Gjoroski
Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
- Член од
- 14 септември 2009
- Мислења
- 1.332
- Поени од реакции
- 998
Кој и кога е кажано ова? Тежинските тренинзи се основа на сите спортови. Но за билдерите тоа е единственото нешто со кое се постигнува саканата цел.Зашто одењето во теретана мора да е секогаш поврзано со боди билдинг?
Исто како јас да те прашам, зашто секој билдер кој трча на патека мора да биде атлетичар?!
Исто толку колку што има професионални каратисти во карате клубовите, кошаркари во салите за кошарка итн.Колку професионални боди билдери има во теретаните?
Е што ако си? Мораш да подигнеш 150 кг на чучњеви ако си со ТТ од 100 кг?! Воопшто не.Што ако сум спортист? Што ако вежбам за функционалност, не само за изглед?
Башка статијата нема допирна точка со обликување на тело, а како совет за почетник е самоубиство.Башка статијата се вика Are you strong. Лично мое мислење е дека секој што вежба со тегови би треба да е во можност да покаже некоја сила. Едно е да си професионален боди билдер, друго е да вежбаш рекреативно. Па и Арнолд се има натпреварувано на Strongman натпревар, и има победено, пред да стане Mr. Olympia
Лично мое мислење е дека секој кој оди во теретана треба да знае со која цел оди тамо. Сигурен сум дека оние кои одат за да покажат некоја сила, како тебе, ќе успеат во тоа. Но, оние кои одат за да изгледаат по мускулесто, по здраво и чисто рекреативно, воопшто немаат потреба од покажување на било каква сила. Кому и со која цел би ја покажувале луѓе кои одат чисто за здравје и рекреација???
Ни Арнолд не бил рекреативец кога се натпреварувал во strongman. Ниту пак бил или претендирал за пијаница кога секоја вечер после тренинг пиел по гајба пиво. Зашто би го земале целосно неговиот живот за цел и пат по кој повеќето би се движеле?
Многу подобро отколку да се проба во покажување сила, некому. Во спортивноИ трето, дали некој што нема кренато ништо потешко од пенкало во својот живот треба веднаш да почне со класичен бодибилдерски сплит?
Убав совет за некој што нема кренато потешко од пенкало во својот живот. Но затоа пак, за месец дена ке стане толку силен што ке ги шета копир апаратите по фирма на грб.Ке си ги најде на интернет вежбите, и нека ги прави со правилна форма. Во спротивно неизбежни се повредите. Се прават 3 серии по 5 повторувања со што поголема тежина. Целта е да проба секој нареден тренинг да ја зголеми тежината, макар и за 2 кила.
Секој спорт си има своја тежина. А дигање на тегови, не е така наивна работа за да се советува почетник на секој трернинг да ја зголемува работната тежина за најмалку 2 кг ?! Имаш многу добар аватар.