Ч
Чек Он Ит
Гостин
5 митови за вашата коса
Според специјалистите тоа е еден голем мит. Човекот од раѓање добива одреден број на луковици и што и да прави со главата тие не можат да станат повеќе.
Густа коса може да се добие само со пресадување на луковици, ни тоа е сложена процедура која не е за секој.
Можно е само да добиете ефект на густа коса со помош на разни козметички продукти.
Многу луѓе мислат дека плавите особи имаат поретка коса, всушност кај бринетките бројот на корења е 2-3 пати помал, но кај нив влакната се пооштри и подобро се обликуваат. Кај плавушите влакната се повеќе и затоа се потeнки.
Мит 2: Честото миење на косата е штетно
Косата треба да ја миете, тогаш кога ќе почувствувате потреба за тоа. За здрава кожа на главата, доволно е 2-3 пати во седмицата. Се разбира косата може да се мие и секој ден со специјални шампони за секојдневна употреба. Косата се мрси брзо при: хормонски пореметувања, проблеми со цревата, примањето на силни лекарства, при некои видови на депресија, кои се поврзани со ендокринолошкиот систем.
Мит 3: Стрижењето ја зајакнува косата и таа расте побрзо
Косата не е англиска ливада...влакната на главата растат средно 2 см. на месец, а долгата коса по 1.5 см. освен тоа, во пролет и лето косата расте побрзо, а во есен и зима, побавно. Кај луѓе на 50 години косата расте побавно, отколку кај младите. Најбрзо косата расте кај девојките од 18-23 години.
Психолозите тврдат дека кратко подстрижаната коса ги прави луѓето поагресивни. Радикалната промена на должината на косата и нијансата на боја, се смета за протест и желба за промена во животот. Тоа покажува, дека косата е индикатор за душевната состојба на луѓето. Ако човек има душевни проблеми тоа се одразува и на неговата коса. Таа станува „мртва” и без сјај.
Мит 4: Типот на коса може да се промени
Може да се промени, од мрсна да стане сува или обратно. Косата може да се мрси од стрес, кој ја повишува активноста на жлездите. Но, тоа се определува од кожата на главата, а не од самиот тип на коса. Косата може да се повреди од неправилни грижи. Не убаво цел живот на користиме жампон кој е наменет за мрсна коса, бидејќи некогаш косата ни била мрсна. Потребно е препаратите што ги користиме да бидат соодветни за моменталната состојба во која ни се наоѓа косата.
Мит 5: Прамените не се штетни за нашата коса
При правење на прамени на главата се формираат два типа на коса, едниот е безбоен! Секој од тие два типови бара различни сретства за грижа.
За да се добие еднородност... , потоа ви се направени прамени, потребно е да се бојадиса целата коса. Добриот фризер знае дека после вадење на прамени, потребно е да се направи тонирање на целата коса.