Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Зашто одењето во теретана мора да е секогаш поврзано со боди билдинг?
Кој и кога е кажано ова? Тежинските тренинзи се основа на сите спортови. Но за билдерите тоа е единственото нешто со кое се постигнува саканата цел.
Исто како јас да те прашам, зашто секој билдер кој трча на патека мора да биде атлетичар?!

Колку професионални боди билдери има во теретаните?
Исто толку колку што има професионални каратисти во карате клубовите, кошаркари во салите за кошарка итн.

Што ако сум спортист? Што ако вежбам за функционалност, не само за изглед?
Е што ако си? Мораш да подигнеш 150 кг на чучњеви ако си со ТТ од 100 кг?! Воопшто не.

Башка статијата се вика Are you strong. Лично мое мислење е дека секој што вежба со тегови би треба да е во можност да покаже некоја сила. Едно е да си професионален боди билдер, друго е да вежбаш рекреативно. Па и Арнолд се има натпреварувано на Strongman натпревар, и има победено, пред да стане Mr. Olympia
Башка статијата нема допирна точка со обликување на тело, а како совет за почетник е самоубиство.
Лично мое мислење е дека секој кој оди во теретана треба да знае со која цел оди тамо. Сигурен сум дека оние кои одат за да покажат некоја сила, како тебе, ќе успеат во тоа. Но, оние кои одат за да изгледаат по мускулесто, по здраво и чисто рекреативно, воопшто немаат потреба од покажување на било каква сила. Кому и со која цел би ја покажувале луѓе кои одат чисто за здравје и рекреација???
Ни Арнолд не бил рекреативец кога се натпреварувал во strongman. Ниту пак бил или претендирал за пијаница кога секоја вечер после тренинг пиел по гајба пиво. Зашто би го земале целосно неговиот живот за цел и пат по кој повеќето би се движеле?

И трето, дали некој што нема кренато ништо потешко од пенкало во својот живот треба веднаш да почне со класичен бодибилдерски сплит?
Многу подобро отколку да се проба во покажување сила, некому. Во спортивно
Ке си ги најде на интернет вежбите, и нека ги прави со правилна форма. Во спротивно неизбежни се повредите. Се прават 3 серии по 5 повторувања со што поголема тежина. Целта е да проба секој нареден тренинг да ја зголеми тежината, макар и за 2 кила.
Убав совет за некој што нема кренато потешко од пенкало во својот живот. Но затоа пак, за месец дена ке стане толку силен што ке ги шета копир апаратите по фирма на грб.
Секој спорт си има своја тежина. А дигање на тегови, не е така наивна работа за да се советува почетник на секој трернинг да ја зголемува работната тежина за најмалку 2 кг ?! Имаш многу добар аватар.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Е што ако си? Мораш да подигнеш 150 кг на чучњеви ако си со ТТ од 100 кг?! Воопшто не.
Не морам. Во животот ништо не мора да се направи. Ако сега имам чучањ од 50 кила, и ако го кренам на 150 кила сигурно нема да трчам поспоро, скокам помалку, бидам по цврст и стабилен на нозе итд. Мислам дека Usain Bolt ке се согласи со мене.

Башка статијата нема допирна точка со обликување на тело, а како совет за почетник е самоубиство.
Лично мое мислење е дека секој кој оди во теретана треба да знае со која цел оди тамо. Сигурен сум дека оние кои одат за да покажат некоја сила, како тебе, ќе успеат во тоа. Но, оние кои одат за да изгледаат по мускулесто, по здраво и чисто рекреативно, воопшто немаат потреба од покажување на било каква сила. Кому и со која цел би ја покажувале луѓе кои одат чисто за здравје и рекреација???
Ни Арнолд не бил рекреативец кога се натпреварувал во strongman. Ниту пак бил или претендирал за пијаница кога секоја вечер после тренинг пиел по гајба пиво. Зашто би го земале целосно неговиот живот за цел и пат по кој повеќето би се движеле?
Не знам што ве боде во очи толку статијата. Ме праша некој, јас им дадов линк.
Не одам јас никаде за да покажам сила. Нема потреба. Има луѓе кои ке ме кренат мене со се тегови.
Репликата ви е целосно промашена. Не се работи за некакво „покажување сила“. Зборот е дека секој кој крева тегови, без разлика дали за боди билдинг или некој друг спорт, треба да има некаква основа и да биде во можност да работи со поголеми тежини. Ако со ова не се согласувате тогаш нема потреба веќе да правиме муабет, очигледно не сме на истата страна.

Мислам која е поентата 3 години по ред да работам со иста тежина? Каде е тука напредокот?

Многу подобро отколку да се проба во покажување сила, некому. Во спортивно Убав совет за некој што нема кренато потешко од пенкало во својот живот. Но затоа пак, за месец дена ке стане толку силен што ке ги шета копир апаратите по фирма на грб.
Секој спорт си има своја тежина. А дигање на тегови, не е така наивна работа за да се советува почетник на секој трернинг да ја зголемува работната тежина за најмалку 2 кг ?! Имаш многу добар аватар.
Идејата не е да ја зголеми, туку да проба да ја зголеми. Убавината е во тоа што секој почетник кој нема тренирано претходно, или има направено долга пауза, ке биде во можност да направи таква прогресија. Кога напредокот ке стагнира, тогаш е потребно да се направи промена на програмата.

Не знам што е наивно тука, за рутината можам да гарантирам лично. Уште сум здрав и жив, ментално, психички и физички посилен, имам поголема маса (за чудо) и немам проблеми со никоја вежба.

Не можам да ви кажам како да постигнете подобри резултати како напреден боди билдер. Не би знаел ни од каде да почнам. Ама ако ништо друго знам како е да се биде почетник и знам какви се моите резултати.

Ниту ја имам измислено програмата, ниту имам намера да измислам некоја своја. Се е измислено, резултатите се јавни. Се што треба е да се примени веќе измисленото.

Само ке завршам со цитат од еден од вашите, Рони Колман:
I've attained my mass basically by training hard and very, very heavy. My philosophy is:
Everybody wants to be a bodybuilder but nobody wants to lift no heavy ass weights.
 
Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Пробај па ќе дискутираме :)
Кога тренирав редовно кошарка имав доволно одраз за да ја куцам. Сега сум 20кг потежок од тој период ама пак го поседувам истиот одраз :).
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.319
Поени од реакции
15.571
Не морам. Во животот ништо не мора да се направи. Ако сега имам чучањ од 50 кила, и ако го кренам на 150 кила сигурно нема да трчам поспоро, скокам помалку, бидам по цврст и стабилен на нозе итд.
Ќе изгубиш на експлозивност сигурно, односно онаа стартна брзина што е многу битна во некои спортови, како фудбалот.
 
Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Ќе изгубиш на експлозивност сигурно, односно онаа стартна брзина што е многу битна во некои спортови, како фудбалот.
Едни од најексплозивните атлети во светот се токму олимписките кревачи на тегови. Има и клип со едно говедо околу 130кг исто со огромен скок.
Пушти 2:38 и теши си се во тие бабини деветини што веруваш.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Petkovsky,
пред да продолжиме да дискутираме за било каква тема, погледај ги моите одговори на твоите прашања, прочитај што се имаш напишано како заклучоци, па потоа нема проблем. Јас имам многу големо искуство и како почетник и како напреден атлета кој цел живот го поминал во теретана со тегови во раце, на нозе и на грб. Сум работел со голем број на индивидуалци и знам како изгледа. Не е така едноставно, како што ти реков да натераш некого секој тренинг да се обиде (иако ти не напиша никаде обиде) да подигне најмалку 2 кг повеќе. Она што ти го кажуваш, потребна е основа, или три години да стагнираш??? дај објасни малку за попроста популација.
Каква основа? Да се малтретираш и секој тренинг да подигнеш + 2 кг. За една година ќе подигнеш во старт по твојата логика 200+ и отиде на Олимпијада.
Што ќе им недостасува на рекреативците ако во текот на целиот свој живот останат на истата тежина со која вежбаат? Дали оние кои патеката крај Вардар денес ја претрчуваат за 60 минути треба да настојуваат по три години да ја трчаат за половина час???
Мешаш професионален пристап и рекреативен.

И за крај, големите оптеретувања, во изведување од 3,4-5 во серија и тоа како ќе ве направат покрути, поспори и не експлозивни. Сосема е друг пристапот и начинот на тренинрање за добивање експлозивност. И тоа да, се постигнува со големи оптеретувања.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.319
Поени од реакции
15.571
Едни од најексплозивните атлети во светот се токму олимписките кревачи на тегови. Има и клип со едно говедо околу 130кг исто со огромен скок.
Пушти 2:38 и теши си се во тие бабини деветини што веруваш.
Ќе изгубиш на експлозивност сигурно, односно онаа стартна брзина што е многу битна во некои спортови, како фудбалот.​
Јас убаво си кажав, не мислев дека ќе изгубиш на скок :) Реков стартна брзина, ексползивност, не знам зашто тогаш сите спротисти тренираат со повеќе повторувања и помали тежини а не идат до максимумот.​
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
911
Поени од реакции
173
Убаво ви објасни Ѓороски, имате Air Alert која е една од најдобрите програми за одраз и никаде не вика дека треба да се вежбаат листовите до +100кг на вас, нити чучањ со 150кг, истото вaжи и за останатите. Петковски рече дека моментално правел со 50кг чучањ и дека ако накачел 150 ке бил побрз, па затоа му реков да проба да види дали е лесно 100кг да се накачат и колку телесна тежина ќе накачи успат па да ми каже дали ќе биде побрз. И според таа логика по 2кг да се накачувало од тренинг јас за 10 години ќе можам цела теретана да ја дигнам, чучањ нема да ми треба ќе ја дигам колата на паркинг.
 
А ако немаш стартна брзина како ќе имаш скок? Скокот не е експлозивност нели? Негде прочитав дека пред извесен период ги тестирале на 30тина метра трчање олимпискиве кревачи и некои од нив имали идентечни времиња со спринтерите!!! Тоа не значи дека ќе ги јадат на 100 метри, но имаат добра СТАРТНА брзина.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Убаво ви објасни Ѓороски, имате Air Alert која е една од најдобрите програми за одраз и никаде не вика дека треба да се вежбаат листовите до +100кг на вас, нити чучањ со 150кг, истото вaжи и за останатите. Петковски рече дека моментално правел со 50кг чучањ и дека ако накачел 150 ке бил побрз, па затоа му реков да проба да види дали е лесно 100кг да се накачат и колку телесна тежина ќе накачи успат па да ми каже дали ќе биде побрз. И според таа логика по 2кг да се накачувало од тренинг јас за 10 години ќе можам цела теретана да ја дигнам, чучањ нема да ми треба ќе ја дигам колата на паркинг.
Петковски не кажа дека има чучањ од 50 кг. туку даде пример што ке се случи ако имаше чучањ од 50 кг. и го кренеше до 150.

Друго, не можеш да накачуваш 2 кг. секој тренинг 10 години во континуитет. Меѓутоа можеш првите 3-6 месеци. Кажав дека програмата е за почетници. Е сега кој чита убаво ке прочита и нема погрешно да ме разбере.

Трето, кога веќе ја спомна Air Alert, за таа програма имам слушнато само лоши работи и дека може само да се повредиш.
--- надополнето: Sep 11, 2011 5:58 PM ---
Petkovsky,
пред да продолжиме да дискутираме за било каква тема, погледај ги моите одговори на твоите прашања, прочитај што се имаш напишано како заклучоци, па потоа нема проблем. Јас имам многу големо искуство и како почетник и како напреден атлета кој цел живот го поминал во теретана со тегови во раце, на нозе и на грб. Сум работел со голем број на индивидуалци и знам како изгледа. Не е така едноставно, како што ти реков да натераш некого секој тренинг да се обиде (иако ти не напиша никаде обиде) да подигне најмалку 2 кг повеќе. Она што ти го кажуваш, потребна е основа, или три години да стагнираш??? дај објасни малку за попроста популација.
Каква основа? Да се малтретираш и секој тренинг да подигнеш + 2 кг. За една година ќе подигнеш во старт по твојата логика 200+ и отиде на Олимпијада.
Што ќе им недостасува на рекреативците ако во текот на целиот свој живот останат на истата тежина со која вежбаат? Дали оние кои патеката крај Вардар денес ја претрчуваат за 60 минути треба да настојуваат по три години да ја трчаат за половина час???
Мешаш професионален пристап и рекреативен.

И за крај, големите оптеретувања, во изведување од 3,4-5 во серија и тоа како ќе ве направат покрути, поспори и не експлозивни. Сосема е друг пристапот и начинот на тренинрање за добивање експлозивност. И тоа да, се постигнува со големи оптеретувања.
1. Еве што напишав за Starting Strength програмата неколку страни поназад:

Се прават 3 серии по 5 повторувања со што поголема тежина. Целта е да проба секој нареден тренинг да ја зголеми тежината, макар и за 2 кила.
2. За стагнација пишав погоре во истиов пост. Можен е ваков напредок првите 3-6 месеци. Не знам што е толку чудно на чучањ или мртво да ставиш 2 кила повеќе секој тренинг првите 3 месеци.

3. Под основа мислам да задоволува некакви критериуми и да може да крене одредена тежина, т.е. да може да покаже некаква сила (во овој контекст мислев покажување сила). Таа основа е потребна без разлика дали индивидуата после ке сака да се определи за бодибилдинг, паурелифтинг, олимписко кревање или стронгмен.

4. Она што им фали на рекреативците кои вежбаат со иста тежина цел живот е напредок. Доколку тренинзите не стануваат потешки (пример да се зголемува тежината, сериите, повторувањата, да се намалува одморот меѓу сериите и сл.) телото нема да има потреба да се адаптира. Ако му е целта на некого да се одржува ок. Ама која е поентата да се одржуваш кога можеш да напредуваш? Тоа е генералната идеја.

И еве може да кажете нешто за тоа како се вежба експлозивност. На пример, Олимписките вежби се настојува да се прават до околу 3 повторувања во серија (+ - 2), зашто после третото повторување често паѓа формата и техниката.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.242
Ептен индивидуално ми делува ова со тежини, снага..валда е до предиспозиции, исхрана, индивидуални совети од стручни лица, можност и предиспозиција за повреди, возраст... Затоа е можеби попаметно постојана консултација со оние на кои ББ им е буквално професија, занает или стил на живот.

Скуби-луцкаст начин на објаснување за некои од овие прашања
Примери како не се вежба во случајот бицепс (нешто што сабајлево го гледав во живо, битно човекот за само месеципол дига две 15-ки, кичма искрши ;))
http://www.youtube.com/watch?v=HXVjAkCXnDk&feature=relmfu

одмор и овертренинг, максимум
http://www.youtube.com/watch?v=sON-SHTtVCQ

тежини
http://www.youtube.com/watch?v=_SCEhpLnnv4&feature=relmfu

Видеата и текстот ги имате и на
http://www.scoobysworkshop.com/gainingMuscle.htm

Туку најдов нешто, чисто као информација да ја споделам со оние кои немаат прочитано за хемиските процеси во телото и потребата од кардио.
Крути мускули=крути артерии
Stiff muscles equal stiff arteries
 
RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
малце офф топик од препукувањата...

значи, имам од време на време мал проблем со лактите, т.е. после многу дигања на вратило и вежбање на справите на кеј ме болат зголобовите во лактите. Знам дека тоа е од згибовите затоа што при таа вежба целата сила од самото дигање ја поднесува зголобот на лактот ( не толку зголобовите на рамењата и рацете) исто така знам дека од нормални сетови на згибови нема да има проблеми со лактите НО јас не идев цело лето во теретана туку вежбав на кеј и правев по многу повторувања секој ден, нешто како овааа статија:

http://www.t-nation.com/free_online_article/most_recent/13064_pullups_in_5_months

(сосема случајно статијава ја прочитав пред некое време и во неа исто така е објаснето зошто и како зголобивте ке рокнат ако се прават многу згибови)

Е сега, прашањето ми е до тие попрофесионалните билдери што дигаат големи тежини, а исто така еве и до power lifters , дали користите некаква заштита за зглобовоите на лактите ? некои совети? да се купат ли стегачи за зглобови и да се користат додека се дигам на вратило ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom