The story of my коса: мојата природна коса е светло кафена. До сега два пати имам вадено ружни плави прамења(велат тоа било шатирање) и never again! Сум ги имала повеќето од сите можни фризури, а од боите само сива, зелена, лилакова и неколку нијанси на црвена.
Сега по боја ми е црвена, имам некоја стандардна должина, немам степен туку ми е рамна и имам нешто како шишки во тек на растење.
Порано ми беше многу ретка, но сега некако не, изгледа дека доби на волумен или тка нешто.
Ја мијам на 4-5 дена, пред миење ставам некакво уље, а после миење маска. Не ја пеглам, а со фен ја сушам само кај коренот, ко да фати правец.
И до сега немам ставено фарба пошто кога ќе никне коса се ствара ланец-обврска да ја фарбаш пак и пак и пак за да не изгледаш ко клошар. Секогаш се фарбам со колор-шампони.