Не е важно колку сте во брак, важно е да се разбирате и да знаете што сака партнерот во смисол на деца, колку, кога итн. Дете, да, нормално, кога ќе можам финансиски да го издржам и да му овозможам све што му треба ( школо, храна, облека, летувања, зимувања... ) затоа што не е фер да родиш дете за да те радува кога не можеш ти да му обезбедиш основни услови за живот.
Некој тука рече дека бременоста е најчеста причина за брак кај нас. АПСОЛУТНО НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ!!! Ако затруднела по грешка ( пукнат кондом, заборавила да се напие пилула ), се седнува и се расчистува дали и давјцата партенри сакаат да имаат дете или не. Ако жената сака а мажот не, извинете, ама не можете со сила да го натерате мажот да стане татко кога не сака или да биде во брак заради детето. Да му се помочам на тој брак. Или, ако толку сака да си го роди, нека си го роди ама и нека си го издржува. За да не испадне дека сум шовинист, ќе кажам дека ова важи и во обратна насока, со тоа што мажот/дечкото не може со сила да ја тера да му роди ако она не сака или ако не е спремна.