"Брза Помош" - колку е "брза"?

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Брзата помош е брза колку еден полжав, треба 200 пати да се јавиш за да дојдат.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105

Кажи ми од видеово колку коли му направија пат на амбулантново возило и дали во Скопје се полагаат тестови за возачка?

Колега во конкретниот случај сирените му фалат на шоферот ама факт е дека никој од околниве возила не се ни помрднаа.
Инаку не е оправдување дека не смееш да помрднеш пациент демек да не му наштетиш.Конкретно било кој можел да отрча до градска болница и да повика лекар. А што е најинтересно полицајците се тие кои што први требало да тркнат до Градска бидејќи секојдневно соработуваат со медицински лица. Возилото за Брза помош стигнало за 20-30 минути бидејќи толку можело најбрзо да стигне. Можеби имале во моментот сдруг критичен пациент па него го транспортирале. ВО претходните постови објаснував зошто се чека некогаш. Проблемот е во недостиг на кадар на лекари - на смена на пример навечер е дежурен еден лекар,една сестра, една акушерка(диспечерка) и еден шофер во Брза Помош а треба да се минимум дуплиран целиот персонал бидејќи ако отидат до некое село а во исто време има и друг случај не можат да се расцепат на две па да стигнат секаде на време.
Значи треба да има еден персонал да е стационар и еден да е теренски.. Ама тоа нема да биде во скоро време бидејќи тоа е дупли трошок за цела држава :)
И ете каде лежи проблемот кој се влече веќе со години и години.. А лекарите си киднуваат од Македонија после и да ги молиш не се враќаат веќе.. за 21 500 денари не се работи оваа работа..Па вие плукајте пак по Брзата помош. Идете до Министерот и бунете се зошто нема доволно персонал да стигне на време - тоа ви е најконструктивно.
 
pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Нема брза помош во Македонија.
Братучедками на породување имаше некои проблеми па мораше да се премести во Струмица бидејќи во Валандово немало услови.
Телињата од брзата помош не сакаа ни да го запалат возилото додека тој не им плати 1500 денари. (1500 ден Валандово - Струмица цкцккц)
Па моравме да чекаме да ни донесат пари во амбулантата па да ја носат за Струмица.
И после ако на некој му пукне филмот и истепа цел персонал во болница ке го прават терорист, мафијаш, атентатор, ненормален, психопат итн.
 
ако немала осигурување или картони секако дека тоа се плаќа на приватно..
Али првин требало да ви кажат дека во тој случај се плаќа и ако се согласите ќе ве однесат па после ќе платите. КОнретно правила не ги прават докторите туку МИнистерството и Фондот за здравство..
Сум имал таква ситуација ама ја однесовме жената на гинеколог па после си платија. Стои таму на вратите на Брза ПОмош што се плаќа а што не. Пишува и дека првин се спасува животот а после се бараат пари што во вашиот случај требало да ја однесата првин па после да ви бараат пари.
Најчесто жените си одат со такси во болница(ако немаат свое возило) ден два пред термин и се хоспитализираат пред да се породат во болничка установа на Гинекологија. Арно ама во Болниците ги враќаат пациентките дома(бидејќи немаат доволно легла сите да ги сместат) - тие кои што нема да родат денес или утре и најчесто завршуваат во Брза помош.
А општ лекар според мене не може да биде постручен од Гинеколог да породува жена.
И затоа кога ќе почнат болките наместо да бидат веќе сместени во Болница жените трчаат во Брза помош :) И кажи ми ти сега чија е вината?
Ќе се нервираш нормално ама не е крива Брзата ПОмош затоа што наместо да била братучетка ти веќе во Болница таа била во Валандово и нема Гинеколог да ја породи па ќе мора да иде у Струмица во Болница.
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Лично ми се има случено да ми искрвари човек и да ми почине на раце, затоа што итната помош не може да крене повеќе од 80 км/ч. Стари, амортизирани возила, страшна работа, тотално ги сфаќам и докторите и останатиот персонал што работи во итна или во било која област во медицината, шутрачка работа е тоа, ама никаде не е поарно, чекање, шалтери, процедури...

Плус за хронични болни се знае дека нема да им доаѓа итна помош, качил некој притисок, ќе си испие терапија и крај, знам многу пати се има десено кај мене у зграда постариве да викаат итна и да не им дојде, затоа што му се качил притисок...
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
ако немала осигурување или картони секако дека тоа се плаќа на приватно.....
Има гинеколог и гинеколошко одделение во Валандово. Гинекологот веројатно проценил дека пациентката треба да оди во Струмица, но не како итен случај (можеле да јаоднесат со свое возило во тој случај, со такси итн). Услугите на Брзата Помош се наплаќаат доколку пациентот не е итен случај (притоа треба да има слободно возило вишок, за да може да се одговори на итен повик кој би се јавил во меѓувреме. Ценовникот и правилникот за користење на услугите на БП се регулирани од МЗ и ФЗО.
 
Не мели.
Има гениколог во Валандово, се беше ок, се додека не почна породувањето, па нешто бебето не било ок наместено и мораа да ја пратата во Струмица на сред породување.
Значи таа веќе имаше болки, бебето беше на пат, а овие телињата не сакаа да возат додека не видат пари.
Ете на пример во моментот да неможевме да се снајдеме за пари, па нешто да се случеше на братучедками и бебето, кој ќе ставев на клада после што мислиш?
 
Претпоставувам во склоп на Здравен Дом? Ама нема Болница.И не прават царски рез така?
--- надополнето: 26 јуни 2013 во 02:47 ---
Не мели.
Има гениколог во Валандово, се беше ок, се додека не почна породувањето, па нешто бебето не било ок наместено и мораа да ја пратата во Струмица на сред породување.
Значи таа веќе имаше болки, бебето беше на пат, а овие телињата не сакаа да возат додека не видат пари.
Ете на пример во моментот да неможевме да се снајдеме за пари, па нешто да се случеше на братучедками и бебето, кој ќе ставев на клада после што мислиш?
Не мелам туку не ми е јасно зошто не ви дале кола бесплатно? Штом се работи за комплициран пораѓај значи потребна е болничка хоспитализација.
А ако почнал пораѓајот гинекологот не смее да препраќа туку да го заврши пораѓајот. Освен ако почнале болките а не породувањето и затоа ви наплатиле.И затоа пишав погоре дека болки може да има и два дена а да не се породи па ги враќаат после назад од болница - па затоа ви наплатиле.
--- надополнето: 26 јуни 2013 во 03:11 ---
Лично ми се има случено да ми искрвари човек и да ми почине на раце, затоа што итната помош не може да крене повеќе од 80 км/ч. Стари, амортизирани возила, страшна работа, тотално ги сфаќам и докторите и останатиот персонал што работи во итна или во било која област во медицината, шутрачка работа е тоа, ама никаде не е поарно, чекање, шалтери, процедури...

Плус за хронични болни се знае дека нема да им доаѓа итна помош, качил некој притисок, ќе си испие терапија и крај, знам многу пати се има десено кај мене у зграда постариве да викаат итна и да не им дојде, затоа што му се качил притисок...
И да возел 160 нема гаранција.. Без транфузија на крв ( а тоа сеуште немаат во брза помош ) и сопирање на крварењето и да стигне немал многу добра прогноза..Зависи дали било траума или само крварење од горен или долен ГИТ..

А тоа за дека не доаѓаат на повик не е баш така. Многу пати самите пациенти знаат да се уплашат навечер и да бараат брза помош да речеме за притисок и докторот по телефон ќе ги распраша за што се работи и ќе им даде совет да речеме да го испие апчето за притисок и ако не му е подобро да се јави пак..Ама најчесто сценариото е дека им велат да дојдат со такси или со свое возило до амбуланта бидејќи има само една екипа навечер..Зошто можеби во истиот момент ќе искрсне сообраќајќа да речеме или инфаркт или мозочен удар или некое бебе да не дише и ти отидеш кај неитен пациент, си ја оставил празна амбулантата без доктор и таму кај што секунди се важни тебе те нема и после кој е крив? Да се ставите само во нивна кожа..
А често знаат и да се јават да им се ставело инфузија и биле итни .. Зошто нивниот доктор (матичен) им доаѓал на домашна посета и им ставал..МУЗИЧКИ ЖЕЛБИ.
Или пак некој не си ги испил бомбоните па вечерва нема што да прави па знае да ѕвони погодете каде? Многу пати има лажни повици.. Или пак некој ќе се јави и после стигне амбуланто возило а нема повредени, пациентот станал и си отишол или одбива лекарска помош..
А хроничните болни? Тие се најчестите пациенти во брза помош..
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Многу лошо искуство со брзата помош во Македонија имам доживеано. Тетките во централа имаа среќа што бев мала, дека сега некоја ќе лежеше 3 метра под земја. Дур мојата мајка лежеше со добиен срцев удар, ме лажеа дека имаат пратено кола, второто јавување после 15 мин арогантно на телефон дека треба да излезам и да чекам, за на крај после пола саат да ми каже „абе моментално немаме кола„ :mad: Ја однесовме со приватна кола од комшија...
Во Германија двапати имам викнато брза помош, немаше ни 3 мин беа на местото.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
(ako ima vakva tema,molam da se spoj,ne mozam sega da baram)
Slucka od vcera sabota 16 -17 casot.
Mlada zena izlegla na ulica i bara pomos otkako ne ja dobila od tie koj se zadolzeni za toa nasata BRZAAAAA POMOS.
A barala preku telefon no dobila odgovor - ne doagame doma,na ulica ako e bolniot-povredeniot odime.
Se naogam i jas tamu,se javuvam pak i go dobivam istiot odgovor. A covekot na mladi godini lezi doma so poduen somak i golemi bolki i na noze ne moze da stoj.
( sum slusal deka taa brza pomos na povik za pomos prvo prasuva KOLKU GODINI IMA, i ako e star ne doagale) ama ova.
Nekako najdovme kola i bolniov go odnesovme na Hirurgija vo drzavna.Hitno snimanje i vednas na operacija(mu go otvorile stomakot i izvadile sto e visok,anus preter.taka nekako razbrav),posle 5 meseci ke trebalo uste edna intervencija i verojatno cel zivot so kesa pod pojas.No rano e za prognozi.
Dali BRZAAAAA POMOS pravilno postapila vo slucajov.Bolniot e osiguran i zaposlen so resenie pred dva meseci.Sto ako ne se najdese prevoz a tamosnite domasni nemaat kola. A od centar e 6-7 km.
Ajde BRZO vo Evropa so vakva BRZAAAAA POMOS.
 
Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.116
Со оглед на возниот парк што го имаат, чудно е што и воопшто успеваат да дојдат во дадени ситуации. Јас загубив блиска личност од семејството, поради тоа што доцнеа ама не ги обвинувам нив односно вработените. На нив би им дал медал за тоа што вопшто се нафатиле да работат во такви абнормални услови. Министерството за здравство е виновно за ваквата состојба, поточно сите министри кои низ годините си местеа тендерчиња и го полнеа џебот на нивните блиски. Имав ситуација на работа со повреда на вработен дојдоа после 2 часа. Среќа не беше во животна опасност вработениот. Тоа е реалноста за жал.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Mlada zena izlegla na ulica i bara pomos otkako ne ja dobila od tie koj se zadolzeni za toa nasata BRZAAAAA POMOS.
A barala preku telefon no dobila odgovor - ne doagame doma,na ulica ako e bolniot-povredeniot odime.
Se naogam i jas tamu,se javuvam pak i go dobivam istiot odgovor. A covekot na mladi godini lezi doma so poduen somak i golemi bolki i na noze ne moze da stoj.
Доаѓаат дома, од каде ова дека не доаѓаат. Им кажуваш адреса, куќа или стан и доаѓаат. Тоа што прашуваат за години веројатно заради капацитетот на возила и персонал, приоритет имаат (веројатно пак ќе кажам) помлади. И понекогаш зависно и од симптоми кои ќе им се опишат.
Не да ги бранам, и тие се луѓе, и тие грешат и го имаат истиот наш менталитет али сепак ...
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.372
Поени од реакции
19.959
Растргнати се насекаде и за жал мора да приоритизираат случаеви. Плус има голем недостаток на медицински персонал, недостаток кој ќе се зголемува во иднина. Битно чекориме смело кон ЕУ и НАТО...

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЦГК: ЗДРАВСТВОТО ИМА 183 АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА, НАЈУПОТРЕБУВАНОТО ПОМИНАЛО ДУРИ 1,36 МИЛИОНИ КИЛОМЕТРИ
1 милион и 360 илјади километри има поминато амбулантното возило на Здравствениот дом во Кичево. Две возила за итна помош од Струга и Отешево го држат рекордот- произведени пред 31 година , а сеуште во нив пренесуваат пациенти. Во цела држава има вкупно 183 санитетски и возила за прва помош. Ова се скромни бројки споредено со возила низ институциите или во бројки 2645 службени автомобили. , покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. На секое 15-то возило во кое се возат министри, градоначалници или други државни службеници има по 1 амбулантно возило.

„Просечната старост на амбулантните возила е 11 години, односно тие се просечно произведени во 2008 година. 13% од возилата се произведени во минатиот век, односно пред 2000 година.“ - се вели во истражувањето на ЦГК.

.Двете најскапи возила од 153.460 евра и 137.260 евра ги поседува Клиниката за детски болести од Скопје Најмногу амбулантни возила има во Скопје- 30 и во Охрид и Битола по 12. Првиот човек на Здравствен дом Скопје не сака да го коментира последното истражување и вели дека со сите сили се прават напори да одговорат на потребите на пациентите.

„Приказна за себе се и противпожарните возила од кои има голем недостаток во цела држава. Има вкупно 220 возила со кои се гасне пожар, а уште пострашни се податоците дека дури 70% од нив се од минатиот век, со просечна старост од 27 години. Првиот пожарникар во Скопје , Владимир Симоновски се пожали дека ретко кој од надлежните има слух за нивните потреби.“ - вели Злате Мехмедовиќ- директор на Здравствен дом Скопје.

Телоп- Владимир Симоновски- Јас откако сум директор пола година барам едно возило, комбе за ситни технички интервенции да не праќам големи возила поради проблеми со паркинг во случаи кога има заглавени граѓани во лифт , или заклучени деца, но не ни даваат. Наредната година се очекуваат 5 возила во Скопје, а досега само градоначалниците на Скопје и Куманово покажаа интерес да помогнат.

Овој сооднос на возилата предизвика негативни реакции во јавноста и потенцирање на потребата од дополнителни набавки на возила во кои се пренесуваат пациентите .

Додека двете најитни служби во државата кубурат со опрема и возила, граѓаните се револтирани од луксузирања на одредени функционери кои набавуваат скапи возила со државни пари. На пример струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој изјави дека е срамота градоначалник да се вози со Шкода, сакајќи да ја оправда набавката Аудито вредно 67 000 евра.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Неколку пати јас или моите кога викале секогаш доаѓале. Прв пат слушам на некој да му кажале дека не доаѓаат дома. Еднаш памтам не ни беше толку сериозна работата па дојдоа. Веројатно зависи од тоа колку се оптоварени во моментот па ако нешто не е толку итно гледаат по телефон да го решат. Ама дефинитивно не е точно тоа дека само на улица интервенираат а дома не :ROFLMAO:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom