Да де еве овака вежба:
Понеделник: Бицепс,гради, стомачни, кардио
Среда: Трицепс, грб, стомачни, кардио
Петок: Нозе,рамо,стомачни, кардио
Ама тамо му рекле дека многу голема пауза прави (по една недела за одредена група) и дека така немало да се напумпа т.е. многу тешко.Требало 2 пати неделно. Така му рекоа тамо некои дечки што вежбаат.
Плус му рекле "
не си ти професионален билдер па да се одржаваш, треба да ги работиш мускулите да растат а и земи јади".
Тоа е тоа затоа пак прашувам.
Нека проба со Starting Strength ако сака повеќе пати неделно, full body. По мене една од најдобрите рутини за почетници.
А: Squat, Bench press, Deadlift
Б: Squat, Overhead press, Barbell Row или Chin-ups
Ке си ги најде на интернет вежбите, и нека ги прави со правилна форма. Во спротивно неизбежни се повредите.
Се прават 3 серии по 5 повторувања со што поголема тежина. Целта е да проба секој нареден тренинг да ја зголеми тежината, макар и за 2 кила.
Нека ги алтернира тие 2 тренинга. Значи понеделник А, среда Б, петок А, Понеделник Б...
Ова е позната почетничка рутина само што многу луѓе после 2 недели вежбање мислат дека веќе не се почетници. Општо прифатено е дека луѓе кои немаат чучањ од барем 1.5 х тежината во килограми се уште почетници.
Ако сака да ги напумпа рацете а во телото да биде ко чачкалица нека не вежба вака. Доколку сака да биде силен и голем нека ја прочита книгата Starting Strength од Mark Rippetoe.
И нека не вежба со перо-лесни тегови. Целта е прво да ојача малку а не да вежба бицепс со 5 кила.