоа што имавме прекрасни и уникатни спомени
запамети ме мене
затоа што те сакав како што се сакав себе
 
S

Stef Bachatero

Гостин
На што ме потсеќаш​

Ме потсеќаш на млада девојка​
која ми ги сакаше моите очи​
сега кога тие ги нема​
љубовта наша молчи​
не сум некој паметен човек​
не сум некој лажго​
не сум човек што краде туѓа љубов​
добро знаеш кој сум во твојот живот​
не дека ќе ми простиш​
но двајцата направивме најголема глупост​
Се сакавме лудо​
водевме љубов како никогаш досега​
но веќе тоа го нема​
остана нашата огорченост​
и омраза​
зарем тоа двајцата го сакавме?​
зарем двајцата дозволивме​
со омраза да се газиме​
и сега нашите сенки само да минуваат​
од нас двајца да се пазиме...​
зар ќе се правиме слепи​
дека двајцата не се познаваме​
кога ќе се минеме!!!​
само ќе се погледнеме и воздишки ќе си поделиме​
ќе си свртиме грб и ќе се правиме дека ништо не било​
ух колку било тоа убаво колку било тоа забавно​
Зарем на лоши работи ќе се потсеќаме​
Зарем не знаеш дека кога ти реков те сакам​
тоа го мислев го гледаше во моите очи​
и сеуште е исто се колнам​
сигурно кога си била со мене​
те убивало и си го немала најубавото време​
тоа е тоа се ќе мине​
секоја секунда,секоја минута,секој час​
е моментот кое моето срце љубовта кон тебе ја кине​
не ми е гајле дали некој ден ќе ми простиш​
или ќе ми свртиш грб​
ќе те сакам иако може ќе грешам​
слободата и независноста е супер​
со тоа ќе се тешам​
Секогаш ќе ме потсеќаш на тоа што ме направи​
подобар човек за себе​
секогаш ќе ме потсеќаш на тоа кога од никаде​
твојата подршка,твојата насмевка,твоите очи​
ме бодреа кон патот на успехот​
кон патот на слободата​
кон патот на љубовта​
кон патот на среќата​
што сега ме прави да бидам тоа што сум јас​
Секогаш ќе ме потсеќаш што беше искрена и точна​
а јас на тоа бев глув,понекогаш слеп​
но тоа беше зашто те сакав тебе​
и ништо не ми требаше доволна беше ти,тогаш во тоа време​
не ми требаа пријатели,згрешив​
немав почит кон фамилијата,пак згрешив​
мислев дека се имам,а уствари сум немал ништо​
но тоа е тоа​
за се ти сум благодарен​
дури и тоа што ми го скрши срцето не ти го барам назад​
се иде напред,минатото е слатко,љубовта кон тебе е горка​
но што да се прави тоа е тоа.​
Сум згрешил,сум паднал подоле од сите​
тоа сум јас,не жалам за ништо​
не дека ќе барам извини,тоа е друга приказна​
грешев и згрешив​
што ти дадов срце вредно да се скрши​
се изедов од прва но продолжив​
твојот глас од никаде се појавува​
и сеуште го имам во мозокот ми тршти​
По тоа те паметам драга моја​
покажи ја љубовта моја на некој друг​
и биди среќна и весела​
што имаше човек кој за тебе се бореше и гинеше​
што му беше прва љубов и те сакаше таква каква што си​
за лудите и незаборавни моменти поминати заедно​
за сите мои песни пишани за тебе​
затоа што тоа е мојата душа​
мојата искреност,мојата убавина и тоа што мудроста твоја ја слуша​
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Дај ми друга женска

Седев и тебе те запознав
беше надвор од тука
кога те запознав
твоето срце почна прво да чука
не водевме љувов но имавме шанса
тоа е минато сега сме на дистанца
ти ми беше прва но не беше последна
се беше супер но тоа е минатото отидов јас на следна

Идеме на следната
никогаш не застануваме
ти си минато
зашто пак да остануваме
голем респект за тебе
благодарам за убавото време,
се ла ви,но јас отидов на следната

Другар ми ме запозна со тебе
се правев незаинтересиран
се смував и си пројдов убаво време
имаше убава шминка и изгледаше супер
но тоа беше за една вечер
твоите усни беа слатки како шеќер
благодарам што бев со тебе,не си прва ни последна,
голема почит но јас отидов на следната

Идеме на следната
никогаш не застануваме
ти си минато
зашто пак да остануваме
голем респект за тебе
благодарам за убавото време,
се ла ви,но јас отидов на следната

Се запознав со тебе во Кастро,ти ме пронајде мене
ми делеше комплименти и јас тебе исто
се беше супер водевме љубов беше се искрено и чисто
имаше прекрасен поглед и насмевка на која се дивев
ме научи на многу од твоите усни јас мудрост пиев
си купувавме подароци и идевме на луди одмори
беше се супер дур траеше
но нашата љубов стана монотона и се замори
благодарам што бев со тебе,не си прва ни последна,
голема почит но јас отидов на следната

Идеме на следната
никогаш не застануваме
ти си минато
зашто пак да остануваме
голем респект за тебе
благодарам за убавото време,
не си прва ни последна
се ла ви,но јас отидов на следната

Бевме на прослава на матура
те видов стара занес,се напивме повеќе чашки
ти покажав дека не сум стариот,така лесно не може да ме освоиш
се правев незаинтересиран и во моите прегратки те вдомив
добив прекрасно време за една вечер
беше слатко како шеќер
селави респект кон тебе
благодарам за прекрасното време
но тоа е минато,јас отидов на следната

Идеме на следната
никогаш не застануваме
ти си минато
зашто пак да остануваме
голем респект за тебе
се ла ви
благодарам за убавото време,но јас отидов на следната

Отидовме со пријателите накај Штип
полн со самодоверба,па те запознав тебе
мислев дека не сум твој тип
но пробав и не зажалив
ми требаше 45 минути да си моја
пиевме се гушкавме ја засакав личноста твоја
беше супер за една вечер
благодарам што бев со тебе,селави не си прва ни последна,
голема почит но јас отидов на следната

идеме на следната
никогаш не застануваме
ти си минато
зашто пак да остануваме
голем респект за тебе
се ла ви
благодарам за убавото време,но јас отидов на следната
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
songz from my hellish dreams about the devils daughter

My curse is this bloody nurse

She cuts my eyes in my sleep

She drains my soul with her lips

I’m blind and I scream
She is so into me

She whispers to demons
She makes love to the dead
It’s a fun place to be
She’s so into me

She curses her devil
She’s made out of leather
It’s a sin and I bleed
She’s so into me

I’m in hell and I’m sad
She’s not in my head
Her lust is my greed
She’s so into me
 

Kajgana Shop

На врв Bottom