Брејнсторминг: Како би се справиле ВИЕ со загадувањето во Македонија?

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
Воздухот не е релативно чист во цела година. Во останатите периоди кога Скопје не е врвот на листата, индексот на загадување е прилично висок ( во просек 70 мерни единици наместо рекордни 400-500 во зима ) . Тоа што во секоја европска земја аларм се крева и за 50ме, а ние тоа го сметаме како чист воздух кажува до каде се поместени границите.
Кај да ги видам податоциве? Јас Мој Воздух апликацијата ја проверувам во текот на целата година, односно секој или скоро секој ден, и тамо каде што живеам или најчесто се движам полињата, во поголемиот дел од денот - неретко и преку цел ден, се зелени. Пожолтеа и поцрвенеа сега пред некоја недела кога почна греењето.

Тој просек може да го крева одредена мерна станица кај што има локално загадување или ако има привремен пик во вечерните часови. А друга работа е што пак тоа не го менува фактот дека греењето е број еден загадувач и прво тоа треба да се реши. Мислам, според мене, кога јас би бил "премиер" :)
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Ќе им ги платиш дизелашите и дрвата на тие?
Нормално дека не. Со парите што би ги потрошиле на казни би имале да си стават подобра термо изолација на куќата и да купат клима уреди и да се грејат на струја ако веќе не можат на парно.

Дизелашите нека си ги заменат со јавен превоз. Ем помалку гужва низ град, ем почист воздух.
Како што кажав, субвенционирај ми барем 80% од трошокот за да се приклучам на гасовод, одма ги фрлам дрвата.
А имам комшии карши мене што се греат на "срања", не од што сакаат него зашто иначе ќе умрат од студ. Многу голем ефект ќе има тоа што ќе ги казниш нив.
95% од населението е должно да трпи 5% (ако и толку се) што не можат да си дозволат ништо и мораат да се грејат со што ќе стигнат? Не.
Oti tebe od koga ti e dizelasot ?
Бензинец со EURO 6d стандард ми е колата.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
95% од населението е должно да трпи 5% (ако и толку се) што не можат да си дозволат ништо и мораат да се грејат со што ќе стигнат? Не.
Па како ќе ги решиш со казна бе брат ако они немаат за леб? Не си ми јасен.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Па како ќе ги решиш со казна бе брат ако они немаат за леб? Не си ми јасен.
Епа или ќе мрзнат кај нив дома, или нека се тргнат од градот. Во краен случај нека завршат во затвор. Со нивното загадување заболуваат и убиваат десетици илјади луѓе, барем оправдано ќе лежат во затвор.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.591
Поени од реакции
37.519
... загадувањето мора да го има, сакале или не...може да се намали, но не и да исчезне, затоа треба да се стремиме повеќе да го неутрализираме отколку да се трудиме САМО да го спречиме, затоа што не е можно, тоа е циклусот!
...треба да се најде начин да се неутрализира, да се рециклира, да се преобрази, тоа е како кај „пубертетлија“ кога му излегуваат секакви израстоци, акни, гнојни бубулици, хормоните работаат зарем ние нив ќе ги спречиме? мора хормоните да работаат, мора да избиваат акни и секакви „кожни загадувања“ нашето е да се справиме да ги неутрализираме, исушиме, исчистиме за да имаме чиста кожа, но по извесен период пак ќе се нафрлат, па пак ќе ги чистиме, исушиме, остраниме... ...сакате да се греете со дрва, е ако де, нека чадат оџаците, ама на секој оџак горе филтер онаков кој ќе пушта само топол воздух и ништо друго, е филтерот треба да се измисли, ама еден век не измислиле ниеден антибиотик, а не пак друго!
:(
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.269
Поени од реакции
2.025
Јас пишав на првата страна од темава,кој од обичните граѓани не може да плати финансиска казна,нека му се изрече казна во вид на општокорисна работа во траење од 6 месеци.Еве,нека собира ѓубре или да сади дрва во паркови.Ако после тоа пак загадува,да биде стрпан во затвор и готово.
Македонец нема да се опамети без построги казни.
 
... што ако државата е главниот загадувач, кој кого потоа ќе стрпи во затвор и треба да плати построги казни?
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.074
Поени од реакции
7.161

Ваков сличен проект е потребен, на долгорочен план можеби би го решил проблемот. Греење на дрва секогаш имало, ама дрвјата се намалуваат од година во година. Но и 100 милиона дрвца да засадат, 99 милиони ќе бидат сечени бидејќи сме фиромјани во менталитет.

Ако веќе имам моќ, ќе вработам ако треба 10 000 луѓе само за да патролираат насекаде во секој дел од државата и сите што сечат дрва да бидат драстично казнети, до мера да не помислат да направат такво нешто. Освен сечата, драстични казни и на потпалувачите на отпад.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.737
Поени од реакции
27.730
Јас би оставил наслов на тема со КАПС ЛОК да биде напишана целата и не би ја сменил кога некој ќе се побуни.
Така ќе влијае на луѓето, нели @AlternativeF
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.430
Поени од реакции
16.737
Јас пишав на првата страна од темава,кој од обичните граѓани не може да плати финансиска казна,нека му се изрече казна во вид на општокорисна работа во траење од 6 месеци.Еве,нека собира ѓубре или да сади дрва во паркови.Ако после тоа пак загадува,да биде стрпан во затвор и готово.
Македонец нема да се опамети без построги казни.
На што да се греат оние кои живеат во места каде струјата не е постојана, каде нема друг начин да се грее освен со горење на огревно дрво?
 
M

Macedon1um

Гостин

Ваков сличен проект е потребен, на долгорочен план можеби би го решил проблемот. Греење на дрва секогаш имало, ама дрвјата се намалуваат од година во година. Но и 100 милиона дрвца да засадат, 99 милиони ќе бидат сечени бидејќи сме фиромјани во менталитет.

Ако веќе имам моќ, ќе вработам ако треба 10 000 луѓе само за да патролираат насекаде во секој дел од државата и сите што сечат дрва да бидат драстично казнети, до мера да не помислат да направат такво нешто. Освен сечата, драстични казни и на потпалувачите на отпад.
Дрвата може само да го ублажат загадувањето ама не и да го решат проблемот. Џабе ти се и 100 милиони дрва ако се греат луѓето на се и сешто, како превоз се користат коли од 90 и некоја а градежниците и индустријата не водат никаква сметка за животната средина туку само за својот џеб

На што да се греат оние кои живеат во места каде струјата не е постојана, каде нема друг начин да се грее освен со горење на огревно дрво?
Таму каде што струјата не е постојана нема ни голема загаденост од проста причина што нема многу население
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.463
Поени од реакции
9.915
Bas denes slusav prezentacija za istorija na upotreba na energensi vo Svedska - od 1950 so proekcii do 2090.

Ne mi e nimalku cel da gi sporeduvam dvete zemji (ne e ni mozno), cisto da spomnam sho smetam najbitno.

Od 1990 navaki, ima ogromna taksa na CO2 vo Svedska (jaglen, nafta, priroden gas, bukvalno se so ispusta CO2).
Od togas imaat nacionalna strategija na razvoj i sozdavanje obnovlivi i nezagaduvacki izvori na energii. Vrv na toa e izrabotka na
giga-fabrika slicna na Tesla, Northvolt. Predviduvaat vo idnina elektricen transport i vlozuvaat vo optimalno proizvodstvo na baterii.

Nema quick fix (brzo resenie) za Skopje. Situacijata denes e rezultat od se 30 i povekje godini nanazad. Ne otcekuvam ni so najoptimisticki scenarija nesto da se podobri vo naredni 10-20 godini.

Da ne kudam samo, sto bi pomognalo. Poima nemam kolku kosta parking, ama da se zgolemuva cena na parking se dodeka koli
se koristat stvarno za potreba, ne za glumenje gangster/faca.
Posto nemame stabilnost za kapitalni proekti (ni tramvaj, metro e naucna fantastika), da se isforsira nekako taksinjata da bidat pretezno elektricni vozila - i taka tie sto gi poseduvaat taksi kompaniite se megju najgolemite bogatasi vo zemjata.

Silno subvencioniranje na elektricni "mali" transporti - velosiped, trotinet, mini skuter, ili kako i da gi vikaat, mali masinki koi se na baterii. Mnogu se popularni po evropski matropoli, i mislam deka za Skopje bi bile super.

Da se zabranat stanbeni gradbi vo Skopje barem za eden politicki mandat :ROFLMAO:

Subvencii za inventer klimi za greenje e ekonomska parodija, ama kaj nas posto se e obratno, e top resenie.

Pravenje kaskaden/stepenast raspored na pocetni i krajni saati na rabota i skolo - mozda kje podnamali utrinska guzva.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.430
Поени од реакции
16.737
Таму каде што струјата не е постојана нема ни голема загаденост од проста причина што нема многу население
Цела тетовска околија се гуши деновиве у чад, а истата околија при поголеми минусни температури знае да нема струја по неколку саати.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.792
Поени од реакции
12.274
е филтерот треба да се измисли, ама еден век не измислиле ниеден антибиотик, а не пак друго!
:(
Сигурно има и други филтри, ова е патент на наши деца
како за почеток, одлично замислено, веројатно со можна доработка од професионалци.
 
M

Macedon1um

Гостин
Град Скопје повеќе не прави студии за трамвај, туку пред Нова година ќе почне да го гради, најави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на вечерашната трибина „Чекор по чекор за Скопје, две години со Петре Шилегов“.
Скопскиот градоначалник посочи дека новите автобуси ќе бидат на погон на водород кој произведува електрична енергија што ги движи, а нус производ е вода и имаат нула емисија на штетни госови во атмосферата. Тој очекува од февруари да бидат пуштени во сообраќај.

-Скопје ќе добие сосема поинаков јавен градски превоз што ќе овозможи да се забрани движењето на автомобили во централното градско подрачје, рече Шилегов. Нагласи дека паралелно ќе се развиваат двете трансферзали во Градот, исток – запад и север – југ односно, од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и од Кисела Вода до Бутел.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom