Најинтересни ми прашањата и заклучоците од типот:
"сакам малку да качам, ама чисто, да не се здебелам и да се издефинирам. Да ми се оцртаат мускулите. Што да змема, протеин, гејнер, амино, топач...."
Абе дечки, да го измените изгледот кој го имате на себе последните 10-20 години потребно е да се пренасочите на друг начин на живеење, пропратен со други навики на исхрана. Целосно треба се од корен да промените, да започнете активно со тежински тренинг. Па, откако ќе успеете да ги освежите постоечките мускули на вас (кои мајка природа ви ги дарила) или да ставите кило-две нови мускули,(кои би ги добиле со целосна измена на вашиот начин на исхрана и живеење), ќе започнете со оцртување или дефинирање на сето тоа што е под кожата и слојот на маст и вода.
Значи, во основа потребно е да се започне со тежински тренинг, кој првични резултати ќе ви даде некаде по 6 месеци активно вежбање пропратено со целосната измена споменета погоре. Во овој период се подразбира интензивни тренинзи, и калорична храна со доволен број на белковини во денот. Е, по тој период може да се посветите на фаза дефиниција, каде доаѓа до мала измена во начинот на исхрана и тренинг, кој период трае минимум 8 недели, а оптимално 12.
Сето ова значи период од цели 9 месеци за да го добиете тоа кое го барате во одговор на едно прашање, споменато погоре во постот.