karan
бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
- Член од
- 31 мај 2006
- Мислења
- 3.595
- Поени од реакции
- 2.720
Очигледно сакаш да манипулираш, и да тераш инает. Не сум рекол за Блаже Ристовски дека е неедуцирана личност, вие сакате да го прикажете како таков.Беха информирани и през отрези от зборовите на Jaнко, Блаже Ристовски. Самите тиja зборуваха и правиха пропаганда за внатрешна употреба, како например мисиjaта на Кирил и Методиj била антибугарска, како бугарската политика била за придобиване на души, как македонската култура била основата на барокот, бугарите не можели да се пофалат со христиjaнство, зборови от песната на Сузана Спасовска - "Маjка Македониja на цел свет ке докаже, Александар е цар македонски. ", ивето "словени" иде от македонските словени, от македонските склавинии?!?!, 2300 години от Александар наваму го чуваме аманетот во нашата душа и срце,добро доjдовте ДОМА, ЧЕДА НА МАКЕДОНИJA ... треба ли да зборуваме повеке за внатрешна пропаганда?
Сакаш да ни кажеш,дека академик Блаже Ристовски е неедуцирана личност?
Знаеш ли дека Ѓорѓе Иванов, а не Канго, е македонски претседател?
Според вас Македонците се предавници, изроди, крадци, српски измеќари.. Ако тоа не е говор на омраза, незнам што е.
Песните се единствениот аргумент кој ви преостана и вам и на Грците. Нема да го коментирам твојот беден обид да ја шириш темата на дискусијата.
За тие што не се запознати, ова е исполнување на стратегијата за "Бугарската политика кон Република Македонија" која е подготвена од бугарски експерти и историчари на крајот од 2007 година.
Божидар Димитров со неговата идеја помеѓу 3:20 и 6:40.
Оваа стратегија е прифатена од страна на бугарското државно раководство, и во моментов се спроведува комплетно во однос на Македонија.
1. Која е причината за изготвување на ваква стратегија:
-Треба да констатираме дека македонистката кауза се радува на повеќе внимание меѓу заинтересираните кругови и широката публика во Европа, Соединетите Држави и Канада, а тоа го има своето историско обjаснување.
-Но вистината е, дека ако сега во предприсоединувачкиот период за Република Македониjа неjзините билатерални односи со Бугариjа не се изградат врз коректна и здрава добрососедска основа, потоа Софиjа во многу мал степен ќе располага со инструменти со кои ќе jа брани своjата кауза додека можностите на Скопjе ќе се зголемат. А и наjjаките аргументи на Бугариjа тогаш би биле интелектуално и морално ранливи.
-Нерегистрацијата на ОМО Илинден ќе постанува сe потешко одбранлива теза,посебно после евентуелното членство на Република Македонија во НАТО, а уште повеќе во ЕУ. Се разбира, казусот е пред сe правен, но бугарската позиција и бугарската кауза несомнено би биле посилни ако на овој проблем побрзо се најде решение.
2. Кои се целите на бугарската политика кон Р. Македонија?
-Стриктно применување од страна на Република Македониjа на заедничката Декларациjа од 22 февруари 1999 година, коjа ги истакнува договорените от Бугариjа и Република Македониjа фундаментални принципи на добрососедски односи меѓу двете земjи, со регистрирање и отворено посочување на сите констатирани прекршоци на Декларациjата. Строгиот мониторинг за неjзиното применување треба да стане составен дел од оценките на Бугариjа и ЕУ за напредокот на Република Македониjа во постигнувањето на задолжителните услови и стандарди (вклучително условот за водење на политика на добрососедство) за членство во ЕУ и слично за НАТО.
-Уставот на земjата; покраj наброените албанци, турци, власи и роми, и потоа додадени срби и босанци, треба да наjдат место и бугарите, независно од нивниот броj, официjално деклариран во Република Македониjа.
-Несомнено, важен елемент од таква поддршка би била грижата за бугарското малцинство, чие признавање, позабележливо присуство и активност, и во краjна мера самоувереност, би го заjакнало, а не ослабело и бугарското каj оние, кои се самоопределуваат истовремено како бугари и како македонци. (Вреди да се одбележи за споредба, дека тие што се самоиндентификуваат какоетнички македонци, небугари во Бугариjа не се плашат од никакво „капсулирање” во своето одграничување од бугарите, и нивната кауза е добро претставена и популаризирана пред меѓународната заедница.)
-На бугарско барање, во учебниците, официjално одобрени од надлежните органи на Република Македониjа изричито да биде истакната бугарската народносна припадност (утврдена од светската историска наука) на истакнати фигури од нашата општа историjа како Св. Климент Охридски, Цар Самуил, браќа Миладиновци, Гоце Делчев.
-Државата може да продолжи да постои врз основа на денешните реалности без да ги проектира ретроспективно за изградување на некое неостварено минато, да постои признаваjќи ги бугарските историски реалности.
-Возобновување на уништените или фалсификувани натписи врз цркви, манастири, икони, фрески, чешми, мостови и сл., во склад со постоечките меѓународни стандарди во таа област. Помош за возобновување, односно отстранување на пречките за возобновување на 471 бугарски воени гробишта – едно особено болно прашање за Бугарија.
3. Како ќе се реализира оваа политика?
-Инструментите за применувањето на бугарската политика (институции какоминистерства, државни агенции, општини, амбасади, исто и научни установи, лобисти, политичари и др.);
-солидна внатрешно-бугарска подготовка на еден пакет од историски, културни, политички, географски, етнографски, економски и други аргументи во корист на горенаведените тези, пакет, кој би станал база за надворешнополитичката позиција на земјата.
-Овој бугарски пакет треба да биде добро балансиран со конзистентната политика на Атина за заштита на грчките интереси од недобрососедска политика на Република Македонија, така што општото применување да биде кооперативно спрема Скопје, а по можност – кумулативно и координирано.
-Ова наметнува целосно и спокојно координирање на бугарските позиции со САД и другите сојузници од НАТО и ЕУ, започнувајки со најбитните меѓу нив, а потоа при позитивни реакции – и со поспецијалните случаи какви што се Грција и другите релевантни балкански земји: Романија, Кипар, Словенија и Турција. Соодветно внимание треба да им се обрне на земји како Полска, Словачка и Чешка (а донекаде и Русија), чии политичари и научници давале некаква поддршка на југословенските разбирања за македонското прашање. Во крајна сметка, за секоја држава со која имаме дипломатски односи е неопходно разработувањето на специфички приод за нејзиното присоединување кон бугарската теза.
-Неопходно е максимално широко популаризирање на нашата верзија во европскиот медиумски простор.
- Неопходен е и постојан притисок по конкретни поводи во меѓународни правобранителски институции, вклучително преку невладини организации, кои се ангажирани со прашањето.
-Да се изгради административен капацитет за полесно и убрзано добивање на бугарско државјанство, а времетраењето на процедурата се скрати од години на месеци.
-Да се активира дејноста на Бугарскиот културно- информативен центар во Скопје за популаризирање на бугарската култура и политика во Република Македонија, со инвестирање на неопходниот ресурс.
4. Заклучок
-Доколку Бугарија ја изгради својата политика спрема Република Македонија на нивото на денешните предизвици – а би било национална безодговорност да се пропушти сегашната историска можност – ова условува и соодветната добра подготовка на бугарската јавност, медии и официјални институции, која да ги обезбеди поволните услови за успех (на бугарските историски тези и национално пропагандна кауза, м.б.).