HIT кардио ти се спринтови , пример 20 секунди спринт , 40 секунди леко трчање , 20 секунди спринт, 40 секунди леко трчање. Има на гугл многу ќе најдеш за ова , зависи на кое кондициско ниво си , толку можеш повеќе да правиш .
Лично за мене ќе ти кажам , јас почнав во 4 x 100 м спринтови и тренингот ми се состоеше вака :
- 100 м спринт , 1 мин одење или леко трчање .. тоа x 4 пати
И толку беше на почетокот , со тек на времето качив до 8 x 200 m метра спринт со пократок одмор.
Се на се многу ефикасна метода ем за топење масти , а се покажа дека влијае и врз создавањето мускули , пример ги земи спринтерите.
Сета финта е со брзината на срцето , коа правиш спринт тоа иде брзо на краток период , по што следи полесно оптоварување со лесно трчање или одење.
Ефикасно е тоа шо после ваков тренинг ( кој трае 10-15 мин ) , и коа одеш дома и дремеш пред ПЦ или ТВ , топеш масти
На кратко ова , ако имам повеќе време покасно ќе пишам пооширно