Би се омажила откако ќе си ги завршам сите работи со школото,па после ете 2 години би сакала да имам и дете. Ако не две барем една. Онака,да се стабилизирам јас,да ми се стабилизира бракот,да си се подготвиме убаво со партнерот,да си прошетаме малку и после да си имаме детенце.
Макар шо то не значи дека ако мојот есап не ми излези на пазар дека ќе земам јас да абортирам или слично,нема шанси теоретски бе!
Ако не ми излези есапот,ќе биде што ќе биде,па ќе си се борам да го остварам и покрај и брак и дете,не би била ни прва ни последна на крај краева.
Ама дај Боже се со ред.