Зависи на кој до што му е.
Одам секоја година на море, а не сум ни по пливањето ни по сончањето, туку од здравствени причини. Мене многу повеќе ме интересира шетање во некоја земја каде не сум била, отколку море. Не сакам гужва, на топло не ме бива, ми одговара пензионерска атмосфера.
Лани беа во Бугарија деца од 17-18 години и се вратија бели. На нив им е битно што се далеку од дома, што може да имаат некое сексуално искуство, да играат по цел ден карти, да се пијанчат и после да раскажуваат како било... Нив не ги знаима ни море, ни бранови, а најубава глетка им се цицки на послужавник.
И таквите најчесто се сместени во хотел.
За семеен одмор е многу далеку, особено ако имаш мали деца.
Од таа страна, Грција е близу. АКо нешто тргне наопаку, палиш колата и за 3 часа си дома.
Освен на форумов, не сум чула некој Македонец, т.е. тричлено или четирчлено семејство да биле во хотел во Грција. Тие што се богати, во Грција одат секој викенд, и или за одмор бираат егзотична дестинација или толку се влезени у бизнисот, што немаат време да одат на одмор.
Сите останати храна си носат од дома, затоа што во малите места во Грција едно што е многу скапо, второ - изборот е многу мал. Или ако не си носат од дома, купуваат од Лидл, а таму е поевтино отколку во Македонија.