Вашата најголема грешка во животот...

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
За загубениот млад живот кој ме научи што е добра музика, што се добри филмови, што е култура, однесување, за личноста со која растев и во која се препознав идниот јас. За личноста која ја чекав скоро секој ден да намини и да ми пресними касета на касетофончето со нова музика. За личноста со чија помош ја отпревртив супер марио, текновите, нинџа желките и многу други нинтендо игри. Личноста која обожавав да ја гледам како игра сложени игри на подоцнежните таканаречени компјутери, на која и бев редовен гледач, без никаква желба да заиграм и јас. Личноста со која често ги посетувавме кошевите во медицинското училиште. Личноста со која седев до доцните утрински часови на терасата од третиот спрат, пиејќи сокче-бело винце и гледајќи во ѕвезденото небо. За личноста со која одев на свирки, играв како да тој момент ќе трае вечно, а не траеше. За личноста која ми објасни што е тоа Indie музика, што е тоа post punk музика, што е тоа алтернатива, но никогаш не дочекав да разменам мислење за пост рок музика. За личноста која ја чувствував како брат со кој можев да сврзам слободно машки муабети без да се срамам за сопственото незнаење. За личноста со која ја имавме преслушано дискографијата на Радиохед заедно преку 20 пати. За личноста со која ги практикувавме оние поседоци во кои гледаш најразлични филмови, играш Pro Evolution со џојстикче на компјутер и пиеш кафе, средно благо кафе. За личноста со која имав авантуристички мигови во прекрасната природа кои ќе ги памтам дур сум жив. За личноста која ја бодрев да јади и верував во нејзиното опоравување. За личноста на која во тие тешки мигови и пуштав куд идиоти притоа гледајќи како ја потиснува целата внатрешна болка со минимално солзење. За личноста со која разговарав за иднина во моменти кои ниту еден човек не посакува да ги почувствува, за личноста со која пrавев план, МОРАВ да плавам план и мислам позитивно дека ќе одам на концерт по два месеци од куд идиоти во Скопје. За личноста која ме зарази со декстер и со нетрпение ја чекавме петтата сезона, а не ја дочека. Не го дочека и најновиот Хари Потер, не го дочека и најновиот албум на Радиохед, не дочека се што излезе после 21ви Септември 2010та година За личноста на која на 23ти Септември и беше роденден, јас и испечатив на 20ти блуза од Porcupine Tree која сакав да и ја подарам одма, па така маичката после тоа наместо во негови раце, на негово тело, заврши во вечното почивалиште . За мојот 26 годишен братучед..........
 
Член од
28 август 2012
Мислења
8
Поени од реакции
3
| Единствено што жалам е за распадот на југославија :(
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
291
не жалам за ништо, верувам во судбина , живеам во сегашноста и борам за подобра иднина.... Минатото поминало, лошо или добро имало секакви моменти ама неможе да се врати , па не вреди ни да се жали.
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.308
Поени од реакции
3.064
Па во животот највеќе се жалам за животот во принцип :вонзем:
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
| Единствено што жалам е за распадот на југославија :(
И јас мислев дека нежалам за ништо,ама ете,ме потсети ти...иако не сум од старите генерации и ниту пак сум живеел во ерата на Југославија,јас пак жалам...
 

Rale

Crno Beli Svet
Член од
14 април 2012
Мислења
809
Поени од реакции
723
Najveke od sve zalam sto ne tuzev edna brodska kompanija za koja rabotev 6 ipol godini,sega ke imav bar 4 ekskluzivni stana...nejkev da rizikuvam rabotno mesto koe bese dobro plateno.
 

Ivana*Antique

Чисто информативно
Член од
5 септември 2011
Мислења
312
Поени од реакции
144
Najmnogu zalam sto ponekad ne go koristam mozokot, sto ne ucam od starite greski....
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
За една личност, и изгубени година и 4 месеци..
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Најмногу жалам за понудата која ја добив пред да се запишам средно - да тренирам во К.К Партизан Белград али јас глуп се запишав тука -.-
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Премногу жалам што и покрај потенцијалот кога бев помлада, не продолжив професионално да се занимавам со спорт.
Ама мислам дека ќе го решам тоа со моите деца (ако имаат желба и талент де, сигурно нема да ги присилувам) :icon_lol:
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
236
За сега жалам што не ги послушав моите кога ме молеа да одам некаде во Словенија, Бугарија, Грција, Украина да завршам факултет, а јас останав во Мачедонија... "Малце факултети имаме овде шо мајка барам таму" :facepalm:
 
Член од
29 септември 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Znam deka postojat mnogu pogolemi greski od mojata , no taa greska sto ja napraviv vo zivotot neznam dali nekogas ke si ja prostam.Padnav na zborovite na eden smrdliv ulicar koj sto posakuvam nikogas nikogas da ne bide srekjen.So tekot na vremeto ke ja prebolam greskata no ne veruvam deka ke ja zaboravam....
 
M

Mamba.

Гостин
Се откажав од шахот...најголема грешка шо сум а направил.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom