Јас за боемство сум рутка оти пијам обично по паркчиња а понекогаш и воопшто не пијам во зависност од денот , туку строго сок, оти така убо ми дошло на душава во тој ден
Можам за музиката да се надоврзам. Правиме муабет за пласирање вредност на скроз различни начини, по различни патишта со различен ефект. Прогресив, страшни солажи, влог во свирењето максимален, тапанарот искршен ритам, гитаристот ја јади со заби жицата додека распалува со таква енергија базирана на техниката за свирење, што е секако за почит бидејќи не секој знае и умее така да свирка. Но од друга страна како и во секој правец такви бендови ги има претерано многу, постојат оние водечките кои се јавиле како креатори, постојат и оние ,,во сенка" кои можат да бидат приближно добри како креаториве, но бидејќи покасно се вклучиле во играта по автоматизам се исфрлени некаде по маргините на музицирањето. Во прогресивот обично имаме мерење на куриња кој помадафакерско соло ќе исвири или кој е побрз или кој ќе остави зад себе да живее мелодија која тешко се преработува. Тука вредноста се базира на таква тежина или поедноставно, имаш уметник кој знае и умее да црта и завлегува во ситни детали, со мали шарчиња, ресчиња, предметчиња, ситнурии, сложености и остава уметничка слика која вреди пред се поради тежината во создавањето, НО може да имаш уметник кој нацртал страшно добро дело, без сите тие ситнурии, шарки, минијатурни рески, па делото само по себе има огромно значење и вредност. Е тука веќе влегуваме во пост панк. Пост панкот си има своја линија, свое посебно движење, рифчиња, дилејче, далеку помала сложеност од технички аспект, но сето тоа не треба да е репер, да е мерило за вредноста. Вредноста кај него произлегува од друг извор, од целокупна динамика, од бунтот во истата, бунт прикажан на малку поинаков дотогаш виден начин, од текстовите(кои не треба да ги мериме бенд по бенд оти не сите знаат да напишат нешто интересно ова и за прогресив) туку одиме генерално дека и во тој правец се јавуваат интелектуални имиња кои обожавале да музицираат на таков начин, се појавиле Морисоновци со свои мисли и интереси во едни поинакви времиња од оние кога прогресивот беше во подем. Така кратки пораки, испратени на поинаков начин кои склопени со севкупната музика оставале врежување длабинско во севкупната музичка историја. Да правиме споредба што е подобро од овие две работи е како да правиме споредба дали чоколадираното млеко од Моја Кравица е поубаво од чоколадото Пионир на пример. Единствена поврзаност само во делот на млекото. Ако сум жеден млекце убајни, ако не чоколадце, шо значи и двете си имаат убавина и намена. Е сега конкретно сметам дека Сусаро ја негира убавината на едното бидејќи ги поврзува(л) од старт со фаците кои многу многу не ги мириса. Да не ги повторувам од погоре, но како што самиот кажа сето тоа е самопрогласена инелигенција во движење која има свои ,,приврзаници" и ракоплескачи на секој нивни потег кој по обичај е глуп ( Пример денеска најново од Топов, не требало да жалите за Сопрано, требало за Тони Вилсон од BBC, која глупост од муабет што треба да претставува некакво си интелектуално пркосење на секојдневната ,,досадна маса" народ шо ја гледала оваа серија. Е сега мислам дека ако од старт нештото го земеме со валкана мисла на пример: Дај да слушнам што ќе кажи музикава пост панкерска, ама знам дека нема да ја бива оти лигловциве од Кања такво слушаат, а тие се квази интелектуалци и имаат послушници на кои им се чудам, нема да добиеме права, чиста мисла за вредноста оти од старт тргаме во одредена насока која само чекаме да ја потврдиме во дел од секудната, ако не во тој дел оставаме простор за во наредниот дел од секунда и така се додека не ја стекнеме сигурноста во насоката која сме ја наумиле. Или низ пример со чоколадата, Петре комшијава глуп кој ми се прави паметњакович а не го бива за такво, само чоколадо делка и сери наоколу како тоа е најдобро, млеково го тура од балкон декларирајќи го како лошо, додека јас секое утро си пиуфкам млекце и преубо ми е, уживам, па така нема да јадам чоколадо, само оти Петре е глуп и глупо зборува, онака за инает. Или ако каснам ќе речам, шо е тоа сТрање, Петре такво нека џвака, ме разбираш? Но тоа по мое се прави многу порано, ако заклучок сме донеле за нешто и сме го заѕидале, после тешко нешто да се промени, да не премисли. Тое е во природата на секој човек по мое, и не е тврдоглавост. Конкретно за мене, Парпл со исклучок на неколку песни ми се крајно досадни, додека некои свршуваат по нив, па така се случува на свирка да заредат 2-3 песни комплетно изведени, феноменално исвирени, а мене да ме фати дремка додека другите скокаат и се радуваат. И иди помислава, да бе овие не свират Џој Дивижн, онака само ги знаат, а мене тие ми се многу јаки, и со таков зациментиран став пуштам дома Парпл,оооооп не штима, не влегуваат во задоволството. Граници ми акнале повеќе фактори. Можеби тие вредат, но јас не сум ја дофатил под разно разни влијание вредноста и никако да ја дофатам и во иднина не верувам да ја дофатам кога досега не сум успеал. Така некако иди цел муабет,
На крајот на краиштата замисли си од 60ти навака само прогресив да имаше. Знаеш која монотонија ќе беше во музиката. Од ваков аспект песните во пост панк ерата се страшно освежување во музиката во тој период, ако се останеше на прогресив и класик рокот, сега ќе имавме крајна досада и давежи од бендови кои ќе не лишеа од разновидноста во музиката, т.е од начинот некој да покаже -Еј народе можи да се свири и вака. На изглед гнасни појави се најдуваат во секој правец, прешминкани работи се најдуваат во секој правец, преценувања се најдуваат во секој правец. Вредноста како што пишав во една тема се гледа во живоста што ја носи со себе музиката, а не сложеноста. Песна од Флојд(Ехос-омилената) има иста јачина и тогаш и сега, јачина која не се заборава, New Dawn Fades oд Joy Division има исто значење како и тогаш така и сега, тоа се тие работи кои пркосат на времето, не познаваат застој, исчезнување, се пренесуваат со ист шмек.
И како заклучок најдобро е човек да си кркни и чоколадо и млеко, па и овошје, па и салата, од се по нешто за кое смета дека му прави убавини во него, а пропратно тој да си биди љубител најмногу на едно од наведените. И запрашајте се за музиката како мерило на интелигенција, љубител на класика на муабетов ако оди со таква оценка можи да ни се изнасмее и да рече, оди покријте се, строго класика е муабетот, другото еби ветар
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)