Косата и фризурата ни ги издаваат не само навиките и вкусовите, но и темпераментот и најтајните изјави на нашата индивидуалност.
Да се сетиме на древниот мит за Самсон и Далила, која ја одзела неговата силата, така што му ја отсекла косата. Легендите си се легенди, но и денес често стрижењето го примаме како повратен момент во судбината и со смената на фризурата започнуваме нов живот. „Љубовно скокоткање" по неговото тело.
Што може да ја возбуди машката фантазија?
Специјалисти тврдат, дека тоа се најмногу, поставените коси по неговиот грб, кои се движат во такт со секое движење на телото на жената. Исто така и кога жените ја вртат косата околу прстите. Но, исто така и лесното ”љубовно скокоткање" на женските коси по телото на партнерот.
Фризурата го издава карактерот
Специјалисти од академијата за фризерство во Милано тврдат, дека косата многу лесно „го заведува" мажот и спаѓа во „најжешките" делови на човечкото тело, таа не отстапува дури на очите и устата. Според експертите фризурата може да разкрие многу нешта за карактерот на човекот. Например жените, кои си ја врзуваат косата ниско одзади на вратот, се повлечени, уверени во себе си. Многу „залижаните” репови се оковани, многу критични кон себе си, комплексирани, дури и потиснати.
Пособен ”издајник" на човечкиот карактер се шишките: како кај мажите, така и кај жените, обично, под нив се кријат срамежливите, неуверените, инфантилните.
Долгата густа коса, која слободно паѓа на женските рамења, кажува многу за карактерот на жената која ја носи - една необично енергична, доста импулсивна, иницијативна и во личните односи, природна.
А долгата коса кај мажите, комбинирана со мустаќи, брада и бакенбарди, макар и да се прима како белег на артистички, анархичен и бохемски карактер, не секогаш е признак на мажественост - точно обратно, издава комплексираност, инфантилизам, неувереност во сопствената личност, лицемерие. Ваквите мажи се склони „да се кријат" зад „завесата" од коса, не се импозантни љубовници, како што изгледаат, а всушност се слаби, често хистерични интимни партнери.
На кусо подстрижаните со откриени уши, врат и чело, им припаѓаат уравновесеност, борбеност, натпреварувачки дух. Тие са лидери во се: во бизнисот, спортот, пријателството, сексот.
Најпонослив карактер имаат луѓето, кои сакаат стапаловидно подсрижување или оние, кои носат средно долги коси, криејќи ги ушите: мажите со ваква фризура се одликуваат со урамнотеженост, романтични се , способни да се оддалечат од ситуациите, а жените се спокојни и весели.
Специјалистите од Милано мислат дека дамите, кои повеќе сакаат кусо подстрижување, како и оние со екстравагантните шишки и високо подстрижена на тилот коса, се склони кон флерт, кон играта, полна со ризици, како и во љубовта и сексот, кон авантури, но и практични се.
Неколку совети кон жените, кои сакаат да го изненадат својот партнер:
1. Фантазиите на вашиот партнер може да ги разбуди само измиената и блескава коса, затоа користете правилен и квалитетен шампон.
2. Косата треба да занесува со нежната арома на парфем, кон кој мажите се многу чувствителни. Но не претерувајте изберете полесни, не многу силни мириси.
3. „Играта" со краиштата на косата, како што е навивањето на прстите, е еден от испитаните женски трикови за привлекување.
4. Мажите не ги сакаат кусите и ситно накдрени коси, за кои жените фрлаат многу пари и напори. Представниците на силниот пол ја сакаат меката, долга и права коса.