Брејнсторминг: Како би се справиле ВИЕ со загадувањето во Македонија?

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.204
Поени од реакции
34.441
Во контекс на темата ЗАГАДУВАЊЕТО НЕ СОПИРА, СЕКОЈА ГОДИНА НОВИ 4.500 ЗАБОЛЕНИ ОД РАК!, сакам да скршнеме малку од стандардната дискусија и да ги чујам вашите креативни предлози. Имаме ваква ситуација: Власта, без разлика од кого е водена, очигледно не прави доволно за да го сопре загадувањето. Дишеме ѓубре, а поради тоа - данокот го плаќаме сите со нашето здравје. Загадувачите, горе-долу, се детектирани (валкано греење, индустрија, палење на отпад од дивтари и легални депонии како Дрисла и тн.). Но, ништо не се случува кое навестува дека работите во скоро време ќе се променат на подобро.

Па, ајде да си ја замислиме оваа ситуација:

- Ти си на чело на партијата која е на власт. Премиер. Имаш голема поддршка.
- Под твој контрола се сите институции. Можеш да менуваш закони. Претседателот е со тебе.

1) Кои конкретни мерки ќе ги преземеш?
2) За колку време со овие мерки би почнале да чистеме чист воздух?


Не дека „сајнс фикшн“ предлози не се дозволени, но, да се обидеме да се задржиме на мерките кои всушност можат да се реализираат.

Бујрум :)
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
1.Забрана за користење на автомобили. Или барем ограничено користење. Изготвување на на детален план и распоред на јавен транспорт и зголемување на бројот на линии со цел да им се олесни транспортот на граѓаните. За тие што сакаат да користат автомобил секако казна.
2.Поголемо промовирање и финансирање на проекти за користење на велосипеди, тротинети и сл. Пример и за децата да се учат како да бидат дел од сообраќајот во голем град би било добро да има и часови или денови кога ќе бидат надвор, на велосипед или тротинет.
3. разделување на одпадот.
4. акции за собирање на одпад.
5. казни за секој што фрла одпад на погрешно место.
6. охрабрување на домаќинствата за издвојување на био одпад.
7. изградба на повеќе затворени депонии и рециклажни фабрики.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
1. Сите големи институции кои користат мазут, да се префрлат на гас. Убедливо најголеми загадувачи.
Извештај од секое правно лице до посебна комисија со опис на кој начин се греат.
Секое правни лице да има субвенции доколку користи парно греење.
2. 24/7 инспекциски служби за потпалување на диви депонии и воведување на мерка притвор за потпалувачите. Воедно, отворена линија за пријавување на диви депонии до секоја општина. Можност за отповикување на градоначалникот по нереагирање на нпр. 10 архивирани пријави за диви депонии.
3. Построг технички преглед на возилата (типичен пример, вчера еден пред мене имаше чад како да користи гумени бомбони како гориво)
4. Секоја градежна дозвола во зависност од број на станови да повлекува одреден број на засадени високостеблести дрва (или соодветно заменето со зелен покрив)

ова вака на прва што ми текна...
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
(MOAB или FOAB, зависи кој ќе ни излезе у пресрет од САД или Руска и да ни поклони по некоја. И ден после тоа од ново нафајќање и градење од 0, со стриктен ДУП прво подземен)
За пореално- Гас пред се. Па ДУП каде, што може да се гради, до колку спрата, какви материјали, од каде струи ветер никако градење и сл.
Фабриките и депониите афкорс десетина километри подалеку од градовите, од страна луѓе со интегритет неподмитливи инспектори за надзор, казни огромни за што се се гори од најголемите фабрики, па до најмалите погони и домаќинства (али ипак ако се иде по редоследов гасот би завршил работа)...
Субвенции за фотоволтаици, за електрични коли, забрана на дизел, и под еуро 5.
Неаме сеа ни паркови више у централно градско подрачје, секој парк го изградија со 20катници. Ќе треба и повеќе паркови, зеленило да има. Водно пошумување целосно и никакво градење таму...

И мислам една битна ствар што е очигледна, кај што е стандардот на живеење слаб и мизерен, и плус народот необразован доволно и квалитетно, загадувањето на воздухот иде уз нив автоматски. Така да и на тоа ќе мора да се работи.

Значи мн слојно прашање е ова, мн аспекти треба да се земат впредвид и да се решат. Не е само забрани коли у најзагаден ден, или пар-непар таблици возење, или дај 200 конвектори и готово
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.732
Поени од реакции
4.483
Во контекс на темата ЗАГАДУВАЊЕТО НЕ СОПИРА, СЕКОЈА ГОДИНА НОВИ 4.500 ЗАБОЛЕНИ ОД РАК!, сакам да скршнеме малку од стандардната дискусија и да ги чујам вашите креативни предлози. Имаме ваква ситуација: Власта, без разлика од кого е водена, очигледно не прави доволно за да го сопре загадувањето. Дишеме ѓубре, а поради тоа - данокот го плаќаме сите со нашето здравје. Загадувачите, горе-долу, се детектирани (валкано греење, индустрија, палење на отпад од дивтари и легални депонии како Дрисла и тн.). Но, ништо не се случува кое навестува дека работите во скоро време ќе се променат на подобро.

Па, ајде да си ја замислиме оваа ситуација:

- Ти си на чело на партијата која е на власт. Премиер. Имаш голема поддршка.
- Под твој контрола се сите институции. Можеш да менуваш закони. Претседателот е со тебе.

1) Кои конкретни мерки ќе ги преземеш?
2) За колку време со овие мерки би почнале да чистеме чист воздух?


Не дека „сајнс фикшн“ предлози не се дозволени, но, да се обидеме да се задржиме на мерките кои всушност можат да се реализираат.

Бујрум :)
Мислам дека траги-комичното е што не ни треба научна фантастика. За жал реалноста е дека решенија постојат само на долг рок.

1. Први би биле структурни реформи т.е стоп за урбаната мафија и со тек на време рушење на одредени клучни згради кои оневозможуваат проток на воздух. И нормално оневозможување за повторна анархија.
2. После тоа ни треба енергетско решение т.е една нуклеарна централа како најсигурна и најзелена варијанта или барем гасовод.(Ова е научна фантастика :pos: )
3. Дигитализација и децентрализација. Реалноста е момемнтално дека освен Скопје останатиот дел од Македонија е мртов на скоро сите полиња,(Едукација, Култура, Забава итн), а воедно и луѓето се приморани за секоја административна ситница да идат до Скопје кога реално тоа може се да иде преку интернет.
4. Забрана за стари автомобили(барем во урбани средини)
5. Враќање на зелени површини
6. Ефективно менаџирање со отпад и соодветни казни и забрани

П.С Би рекол дека по две години би имало видливи резултати проблемот е што кај нас треба воедно и цела администрација да ја реформатираш за нешто да мрдне од место.
П.С2 Технички се се сведува на влошената економска состојба во последниве 20 години. Луѓе со повисоки и постабилни примања би имале повеќе време да се занимаваат со овие проблеми, а воедно и кога луѓето со ниски примања би имале повисоки примања не би гореле гуми и други срања и/или не би возеле крш автомобили.

П.С3 За поконкретни мерки го имаш и ова
 
Последно уредено:

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Муабетите за колите и греењето се до некаде млатење празна слама. Не викам дека не придонесуваат за загадувањето, особено оние коли што баба ги возела и кога ќе стиснат гас испуштаат димни сигнали, а и што се горат секакви дрва за греење.
Но, пред се треба да се воведе забрана за увоз и палење на токсичен отпад. Депонија ни е целава земја, секаде каде што има печки се палат цели шлепери токсичен отпад.
Може до бескрај и назад да си пишувкаме „да возиме точаци и да садиме дрвца“, да си играме аналитичари и екологисти со рециклирање и позајмени идеи за некои мерки кои се козметички малтене, можеби ќе смениме 0.1% со тоа.
Ама се додека не си признаеме и обелодениме од каде всушност доаѓа проблемот и не се реши тоа - ништо нема да се смени. Само што овој проблем бара системско решение кое кај нас на практично ниво не е ни достапно, ни возможно, ни применливо.
Така да, да резимирам на кратко, јас би се справила со загадувањето така што би носела маска кога излегувам се додека не ми се укаже прилика да си отидам од Р. С. Македепонија.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Муабетите за колите и греењето се до некаде млатење празна слама. Не викам дека не придонесуваат за загадувањето, особено оние коли што баба ги возела и кога ќе стиснат гас испуштаат димни сигнали, а и што се горат секакви дрва за греење.
Но, пред се треба да се воведе забрана за увоз и палење на токсичен отпад. Депонија ни е целава земја, секаде каде што има печки се палат цели шлепери токсичен отпад.
Toчно е дека има важни работи како тоа што го спомна, меѓутоа ние пред се немаме култура за грижа за животна средина. Дури и да сопри тоа сепак културата и сваќањето за важноста на природата и нејзиното незагадување мора да се дигне на поголемо ниво.
Оди те молам Тетово и Гостивар и ѕирни ја Вардар, ма да скопје не е нешто подобро.
За големите загадувачи се сложувам. Меѓутоа ако свесноста се подигне ова нема да е само на форумско ниво.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.200
Поени од реакции
41.576
циганите би ги казнувал што горат гуми, кревети и разно разни други намештаи. Тие што палат диви депонии поред Лепенец и ги палат истиве ствари што и циганиве и прават скоро секој втор ден да ми е загадено исто така.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.267
Поени од реакции
2.006
1.Затворски казни за најголемите загадувачи,а за помалите финансиски глоби од 250 до 2000 евра.Ако некој нема пари да плати,тогаш да извршува општокорисна работа 6 месеци.
2.Забрана за возила во дел од центарот на Скопје,освен за автобуси и возила на Брза Помош,Полиција и Пожарна.Истово и за Куманово,Тетово и Битола.
3.Набавка на електрични автобуси и повеќе да не се пуштаат старите.
4.Поставување камери на повеќе места во градовите.Оние кои ги пуштаат кучињата да вршат нужда во парк ќе бидат казнети на еден од начините наведени во точка бој еден,а истото и за оние кои фрлаат ѓубре надвор од кантите,корпите и контејнерите.
5.Забрана за пушење цигари секаде.
6.Намалување на авио-сообраќајот.
7.Награди за оние кои не загадуваат : помали износи во сметките за струја и вода,ваучери во вредност од 3.000 до 6.000 кои ќе можат да ги употребат во маркети и бутици(ова за граѓани со примања помали од 30.000 денари),субвенции за електрични автомобили и електрични тротинети за најсовесните граѓани.
8.Воведување задолжителен предмет „Екологија и Еколошка Свест“ во основното,средното и високото образование.
9.Враќање на „Ден на Дрвото“ со задолжителна обврска на сите ученици и студенти како и на други граѓани од 18 до 65 години да засадат од 2 до 7 дрва.
Учениците и студентите кои ќе го направат тоа ќе бидат наградени со ваучери за електрични уреди,а другите на некој од начините наведени под точка број седум.Оние кои нема да го направат тоа,ќе бидат казнети.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Ако бидам на власт 150 години (можеби) ќе го решам проблемот. Зошто 150 години? Затоа што толку време треба за да се обнови една опожарена (или опустошена од дрвокрадци) шума. Додека чекам шумата да се обнови ќе ги срушам сите мали куќи во Скопје. Наместо нив ќе изградам блокови од висококатници во кои ќе живеат луѓето. Наместо куќите да зафаќаат цел квадратен километар ќе зафаќаат 20 хектари. Останатото ќе биде зеленило, паркови и шумички. Секој блок ќе има катни гаражи кои делумно ќе бидат под земја. Паркинзите ќе бидат покриени со фотоволтаични панели. Висококатниците исто.
Понатаму (доброволно) ќе ги раселам половина од жителите на Скопје. Ќе забранам секаква индустрија која е потенцијален загадувач и ќе ги натерам да ги преместат погоните во малите градови.
Ова за првите неколку мандати. Понатаму ќе преземам мерки против палењето отпад, мерки за спречување на шумските пожари, мерки против нееколошките автомобили. За време од четириесетина мандати Македонија ќе биде зелена оаза. На краток рок ништо не може да се направи бидејќи ситуацијата во целост е испуштена од контрола.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
3.279
Најголем проблем се создава кога почнува грејната сезона, така да прво би се посветил на таа проблематика, односно како да префрлам што поголем број од домаќинствата и институциите на еколошки методи на загревање. Нормално ако дозволува буџетот би субвенционирал 100% од трошокот за приклучок на гасоводна мрежа во населбите кај што е најзагадено, субвенции за инвертери, згрижување или помагање на домаќинствата кои се греат на отпад итн.. Секако во реалноста нема пари за такви нешта, но сепак би направил нешто во таа насока затоа што загревањето го загадува воздухот најмногу.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Горе долу добри предлози се напишале, посебно тоа со големите потрошувачи кое го спомна @santelli кои мора приоритетно да го погонот на кој се греат.

Но малку порадикално и нереално пошто @Acid дозволи и сајн-фикшн предлози, ќе прогласам неколкудневна воена состојба, ќе ја употребам армијата и ќе испоасам се што пали отпади, гори гуми и пластика, ќе ги конфискувам сите печки на дрва, ќе ги запленам сите постари возила, и не само на приватни лица туку пред се на градежници и слични фирми, ќе им затворам градилишта привремено, ќе се задужам со огромен кредит и на сите овие ќе им дадам поеколошки опции на греење.

А да, сите оние железари, топилници и слични индустриски објекти, со динамит ќе ги срамнам со земја, кур ме боли за индустрија и за вработени таму, нека работат земјоделие.

Има државата да ја направам Кампучија.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Toчно е дека има важни работи како тоа што го спомна, меѓутоа ние пред се немаме култура за грижа за животна средина. Дури и да сопри тоа сепак културата и сваќањето за важноста на природата и нејзиното незагадување мора да се дигне на поголемо ниво.
Оди те молам Тетово и Гостивар и ѕирни ја Вардар, ма да скопје не е нешто подобро.
За големите загадувачи се сложувам. Меѓутоа ако свесноста се подигне ова нема да е само на форумско ниво.
Па тоа секако, ама тоа е да речеме една третина од проблемот. Можеби и помалце, ако се земе предвид кој е најголемиот предизвикувач на загадувањето. Не дека ќе ни дојде лошо да се освестиме, напротив, ми се прави грутка во желудник кога ќе ги видам децата низ маало како си купуваат мастики од продавница и хартијата ја фрлаат право на улица, или кога ќе ги видам комшиите како фрлаат ќеси ѓубре во корпите за ситен отпад во паркот пред зграда. Во Тетово одев два пати неделно минативе три години, секој пат се „восхитував“ од околината. Дефинитивно свеста за овие работи што ги пиша ни е во негатива.
Како што реков, тие се „козметички“ проблеми да речеме. Далеку се од небитни, ама еве на пример и пред десетина години исто луѓето немаа никаква свест и култура, а немаше вакво загадување на воздухот. И не дека не знаевме дека имало, туку стварно немаше. Никогаш не ми се случило порано да излезам и кога ќе се вратам дома да ми мириса косата на ауспух. Нити се случуваше прозорите за една недела да се направат лом. А луѓето на исти горива се грееја, уште полоши коли возеа (немој некој да ми каже дека 101 беше еколошка кола). Куршлусот на друго место е очигледно.
Цело време се пробува да се фрли вината на колите и на греењето, а безумно се градеа згради, се исече секое гранче во центарот на Скопје, па и во другите населби, се спуштија сите стандарди за урбано планирање, се увезоа тони и тони отпад. Колку и да ја кренеме сега свеста на народот, ако системски не се реши проблемот џабе ќе бидеме освестени.
 
Член од
25 ноември 2017
Мислења
234
Поени од реакции
244
Ќе цитирам интересен текст..
Читам :"НА ЧЕЛО на листата на загаденост во ЕВРОПА??? (меѓу првите пет ВО СВЕТОТ) Податоци од европски мерни станици кои никој не ги демантира..."
Прво и основно за да може и нашата народна реакцијата да биде целисходна и има барем теоретски шанси за успех е да откриеме што реално стои зад оваа смртоносна појава.Дефинитивно не е нормална и гарант не е божјо дело.Вака бараме лек без да имаме дијагноза. Со точна дијагноза лекот , ако го има...секогаш е пет пари (фигуративно). Самата закукуљеност-замумуљеност на објаснувањата досега упатуваат на нечиј голем злочин. А такво нешто без политика да е замешана не постои. Прво и основно, кои и каде се тие европски мерни станици, кој ги одржува и што мерат??? Факт е дека е воздухот загаден за никаде...опасно е да си надвор. Но кој, со што ,зошто и како мора да се знае. Овде веќе Ѓаолот ја однел шегата...Мислам дека некој цална некоја пара, за која и тогаш реков дека е смешно мала и очигледно е пљачка.. за некаков дрон и соодветен софтвер за аерофото и ГИС за надгледување на Скопската котлина и лоцирање на загадувачи од овој вид.., кои горат и чадат, во реално време. И дење и ноќе и кога врне и кога вее и кога бура коси...
До каде е тој проект. Мукла . А исто се сеќавам дека оснивачот беше некој ракоположен. Како и овој сега со хеликоптерите кои ќе не спасуваат.
Џабе праиме муабет ,окупаторите не гушат у малку погабаритна гасна комора. Со димензии на поголемка зоолошка градина. За глупандери...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom