Бугарија - новата Грција

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.582
Поени од реакции
2.693
Во услови кога Грција е во тешка државна, финансиска и политичка криза и е неспособна да се справува со сите проблеми, меѓу другото и со спорот кој го имаат отворено со Македонија за нашето државно име, нашиот источен сосед, Бугарија, доследен на историските навики, со цело срце ја прифаќа улогата на прв критичар, противник и негатор на македонското постоење.

Тие успејаа да ја наметнат во рамки на ЕУ непоткрепената теза за наводен "говор на омраза" во Македонија кон бугарскиот народ, и да ја користат "потребата од добрососедски односи" како инструмент за политичка уцена на македонскиот пат кон европска интеграција. Вината за ова е кај македонската држава и власт која не пласира соодветен одговор на ваквите манипулаторски обиди на Бугарите за дискредитација на македонскиот народ и држава.

Ние самите како да ја прифативме и свикнавме со позицијата на "суштински проблем", па нашите претставници во меѓународните организации и политички институции се концентрираат основно на одбрана и оправдување на сопствените постапки без да укажат на пропагандната хајка која дел од соседите ја водат на официјално ниво против македонската држава, народ, историја и култура.

Тие не успеваат да го претстават проблемот од наша гледна точка, а тој е: непрекинати провокации и навреди од страна на Бугарија, бесправна блокада на македонската интеграција во евроатлантските структури од страна на Грција, понижувачкиот и дискриминаторски однос кон нашата држава при приемот во ОН.

Едноставно, се се помина со разменување на протестни дипломатски ноти за расистичките извикувања на официјална парада на грчката армија, безбедносните ризици за македонските превозници кои транзитираат низ грчка територија, забрана за влез на македонски новинари и ставање на истите на "црни листи", или преќутување за малтретирањата на граничните премини, непризнавањето на македонското малцинство во Бугарија и Грција, македонската национална идентификација како објект на исмевање во сите бугарски медиуми (во што предничат дури и пред Грците)....

Сакам да кажам: Време е да престанеме да бидеме наивни и да бараме пријатели меѓу нашите непријатели. Тоа што нашите соседи не ни се интересни нам, не значи дека тие немаат интерес од нашето опстојување или непостоење, такви какви што сме.

Во Бугарија се создава масовна анти-македонска хистерија преку еднострано претставување на случаи како "Спаска Митрова" и "Мирослав Ризински", провокациите од Божидар Димитров, емисии во кои се навредуваат Македонците и каде македонската историја е една од основните и редовни теми како "Сите Бугари заедно" и "Час по Бугарија", претставувањето на филмот "Трето полувреме" како антибугарски, преку квалификации како "предавници", "антидржавни елементи", "титовисти", "српски слуги", "промиени мозоци", "крадци на историја" за припадниците на македонскиот народ и македонското малцинство во Бугарија, преку интервјуа на актуелни и поранешни амбасадори на Р. Бугарија во Македонија... Ваквиот анти-македонски тон преовладува и во речиси сите репортажи од Македонија во кои задолжително се укажува директно или индиректно на "македонистичките лаги, заблуди, фалсификати".

Еден во низата е и последниот таков обид - репортажа за "Скопје 2014", насловена "МакаДонија(М'кедонија)", која се прикажува на националната бугарска телевизија.

http://www.btv.bg/shows/tazi-sutrin/reportazhi/story/610956906-Skopie_2014_Zaprilichva_li_makedonskata_stolitsa_na_Disnilend.html

http://www.btv.bg/shows/btv-reporterite/videos/video/2053249354-bTV_Reporterite_MAkedoniya.html

Шемата е јасна, на ваков начин (комплетно идентичен со сосросоидните и грчки погледи) да се створи револт (не постои Македонец кој нема да се најде навреден од начинот на кој сме прикажани) и се понепријателски однос на Македонците кон Бугарија, кое подоцна ќе биде искористено како арсенал и материјал за докажување на "говорот на омраза" во Македонија и понатамошно наше дискредитирање и уценување во евроинтеграциските процеси.

Без разлика дали ќе одговориме на провокациите или ќе премолчиме, при непостоење соодветен одговор на институциите ние сме во секој случај губитници.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.100
Mораат да им се умилкуваат на гејците- јасно ко бел ден.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.582
Поени од реакции
2.693
Ако сакаат да им се умилкуваат нека одат на некоја грчка плажа, нека се слечат и готово. Ќе завршат работа.

Немаат право да не користат нас.

И не мислам дека е само умилкување во прашање, туку подолгорочна стратегија со цел да се наштети на Македонија.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Сите се уплашени од будењето на македонската национална свест. Ако таму македонското ткиво добие поворно македонски импулс тие стануваат неодрживи држави.

Македонецот како никогаш досега треба да се споти околу своите национални идеи и идеали и да заборави на сите други прикаски.
 
Член од
5 јули 2008
Мислења
50
Поени од реакции
5
Прилозите на бугарската телевизија се говор на омраза, за кој како држава би требало да побараме објаснување. Бидејќи потоа ќе ни спакуваат бугарски услови во ЕУ.
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.235
Поени од реакции
148
Во право се де имаме омраза. ‘‘Зошто?‘‘ треба да прашаат.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.565
Поени од реакции
634
Сите се уплашени од будењето на македонската национална свест. Ако таму македонското ткиво добие поворно македонски импулс тие стануваат неодрживи држави.
Македонецот како никогаш досега треба да се споти околу своите национални идеи и идеали и да заборави на сите други прикаски.
хахахахах:pos: абе што, дури и коските им се тресело од македонците,,хахахаххахах:pos: , Господе што нема да се чита овдека, кајгана и се е можно.:icon_lol:
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.580
Поени од реакции
835
хахахахах:pos: абе што, дури и коските им се тресело од македонците,,хахахаххахах:pos: , Господе што нема да се чита овдека, кајгана и се е можно.:icon_lol:
Не им се треселе им биле смачкувани од страна на Македонците кога немало ЕУ да ги брани. :mad:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
хахахахах:pos: абе што, дури и коските им се тресело од македонците,,хахахаххахах:pos: , Господе што нема да се чита овдека, кајгана и се е можно.:icon_lol:
Де прашај зошто Грција се плашеше да ја пренесува ватерполо утакмицата Македонија - Грција.
Ај избриши се што е поврзано со Македонија и македонско од Грција и Бугарија и кажи ми кој е остатокот.
Етиопија и Татарстан.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
9.667
Поени од реакции
14.339
Hема разлика меѓу Татар, Атињанин, Али Бабанец или Сврбин како сосед на Македонија......сите се исти.

Си *бале мајката за да си ги испружат нозете.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.582
Поени од реакции
2.693
"Случајните личности" кои се појавуваат во нивните репортажи се всушност добро избрани луѓе (припадници на опозицијата, луѓе од невладиниот сектор кои се финансираат од непознати фондови, Љубчо Георгиевски, Куртељо од Охрид и слични нему, историски неедуцирани личности како момчето што зборуваше за "битката меѓу Самоил и Волкашин") кои се користат за да се докаже дека: "Македонците немаат никакво познавање од историјата = тоа е доказ дека не се Македонци', и понатаму си продолжувате според вашите пропагандни тактики.

Заклучоците во вашите репортажи се однапред познати.

Има ли нешто во врска со Македонија за кое во Бугарија не се известува со иронија и насмевка?

Бугаритe нe ce тие што кажуваaт дали нeшто e македонскo или не е антимакедонскo. Mожеш да кажуват што е навредливо за Бугарија и Бугарите, а не за Македонија и Македонците.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.582
Поени од реакции
2.693
Каде е Куртело от Охрид, заштото не го видов никаде?!:pos: Ти дали виде емисиja или...просто зборуваш?! Халуцинали дали имаш?
Сега сериозно - след като на лугето останаха без медиуми, кои да не са платени, на нив им остана да одат по соседните телевизии да разкажуват што станува. Некоj jaвно не може да носи на критика и брзо реши да разчисти. Не само што не успетja на 100%, но и получи силни критики за замолчуване на медиумите от надвор.
Многу тивко пропушти емисиjaта што jaс е постирав? Зашто? - да не би заштото тамо се разбиват исто митови и легенди?
Не само Куртелов, кој ли се не свртевте по вашите репортажи.

Тие луѓе во моментов се политички, интелектуални, општествени маргиналци со многу ниска поддршка меѓу населението. И замисли тоа не е резултат на тоа што нив не им се дозволува да ги објаснат своите ставови на телевизиите кои биле под диктатура на власта, туку напротив тие се маргинализирани токму поради тоа што огромното мнозинство на македонскиот народ не се согласува со нивните ставови.

Одговори зошто се што е македонско во Бугарија е објект на навреда, омаловажување, етикетирање...? Дали таквиот однос и лицемерие не само во реалноста туку и на теорија придонесува и е добра основа за добрососедски односи?

Кажи што не е вистина од она што го напишав?

Вие со ентузијазам влеговте во грчката шема. Продуцирајќи провокации вие не придонесувате за соработка и разбирање, и сметам дека тоа го правите наполно совесно.

Не знајат за ,, Македонска молитва,, , за египтјаните и хунзите , не знајат за целата кичерија во Скопие ,даже не знајат дека ги сметате са татари и мотголоиди.
Ова се вашите адути. Вие не правите репртажа вие правите пародија и чесно е така да ја нарекувате.

За разлика од вас во Македонија секој има право да се изјасни како што сака. Ние не ги измисливме Египќаните, иако токму на тоа алудирате во репортажата. Комплетна бугарска измислица. Напротив нив многу повеќе ги има во Албанија. И можеме да водиме спор за нивното потекло, но не и за нивната национална припадност - тие се Еѓипќани.
Во најавата на btv дури рековте дека кралот и кралицата на Хунзите ги имало во нашите историски читанки. Поголема глупост немам видено.

Блаже Ристовски . . . арх. Вангел Божиновски . . . Jанко Jади Бурек?
Се е истина. И много од постовите во темата историjа во форумот са цитати од книгите на Блажето. Или повторение на казаното од Бурекот. И кажи речи сите тук са фанове на "арх." Божиновски.
"Јанко јади бурек" никој во Македонија не го есапи, но вие го претставувате како типичен примерок за Македонците. Јасна е целта.

Но Блаже Ристовски да го ставиш до "Јанко" е обид за омаловажување. Ако сте способни оборете ги неговите резултати, книги, ставови. Тој е сериозен научник, и очигледно вметнувањето на работи како "Јанко јади бурек", "македонска молитва" и слични глупости го правите за да ги дискредитирате македонската историја, македонскиот национален идентитет - бидејќи не можете на друг начин.
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Сега кога бугарот веќе ги спомна, нели ‘Јади Бурек‘ е авторска емисија со свои авторски права ... чисто се сомневам дека легално ги користеле изјавите и на академик Ристовски и архитект Божиновски.

Дотичниот автор на репортажата и телевизијата што ја пренесе па просто плачат за една тужба по основ авторски права ... ако има правник нека се изјасни поточно.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Да имаше овакви луѓе повеќе во Бугарија ќе се разберевме лесно, ама тоа гебелсовиот институт за Македонија во Софија, им го испраа мозокот на Македонција во Бугарија.

 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.571
Треба да им бидеме благодарни на овие хејтерски вукојебини пошто придонесуваат во освестувањето и обединувањето на заспаниот македонски народ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom