Sungerot Bob
Живеј го животот
- Член од
- 7 август 2012
- Мислења
- 32.391
- Поени од реакции
- 36.508
Брзата помош е брза колку еден полжав, треба 200 пати да се јавиш за да дојдат.
Кажи ми од видеово колку коли му направија пат на амбулантново возило и дали во Скопје се полагаат тестови за возачка?
ако немала осигурување или картони секако дека тоа се плаќа на приватно..Нема брза помош во Македонија.
Братучедками на породување имаше некои проблеми па мораше да се премести во Струмица бидејќи во Валандово немало услови.
Телињата од брзата помош не сакаа ни да го запалат возилото додека тој не им плати 1500 денари. (1500 ден Валандово - Струмица цкцккц)
Па моравме да чекаме да ни донесат пари во амбулантата па да ја носат за Струмица.
И после ако на некој му пукне филмот и истепа цел персонал во болница ке го прават терорист, мафијаш, атентатор, ненормален, психопат итн.
Има гинеколог и гинеколошко одделение во Валандово. Гинекологот веројатно проценил дека пациентката треба да оди во Струмица, но не како итен случај (можеле да јаоднесат со свое возило во тој случај, со такси итн). Услугите на Брзата Помош се наплаќаат доколку пациентот не е итен случај (притоа треба да има слободно возило вишок, за да може да се одговори на итен повик кој би се јавил во меѓувреме. Ценовникот и правилникот за користење на услугите на БП се регулирани од МЗ и ФЗО.ако немала осигурување или картони секако дека тоа се плаќа на приватно.....
Не мели.ако немала осигурување или картони секако дека тоа се плаќа на приватно..
Али првин требало да ви кажат дека во тој случај се плаќа и ако се согласите ќе ве однесат па после ќе платите. КОнретно правила не ги прават докторите туку МИнистерството и Фондот за здравство..
Сум имал таква ситуација ама ја однесовме жената на гинеколог па после си платија. Стои таму на вратите на Брза ПОмош што се плаќа а што не. Пишува и дека првин се спасува животот а после се бараат пари што во вашиот случај требало да ја однесата првин па после да ви бараат пари.
Најчесто жените си одат со такси во болница(ако немаат свое возило) ден два пред термин и се хоспитализираат пред да се породат во болничка установа на Гинекологија. Арно ама во Болниците ги враќаат пациентките дома(бидејќи немаат доволно легла сите да ги сместат) - тие кои што нема да родат денес или утре и најчесто завршуваат во Брза помош.
А општ лекар според мене не може да биде постручен од Гинеколог да породува жена.
И затоа кога ќе почнат болките наместо да бидат веќе сместени во Болница жените трчаат во Брза помошИ кажи ми ти сега чија е вината?
Ќе се нервираш нормално ама не е крива Брзата ПОмош затоа што наместо да била братучетка ти веќе во Болница таа била во Валандово и нема Гинеколог да ја породи па ќе мора да иде у Струмица во Болница.
Претпоставувам во склоп на Здравен Дом? Ама нема Болница.И не прават царски рез така?Има гинеколог и гинеколошко одделение во Валандово. Гинекологот веројатно проценил дека пациентката треба да оди во Струмица, но не како итен случај (можеле да јаоднесат со свое возило во тој случај, со такси итн). Услугите на Брзата Помош се наплаќаат доколку пациентот не е итен случај (притоа треба да има слободно возило вишок, за да може да се одговори на итен повик кој би се јавил во меѓувреме. Ценовникот и правилникот за користење на услугите на БП се регулирани од МЗ и ФЗО.
Не мелам туку не ми е јасно зошто не ви дале кола бесплатно? Штом се работи за комплициран пораѓај значи потребна е болничка хоспитализација.Не мели.
Има гениколог во Валандово, се беше ок, се додека не почна породувањето, па нешто бебето не било ок наместено и мораа да ја пратата во Струмица на сред породување.
Значи таа веќе имаше болки, бебето беше на пат, а овие телињата не сакаа да возат додека не видат пари.
Ете на пример во моментот да неможевме да се снајдеме за пари, па нешто да се случеше на братучедками и бебето, кој ќе ставев на клада после што мислиш?
И да возел 160 нема гаранција.. Без транфузија на крв ( а тоа сеуште немаат во брза помош ) и сопирање на крварењето и да стигне немал многу добра прогноза..Зависи дали било траума или само крварење од горен или долен ГИТ..Лично ми се има случено да ми искрвари човек и да ми почине на раце, затоа што итната помош не може да крене повеќе од 80 км/ч. Стари, амортизирани возила, страшна работа, тотално ги сфаќам и докторите и останатиот персонал што работи во итна или во било која област во медицината, шутрачка работа е тоа, ама никаде не е поарно, чекање, шалтери, процедури...
Плус за хронични болни се знае дека нема да им доаѓа итна помош, качил некој притисок, ќе си испие терапија и крај, знам многу пати се има десено кај мене у зграда постариве да викаат итна и да не им дојде, затоа што му се качил притисок...
Да.Претпоставувам во склоп на Здравен Дом? Ама нема Болница.И не прават царски рез така?
Најверојатно.Освен ако почнале болките а не породувањето и затоа ви наплатиле.
Доаѓаат дома, од каде ова дека не доаѓаат. Им кажуваш адреса, куќа или стан и доаѓаат. Тоа што прашуваат за години веројатно заради капацитетот на возила и персонал, приоритет имаат (веројатно пак ќе кажам) помлади. И понекогаш зависно и од симптоми кои ќе им се опишат.Mlada zena izlegla na ulica i bara pomos otkako ne ja dobila od tie koj se zadolzeni za toa nasata BRZAAAAA POMOS.
A barala preku telefon no dobila odgovor - ne doagame doma,na ulica ako e bolniot-povredeniot odime.
Se naogam i jas tamu,se javuvam pak i go dobivam istiot odgovor. A covekot na mladi godini lezi doma so poduen somak i golemi bolki i na noze ne moze da stoj.
1 милион и 360 илјади километри има поминато амбулантното возило на Здравствениот дом во Кичево. Две возила за итна помош од Струга и Отешево го држат рекордот- произведени пред 31 година , а сеуште во нив пренесуваат пациенти. Во цела држава има вкупно 183 санитетски и возила за прва помош. Ова се скромни бројки споредено со возила низ институциите или во бројки 2645 службени автомобили. , покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. На секое 15-то возило во кое се возат министри, градоначалници или други државни службеници има по 1 амбулантно возило.
„Просечната старост на амбулантните возила е 11 години, односно тие се просечно произведени во 2008 година. 13% од возилата се произведени во минатиот век, односно пред 2000 година.“ - се вели во истражувањето на ЦГК.
.Двете најскапи возила од 153.460 евра и 137.260 евра ги поседува Клиниката за детски болести од Скопје Најмногу амбулантни возила има во Скопје- 30 и во Охрид и Битола по 12. Првиот човек на Здравствен дом Скопје не сака да го коментира последното истражување и вели дека со сите сили се прават напори да одговорат на потребите на пациентите.
„Приказна за себе се и противпожарните возила од кои има голем недостаток во цела држава. Има вкупно 220 возила со кои се гасне пожар, а уште пострашни се податоците дека дури 70% од нив се од минатиот век, со просечна старост од 27 години. Првиот пожарникар во Скопје , Владимир Симоновски се пожали дека ретко кој од надлежните има слух за нивните потреби.“ - вели Злате Мехмедовиќ- директор на Здравствен дом Скопје.
Телоп- Владимир Симоновски- Јас откако сум директор пола година барам едно возило, комбе за ситни технички интервенции да не праќам големи возила поради проблеми со паркинг во случаи кога има заглавени граѓани во лифт , или заклучени деца, но не ни даваат. Наредната година се очекуваат 5 возила во Скопје, а досега само градоначалниците на Скопје и Куманово покажаа интерес да помогнат.
Овој сооднос на возилата предизвика негативни реакции во јавноста и потенцирање на потребата од дополнителни набавки на возила во кои се пренесуваат пациентите .
Додека двете најитни служби во државата кубурат со опрема и возила, граѓаните се револтирани од луксузирања на одредени функционери кои набавуваат скапи возила со државни пари. На пример струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој изјави дека е срамота градоначалник да се вози со Шкода, сакајќи да ја оправда набавката Аудито вредно 67 000 евра.