Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Од веј протеин. :)
Како шејк веднаш по тренинг би требало да содржи и најмалку иста количина на ЈХ. Брзи. По можност, декстроза и сл.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Како шејк веднаш по тренинг би требало да содржи и најмалку иста количина на ЈХ. Брзи. По можност, декстроза и сл.
Обично во протеинот ставам 10 грама глутамин плус лапам една капсула омега 3, иначе што се однесува до декстозата јадам суво грозје и тоа 15 минути пред да ми заврши тренингот по отприлика една шака.
Е сега, дали е ок така да продолжам, или да си купам декстоза во прав и да ја мешам со протеинот.
 
I

Iblis

Гостин
Sega za 2 meseca ke punam 17 god visok sum 188cm i imam 93kg. sakam da si go oformam teloto (stomacni,gradi...) a pritoa da ne vezbam tuku so pomos na nekoj proteini ili nz sto...i toa sto ke go zemam da ne bide stetno...fala odnapred
Пробај со Spermatol Primacel.

:ROFLMAO:






П.С. Алооооооо шо без вежбање ќе направиш, ако немаш теретана во градот или неможеш да си дозволиш финансиски има и други начини за вежбање.
П.П.С колку и да земаш хемии или суплементи пак мораш да вежбаш
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mj
Член од
1 јуни 2011
Мислења
38
Поени од реакции
1
Пробај со Spermatol Primacel.

:ROFLMAO:

П.С. Алооооооо шо без вежбање ќе направиш, ако немаш теретана во градот или неможеш да си дозволиш финансиски има и други начини за вежбање.
П.П.С колку и да земаш хемии или суплементи пак мораш да вежбаш
Alooooo zna4i samo prasav i baram odgovor zna4i znam deka so vezbanje e najdobro da se oformis i oslabnes ali nemozam fizicki da rabotam imam problem....
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
некој да спомне за "справите" на кеј, се дигате , правите ли ХАНИБАЛ Д КИНГ , едно друго? :D
--- надополнето: Jun 3, 2011 12:01 AM ---
и да додадам нешто за "хемиите" - не е се до апчињата, треба и да се вежба!! ;)
нешто слично на ова а?:)
 
I

Iblis

Гостин
Обликување тело без вежбање нема, за да се изгради мускул, без разлика дали е маса или дефиниција, истиот мора да трпи напор.Немој да си земал хемии доколку не вежбаш, а и тогаш никој не би ти препорачал да зимаш.Ако имаш било какви физички проблеми почекај додека не се опоравиш, ако е некакво физичко ограничување од друг вид пробај да го заобиколиш, (таа партија не ја прави воопшто или па намали го напорот, здравјето пред се'). Ако не одиш во теретана има вежби и за по дома, колку толку помагаат и тие,ама пак, вежбање мора.
 

Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Момци, барам заинтересирани луѓе за powerlifting. Тоа е спорт во кој се натпреварувате во 3 дисциплини: бенч, чучањ и мртво дигање. Исто како и олимпиското кревање постојат тежински категории и кревачот со најголем тотал-збир од трите кревања е победник. Слободно би рекол дека е најсилниот спорт што постои. Ако не ми верувате слободно прогуглајте или гледајте видеа на youtube. Јас првпат се запознав со овој спорт пред 1.5 година. Не сум имал тренер нити некој да ме упати туку сум читал доста литература за таа област и собирав искуства од јаки и долгогодишни кревачи од странство, преку форуми, сајтови итн. Кога прв пат почнав да го практикувам овој спорт и да вежбам за сила моите кревања беа отприлика следниве: 80-85 кг бенч, 105-110кг чучањ, 130кг мртво дигање. Денес истите кревања изгледаат: 127.5кг бенч, 210кг чучањ и 225кг мртво дигање. Претходно имав неколку месеци (2-3) чист бодибилдинг тренинг, но сепак не ме влечеше тоа. Повеќе сум се восхитувал на голема сила него на прекрасен физикус, но не значи дека немам огромен респект спрема бодибилдингот за кој исто треба лавјо срце и посветеност. Кога почнав да вежбам за сила мојата килажа беше околу 73кг, денес имам 84-85кг при висина од 180цм. Тренирам со мојот братучед кој исто го практикува овој спорт. Во декември минатата година бевме на натпреварување во Ниш, Србија каде и двајцата земавме 3то место во своите категории, јас до 83кг во конкуренција од 6 кревачи и братучед ми во категорија до 90кг. Ќе напоменам дека натпреварувањето беше со gear(опрема) каде постојат посебни одела за чучањ, бенч и мртво кои овозможуваат да се крева поголема килажа, ние се натпреварувавме raw(без опрема) бидејќи веруваме во таков принцип на вежбање powerlifting. Како што напоменав постојат две врсти на натпреварување во powerlifting, raw(без опрема) и with gear(со опрема). Главната цел тука што ова го пишувам е да заинтересирам некој за овој спорт во Македонија за да се прошири и практикува. Дури и да не кревате големи килажи не е битно, се напредува многу брзо ако сте почетници. Јас лично вежбам без употреба на суплементи(можеби во иднина би користел) и стероиди што уште толку докажува дека може да се напредува добро и без нив. Се разбира внимавам на исхраната, сонот и опоравокот од тешки тренинзи. Вежбам во Маџари во Фаланга. Подетално би објаснил лично бидејќи вака има премногу за пишување. Па бујрум, кој го интересира ова нека ми пише слободно. Се надевам дека барем кај еден од вас ќе се појави интерес.
 

RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
нешто слично на ова а?:)
нешто :D
--- надополнето: Jun 3, 2011 6:44 PM ---
Момци, барам заинтересирани луѓе за powerlifting.
браво за иницијацијава а и бројките мислам дека се супер во однос на тоа дека не користиш суплементи а и во однос на твојата килажа... а како изгледа една ваша недела во однос на тренинзи и вежби? позз
 

Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
нешто :D
--- надополнето: Jun 3, 2011 6:44 PM ---

браво за иницијацијава а и бројките мислам дека се супер во однос на тоа дека не користиш суплементи а и во однос на твојата килажа... а како изгледа една ваша недела во однос на тренинзи и вежби? позз
Па програмата зависи од тоа на кое ниво е вежбачот, дали е почетник, intermediate или напреден. Исто и од слабите точки при кревањето и фрекфенцијата на изведба на главните вежби. Пример ако во изведбата на мртвото дигање на кревачот откажува при крајниот дел на кревањето значи треба да работи на горниот дел од грбот, т.е трапезот, ромбоидите. Друг пример ако при изведбата на бенч прес кревачот откажува при самиот почеток, односно кога шипката е блиску до градите, тогаш треба да работи на градите како слаба точка. Во главно се вежба со помал број на повторувања(1-5, некогаш и 1-3) за разлика од класичен бодибилдинг(8-12) и се фокусира на 3те вежби и додатни вежби кои би помогнале на 3те главни. За почетници идеален систем на вежбање би бил 5x5. Тоа значи 2 загревачки сета и 3 работни. За да ви доловам појасно ќе земеме за пример кревач Петре. Е сега како Петре би го нанел 5x5 системот на вежбање на бенч. Да речеме дека Петре може да направи 5 повторувања со 82кг. Е сега тренингот би му идел: 30x5-загревачка 55x5-загревачка 80x5-работна серија 80x5-работна серија 80x5-работна серија. Кога ќе успеете да ги направите 3те работни сета по 5 повторувања со истата килажа тогаш наредниот тренинг додате килажа. Доколку не успеете да направите 5 повторувања на сите работни сетови тогаш и наредниот тренинг работете со иста килажа, се додека не успеете да направите 3 сета по 5 повторувања. Едноставен принцип. Сега ќе ја наведам програмата која ја користев пред година дена отприлика користејќи го 5x5 системот. Имав одличен напредок.

Прв тренинг
Bench press
5x5
Deadlift
5x5
Barbell bent over row
5x5
Calf raises
3-4x15-20

Втор тренинг
Standing press
5x5
Dips
5x5 или 3x8
Chin ups/pull ups
5x5 или 3x8

Трет тренинг
Squat
5x5
Strict bicep curl
5x5
Upright rows или Shrugs
5x5 или 5x8

После секој тренинг стомачни и стисок.
Други начини на вежбање откако ќе стигнете до некое ниво на сила се со повеќе вежби и уште помалку повторувања, во рангот од 1-3 и број на сетови (обично повеќе) во зависност од нивото на спремност на вежбачот и темпирање на кога сака да го достигне максимумот. И како што кажав вежбање на слабите точки, бидејќи како напредувате повеќе ќе треба да работите на нив. Ако имате прашања пишете.
--- надополнето: Jun 3, 2011 8:56 PM ---
Сакам да дополнам и дека освен на мене и на братучед ми сум испробал и на двајца другари. Едниот му подигнав бенч од 60x3 на 80x4, чучањ 70x5 на 100x4, мртво од 110x2 на 135x4, а на другиот од 55x6 на 75x5, 90x5 на 110x6 и 110x3 на 135x5 соодветно.
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Обично во протеинот ставам 10 грама глутамин плус лапам една капсула омега 3, иначе што се однесува до декстозата јадам суво грозје и тоа 15 минути пред да ми заврши тренингот по отприлика една шака.
Е сега, дали е ок така да продолжам, или да си купам декстоза во прав и да ја мешам со протеинот.
Можеш и така да продолжиш, иако поефектно е кога сурутката ќе ја измешаш со декстроза. Побрзо и полсено оди во систем.
--- надополнето: Jun 4, 2011 5:56 PM ---
Мј,
минатата година на Државното првенство во бодибилдинг имавме ревијален натпревар во бенч. Во скора иднина и дисциплина на сила, powerlifting-от ќе го вратиме назад на сцена. Исто како што беше на самиот почеток. Ќе одиме постепено, дисциплина по дисциплина. Во јуни одиме во Србија на бенч натпревар, raw.
Поздрави ги дечките во теретана, Фаланга.
 

Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Можеш и така да продолжиш, иако поефектно е кога сурутката ќе ја измешаш со декстроза. Побрзо и полсено оди во систем.
--- надополнето: Jun 4, 2011 5:56 PM ---
Мј,
минатата година на Државното првенство во бодибилдинг имавме ревијален натпревар во бенч. Во скора иднина и дисциплина на сила, powerlifting-от ќе го вратиме назад на сцена. Исто како што беше на самиот почеток. Ќе одиме постепено, дисциплина по дисциплина. Во јуни одиме во Србија на бенч натпревар, raw.
Поздрави ги дечките во теретана, Фаланга.
Знам дека имаше натпревар во бенч, но целта беше максимум повторувања со фиксна тежина, додека целта во powerlifting е подигнување max килажа едно повторување. Претпоставувам дека ќе одите во Лесковац. Со среќа и знам дека добро ќе не претставите таму. Фала ќе ги поздравам.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
38
Поени од реакции
1
Обликување тело без вежбање нема, за да се изгради мускул, без разлика дали е маса или дефиниција, истиот мора да трпи напор.Немој да си земал хемии доколку не вежбаш, а и тогаш никој не би ти препорачал да зимаш.Ако имаш било какви физички проблеми почекај додека не се опоравиш, ако е некакво физичко ограничување од друг вид пробај да го заобиколиш, (таа партија не ја прави воопшто или па намали го напорот, здравјето пред се'). Ако не одиш во теретана има вежби и за по дома, колку толку помагаат и тие,ама пак, вежбање мора.
A sto mislis ova moze li da mi pomogne http://www.topshop.com.mk/minisites_template/medical_templete/index.asp?tn=medical&pid=166824&irp=14&main=Fitnessmain&pcs=1
 

RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334

Kajgana Shop

На врв Bottom