Брејнсторминг: Како би се справиле ВИЕ со загадувањето во Македонија?

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
@AlternativeF Зошто во текот на целата година воздухот е релативно чист, а само кога почнува грејната сезона е загаден? Отпадот само во овој период ли се пали?
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Само казни за сите што се греат на дрва/гуми/срања. Многу е проста математиката -- ако во лето немаме загадување иако и тогаш работат сите фабрики и релативно ист е процентот на луѓе што возат точак - одма се сфаќа дека проблемот е во греењето.

Како бонус би ги исфрлил сите дизелаши постари од 2015та од употреба.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.928
Поени од реакции
42.644
Само казни за сите што се греат на дрва/гуми/срања. Многу е проста математиката -- ако во лето немаме загадување иако и тогаш работат сите фабрики и релативно ист е процентот на луѓе што возат точак - одма се сфаќа дека проблемот е во греењето.

Како бонус би ги исфрлил сите дизелаши постари од 2015та од употреба.
Ќе им ги платиш дизелашите и дрвата на тие?
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
Само казни за сите што се греат на дрва/гуми/срања.
Како што кажав, субвенционирај ми барем 80% од трошокот за да се приклучам на гасовод, одма ги фрлам дрвата.
А имам комшии карши мене што се греат на "срања", не од што сакаат него зашто иначе ќе умрат од студ. Многу голем ефект ќе има тоа што ќе ги казниш нив.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.928
Поени од реакции
42.644
Дизелот е лесно да се реши, една забрана за увоз на половни дизели патнички возила и готово, за едно 10тина години ќе ги снема. Само кој ќе гледа толку далеку, нас ни требаат мерки сеа, како бесплатни денови у јсп да не можеш во автобус да влезеш, такви иновации не овоа глупостиве како укинување на увоз на кршеви.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
@AlternativeF Зошто во текот на целата година воздухот е релативно чист, а само кога почнува грејната сезона е загаден? Отпадот само во овој период ли се пали?
Тешка работа дека е чист цела година. Ама ај ќе се правиме дека не се гори отпад, она што не го знаеме не може да не’ повреди :P
 
M

Macedon1um

Гостин
Ако се погледне анализава податоците кажуваат дека најголемо загадување се прави од:
1) загадувањето од загревање на домовите 32%
2) сообраќајот 20%
3) прашината создадена од неуредените површини, уличната прашина и прашината од градежните активности 19%
4) индустрија 18%
5) сулфатни и нитратни соли 9%
6) прекуграничниот пренос на загадувачки супстанции – 2%.

Што значи потребно е сет на мерки и голема соработка помеѓу владата, локалната власт и граѓаните..
1) За почеток убрзување на гасификацијата, помали трошоци за приклучок и сметки, задолжително приклучување на зградите во системот особено новите, поголем буџет за субвенции за инвертери, строга забрана за користење на мазут/ќумур како и зголемување на казните за греење на пластики и сл глупости
2) Сообраќајни решенија за растеретување на сообраќајот, градење на подобра инфраструктура за алтернативен превоз (велосипеди, тротинети итн) како и субвенции за купување на истите, она со налепниците за издувни гасови беше во ред со тоа што на оние со зелена (понови коли) би им ја намалил регистрацијата а на оние со црвена (зголемување на регистрација) па и ограничување каде смеат да се движат - во строг центар па и градски средини само одредени саати, секако и буџетот за монтирање на плин да биде поголем. Трамвај и многу поефтин а ефикасен (со доволно и редовни линии) градски превоз
3) Прашината од неуредени површини директно последица од неодговорните локални власти така да јасно е што треба да прават за да го нема тоа, истото и за уличната прашина (ако минат цистерни почесто) од јавните претпријатија ќе се намали, а за последното од градежните активности не смее да има компромис - градежниците и така имаа екстра профити така да мора инспекција почесто да се види дали ги почитуваат правилата.. затворени камиони кои превезуваат материјали, шут итн.. при работа каде што се создава прашина да биде задолжително користењето на оросувачи со кои прашината не би одела во воздухот.
4) Исто како и градежниците и тука не треба да има никаков компромис, филтри на индустриските капацитети да биде задолжително. Интегрираните еколошки дозволи да се почитуваат до максимум и инспекторите да си ја вршат работата, онаму каде што е можно инд. капацитети да мора да се гасифицираат.. и да не се застанува само на воздухот туку мерките да се прошират и кон заштита на реките, не може индустриските капацитети да исфрлаат се и сешто без прочистување.

Дополнително
Максимално користење на сонцето како извор на електрична енергија и топла вода првенствено во државните и јавните претпријатија, тргање на лимитите за kw по домаќинство од фотоволтаици, зголемување на капацитетите на Македонски шуми да произведуваат повеќе саден материјал и да има почесто пошумување од нивна страна, промена на законите да не може да се користи опожарено дрва (сега намерно ги палат) и заштита на шумите оти сега шумската мафија работи во спрега со локални мафијаши и директно влијаат негативно врз квалитетот на воздухот. Едукација на земјоделците за штетноста од палењето на земјоделските остатоци и субвенции за набавка на мулчери со кои поефикасно би се справувале со остатоците во земјоделството. Забрана за увезување на отпад под итно, како и изградба на регионални депониии каде што поефикасно би се менаџирало со отпадот од домаќинствата.. срамота е во 21 век да се пали кога може да се рециклира

За почеток буџетот од 9 милиони евра кој го добиваат партиите за избори нека го пренасочат на мерки против загадувањето, нека им зголемат данок на казината и кладилниците и парите да одат за мерки против загадувањето и ете солидна сума која може да се искористи во корист на граѓаните.
 
Последно уредено:
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
@AlternativeF Зошто во текот на целата година воздухот е релативно чист, а само кога почнува грејната сезона е загаден? Отпадот само во овој период ли се пали?
Затоа што во зима се случува инверзија (има листа на градови кои се зафатени од овој проблем, некои се милионски метрополи, ама има и доста што се малку поголеми или колку Скопје, со таа разлика што ние нормално предничиме пред сите нив) и загадувачите, помешани со маглата која што се појавува во тој период од годината создаваат смог кој останува во најнискиот слој и другото за жал ни е познато.
Во Скопје години наназад си постои проблемот со смогот, ама во скоро време е апла излезена од контрола работата и затоа рушиме рекорди со 1000ките.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
Тешка работа дека е чист цела година. Ама ај ќе се правиме дека не се гори отпад, она што не го знаеме не може да не’ повреди :P
Па чист е, тоа е факт, имаш мерни станици, имаш апликација, се гледа тоа.
Точно е тоа све што кажа во претходните постови дека се гори отпад, се загадува итн. ама тоа е малце поширока тема, а греењето е најголем директен загадувач во овој период што го потврдува и онаа анализа од погоре и мислам дека од тамо треба да се почне.

Затоа што во зима се случува инверзија (има листа на градови кои се зафатени од овој проблем, некои се милионски метрополи, ама има и доста што се малку поголеми или колку Скопје, со таа разлика што ние нормално предничиме пред сите нив) и загадувачите, помешани со маглата која што се појавува во тој период од годината создаваат смог кој останува во најнискиот слој и другото за жал ни е познато.
Во Скопје години наназад си постои проблемот со смогот, ама во скоро време е апла излезена од контрола работата и затоа рушиме рекорди со 1000ките.
Не ли мислиш дека и покрај оваа појава, воздухот во нашиов случај сепак ќе биде значително почист ако се реши број еден загадувачот - загревањето на нееколошки начин?
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Не ли мислиш дека и покрај оваа појава, воздухот во нашиов случај сепак ќе биде значително почист ако се реши број еден загадувачот - загревањето на нееколошки начин?
Апсолутно мислам дека ќе се подобри квалитетот на воздухот, нигде не кажав дека нема. Иако како што се спомна веќе претходно, екстремно голем проблем е горењето на увезен отпад, покрај сите други срања. Само кажувам дека постои природен феномен што го комплицира проблемот, а со кој многу луѓе не се запознаени, а уште помалку па властите неспособни.
 
S

ski

Гостин
Сељачаната сиктер у нивните родни села кој од каде дошол таму,толку треба решен проблем.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.601
@AlternativeF Зошто во текот на целата година воздухот е релативно чист, а само кога почнува грејната сезона е загаден? Отпадот само во овој период ли се пали?
Воздухот не е релативно чист во цела година. Во останатите периоди кога Скопје не е врвот на листата, индексот на загадување е прилично висок ( во просек 70 мерни единици наместо рекордни 400-500 во зима ) . Тоа што во секоја европска земја аларм се крева и за 50ме, а ние тоа го сметаме како чист воздух кажува до каде се поместени границите.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.612
Поени од реакции
37.574
1572536829979.png 1572537038013.png
... Тајланд и САД !

1572537142132.png 1572537194936.png
... Полска и Италија!

1572537864493.png 1572538604803.png
... Шпанија и Бугарија !

1572538012334.png 1572538190539.png
... Србија и Грција !

1572538256251.png 1572538743280.png
... и Македонија !

1572538804462.png 1572538930103.png

...никој не го решил проблемот, можеби неосетно го намалил но далеку од тоа да е најдена крајна солуција против загадувањето, па бил од каков извор помал и поголем во загадувањето!
...и сите како што читам размислуваат во тој правец каде не се доаѓа до крајно решение, затоа што не може современа технологија да се „скроти“ во загадувањето со стари, класични методи кога таа не беше развиена!
... е сега @Acid, конкретно ми ги дава моите 5 минути на власт со сите потребни ресурси и команди и тотална власт да го решам проблемот! :unsure:
...би ги собрала сите хемичари, физичари, инжињери од секоја бранша, иноватори, машинци, визионери, архитекти, би им ги дала сите овие проблеми како задачи, да би се неутрализирале на хемиски, физички, „научно фантастичен начин“ би ги финасирала за да успеат како знаат да ги неутрализираат сите штетни честиците со иновација на апарати кои ќе го исмука цел смог, а од друга страна би излегле рециклирачки пакети за друга примена!
... би ги собрала сите научници зоолози, биолози, морепловци, генетичари, па авантуристи кои би биле иноватори да со заеднички идеи би измислиле некое животно или растение кое со соодветна мутација на ДНК би се хранело со ѓубре, а би дишело смог, а би ослободувало кислород!
...би ги собрала потемпераментни деца од градинка и првоодделенци и би поставила решавање на некоја игра која би се поврзало со загадувањето и би ги слушнала нивните детски решенија и начинот како би тие се справиле со такво нешто по нивни детски памет како од Алиса од земјата на чудата!
... и сето тоа кога ќе се спои, ќе се најде интересни решенија со што ќе се реши проблемот за загадувањето !... ова како прв дел! :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom