Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Дечки планираат овие да отвараат теретаниве или послабо?
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.612
Поени од реакции
11.154

Кај сакаш дебелиот од комисијата за здравство или костурот Венко да ти отвори теретани?
Пиздите наместо да олабават, они не бутнаа у затвор уште 2 цели дена, башка и ресторани и кафичи немаат отворено, не па теретани.

Прво треба се друго да олабават, да отворат и претпоставувам после 2-3 недели и теретаните.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Кај сакаш дебелиот од комисијата за здравство или костурот Венко да ти отвори теретани?
Пиздите наместо да олабават, они не бутнаа у затвор уште 2 цели дена, башка и ресторани и кафичи немаат отворено, не па теретани.

Прво треба се друго да олабават, да отворат и претпоставувам после 2-3 недели и теретаните.
Лудило.
Како теретаните да се центар на ширење па последни да се отвараат.
Тие требаше први да бидат.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270

Без навреда ама постов ти е лудило. Мислам, има ли логика ова што го зборите?

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Wow corona cel se tresam sea ke umreme site
Aко си ти неодговорен према твоето здравје тогаш барем покажи почит кон здравјто на твоите блиски, постари и хронично болни на коишто можеш да им го пренесеш вирусот, како и кон сите нас кои ги почитуваме мерките ама залудно зашто бројот на заразени сепак продолжува да расте поради луѓе со ваков незрел и игнорантен став како твојот. Добронамерен совет.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.612
Поени од реакции
11.154
Aко си ти неодговорен према твоето здравје тогаш барем покажи почит кон здравјто на твоите блиски, постари и хронично болни на коишто можеш да им го пренесеш вирусот, како и кон сите нас кои ги почитуваме мерките ама залудно зашто бројот на заразени сепак продолжува да расте поради луѓе со ваков незрел и игнорантен став како твојот. Добронамерен совет.
Ok venko
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Без навреда ама постов ти е лудило. Мислам, има ли логика ова што го зборите?

Ќе отвараат кафани и ресторани а теретани не.

Јас каде што вежбам, на 100м квадратни има максимум четворица, најчесто вежбам сам или со уште еден.

Јас ако сакам ќе ризикувам, муабетот ми беше дека теретаните не се високо ризични.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.950

Муабетот е дека теретаните се високо ризични, пипкаш на справи каде што легнал некој пред тебе (еден куп не носат ни пешкир ни водат хигиена), дишиш забрзано и исфрлаш далеку повеќе честички во здивот од тоа што би го издишал во нормални услови, затворен простор е и на прсти се бројат теретани со добра вентилација и тн.

Тоа што ќе се отвораат рестораните и останатите бизниси не значи дека и тие не се високо ризични, туку веќе е дојдена ситуација дека полека мора да отворат во сите области оти бизнисите се отидени во неповрат. Скоро сите сектори се распарчени како никогаш досега, невработеноста ќе рипне упм (рестораните, хотелите и останатите слични бизниси рачунај вработуваат илјадници луѓе) и данокот на нивните производи има значителен имапкт во касата на УЈП. Наспроти нив теретаните вработуваат незначителен број на луѓе (поголемиот дел од помалите имаат по еден вработен, газдата или некој од негова фамилија и непријавени дечишта што „глумат“ инструктори) и не даваат фискални 90% од времето.

Јас инаку бев за воопшто да не се затвори ништо, како што поминаа во Шведска, арно ама кога гледам секој ден слики по фб, инста какви фешти тераат за време на карантин, како се туркаат во маркети и банки и кое ниво на свест го имаме во поглед на социјално дистанцирање се сомневам дека ќе поминеме добро ако остават на „нашата свест“ и „одговорност“.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Ќе отвараат кафани и ресторани а теретани не.

Јас каде што вежбам, на 100м квадратни има максимум четворица, најчесто вежбам сам или со уште еден.

Јас ако сакам ќе ризикувам, муабетот ми беше дека теретаните не се високо ризични.
Денес 37 нови. Во ресторан или кафич е потешко да се заразиш отколку во теретана. За да не пишувам го пуштив видеото од Скот Херман во кое објаснува зошто е тоа така. Теретаните се едни од НАЈризичните. И мене не ми се допаѓа тоа ама за жал така е.

Но како и да е не се секирај, во следниве 2-3 ќе ги отворат и теретаните, барем така најавија последниот пат кога почнаа со отварање на економијата.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Денес 37 нови. Во ресторан или кафич е потешко да се заразиш отколку во теретана. За да не пишувам го пуштив видеото од Скот Херман во кое објаснува зошто е тоа така. Теретаните се едни од НАЈризичните. И мене не ми се допаѓа тоа ама за жал така е.

Но како и да е не се секирај, во следниве 2-3 ќе ги отворат и теретаните, барем така најавија последниот пат кога почнаа со отварање на економијата.
Како прво Херман не е доктор, го изгледав видеото и освен загриженост не кажа ниту еден факт.

Како второ, не ми ја свативте поентата.
Јас како индивидуа работам, имам контакти со луѓе кои работат и најверојатно следната недела ќе тргнат да шетаат по кафани и ресторани, така да кругот ќе се прошири.

Зошто тие да имаат право да тераат кејф а јас да неможам да си го извршувам моето хоби, теретаните не беа и нема да бидат центар на ширење, далеку од тоа, затоа што на сто што ќе отидат во кафана еден ќе влезе во теретана, посебно летниов период, и едни исти луѓе идаат.

Ми нема логика во маркет да може да има 50 луѓе во ист момент а во теретана да несмее ниту еден.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.545
Ако се сака сè се можи, како што ќе бидат ресторани, кафани, кафичи со намален капацитет, така можи и теретаните. За хигиена да не прајме муабет општо за секаде во Македонија, со чест на исклучоци. Во Дубаи во теретана после секоја серија иди индиец со средство за дезинфекција и ја чисти опремата што си ја користел.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.950
Како прво Херман не е доктор, го изгледав видеото и освен загриженост не кажа ниту еден факт.

Како второ, не ми ја свативте поентата.
Јас како индивидуа работам, имам контакти со луѓе кои работат и најверојатно следната недела ќе тргнат да шетаат по кафани и ресторани, така да кругот ќе се прошири.

Зошто тие да имаат право да тераат кејф а јас да неможам да си го извршувам моето хоби, теретаните не беа и нема да бидат центар на ширење, далеку од тоа, затоа што на сто што ќе отидат во кафана еден ќе влезе во теретана, посебно летниов период, и едни исти луѓе идаат.

Ми нема логика во маркет да може да има 50 луѓе во ист момент а во теретана да несмее ниту еден.
Тие луѓе што идат во теретана се дружат со уште еден куп други луѓе секојдневно и тука лежи проблемот, никој не знае денес дали се сретнал со некој што е болен, често не ни имаат симптоми првите недела дена.

Проблем е што во теретана делиш телесни течности со остнатите, легнува на справа, пипка пред тебе по справите, влегува во иста соблекувална, збивта околу тебе (со маски е скоро невозможно да вежбаат), хигиена особено во помалите теретани тешко дека ќе има некој да трча по тебе и да бриши на сите справи (ај одвечер со УВ ламби може ќе ја дезинфицираат целата, ама преку денот нема како да се одржува хигиената).

Реалноста е дека постои голем ризик за да го закачиш вирусот во такви услови, а во поглед на последиците не ги гледајте само последиците кои се кај млади, туку размислувајте и на своите дома. Ќе го закачиш, недела дена нема да имаш симптоми, ќе им го донесеш и дома, гарант твоите се над 50 години каде шансите се големи дека ќе поминат лошо и со големи последици, шу прајме во таква ситуација? Ќе си простиш некогаш ако ти им го однесиш дома оти не си можел да се стрпиш да не вежбаш, или ќе се тешиш ама го напумпав бицепсот шо ми е гајле што ги осакатив дома?
 
Другар што да ти кажам повеќе, немам намера да се убедувам, еве @Lester Freamon има доволно трпение два пати јасно да ти објасни што е проблемот со теретаните ти пак исто. Не го ставив видеото на Херман дека е доктор туку дека убаво го кажува истото она што јас ќе треба тука да го напишам. Ако ти пак не можеш да направиш разлика помеѓу полна теретана и полн маркет тогаш џабе пишуваме.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Тие луѓе што идат во теретана се дружат со уште еден куп други луѓе секојдневно и тука лежи проблемот, никој не знае денес дали се сретнал со некој што е болен, често не ни имаат симптоми првите недела дена.

Проблем е што во теретана делиш телесни течности со остнатите, легнува на справа, пипка пред тебе по справите, влегува во иста соблекувална, збивта околу тебе (со маски е скоро невозможно да вежбаат), хигиена особено во помалите теретани тешко дека ќе има некој да трча по тебе и да бриши на сите справи (ај одвечер со УВ ламби може ќе ја дезинфицираат целата, ама преку денот нема како да се одржува хигиената).

Реалноста е дека постои голем ризик за да го закачиш вирусот во такви услови, а во поглед на последиците не ги гледајте само последиците кои се кај млади, туку размислувајте и на своите дома. Ќе го закачиш, недела дена нема да имаш симптоми, ќе им го донесеш и дома, гарант твоите се над 50 години каде шансите се големи дека ќе поминат лошо и со големи последици, шу прајме во таква ситуација? Ќе си простиш некогаш ако ти им го однесиш дома оти не си можел да се стрпиш да не вежбаш, или ќе се тешиш ама го напумпав бицепсот шо ми е гајле што ги осакатив дома?
Значит во ред е, разбирам, но тоа што ќе влезам во теретана со уште други десет луѓе денеска не го зголемува ризикот толку да биде поголем од тоа што имам контакт со минимум педесет други секој ден.

Како се осудува човек што сака да оди во теретана а не се осудува онај што сака да пие кафе во бар само за да биде виден?

Со маска не се вежба а ни кафе не се пие.

Друго, никаде не е докажано дека вирусот се пренесува преку пот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom