Сега е лош период, инаку во нормални услови еден преглед на ортопед и тоа е тоа нема потреба од нагаѓање и гуглање.
Така е, ајде сега еден модератор или администратор да ги затвори сите теми за мислења. Бидејќи за се си има стручни лица, нема потреба од гугл и нагаѓање...
- Сколиоза:
Од многубројните коскено-мускулни пореметувања и оболувања, во денешно време најголемо значење и се придава на сколиозата. Со оглед дека сколиозата е тешко и комплексно заболување , а нејзиното лечење е долготрајно и макотрпно и често ризично, можностите на современото неоперативно лечење на поблаги облици на сколиотична девалвација се се поделотворни. Главните симптоми на сколиоза се странично искривување на'рбетот со' рбетна ротација околу оската на торзија низ 'рбетот (ротација на вртат на надолжната оска на' рбетот и торзија- дел од прешленот ротира еднен кон друг). Во сите форми на сколиоза постои опасност од напредување и влошување. Сколиозата поседува такво својство со време на зголемување на растот се зголемува нејзиното искривување. Вообичаената поделба е на функционална (неструктурална) и структурална сколиоза.
Функционална сколиоза го нарекуваме уште и сколиотичното држење затоа што доведува до неправилно држење на телото. Во таа група нема анатомско пореметување на рбетот. Сколиотичното држење може да биде одредено од различни причини како што е скратување на долните екстремитети или пак контрактура на паравертебралните мускули како што е случај кај синдромот на “ болен” рбет. Десет посто од луѓето има нозе со различна должина и тоа со 1 см. и повеќе. Кај овие благи сколиози најчесто не треба посебен лекарски третман , но битно е да се држат под контрола.
Исто така причини за појава на функционална сколиоза може да бидат деформација на колкот, болки од хернија дискуса, ишијас, акутен ревматитис како и проблеми со видот.
Структурална сколиоза е предизвикана од анатомски промени на зглобовите, лигаментите или паравертебракни мускули. Не мора да биде предизвикана генетски него е резултат на ембриогенеза во рана фаза.
Како ќе ја приметите сколиозата?
Првите знакови видливи се во стоечка положба на телото. Во очи паѓа нееднаква висина на рамената, асиметрија на градите кај девојките, нееднакво развиена мускулатура околу рбетот, згрбавеност и нееднаков простор меѓу рацете. За да се изврши преглед, лицето стои во стоечка положба и се наведнува напред со слободно висечки раце. Ако деформацијата на рбетот постои и понатаму, се работи за права сколиоза. Во таа положба заприметлива е грба (( gibus). Доколку за време на тестирањето, асиметријата на телото видлива во стоечка положба исчезне тогаш се работи за сколиотично држење, а не за сколиоза.
Лечење на сколиоза
Во зависно од возраста, за искривувањето на рбетот денес се користат различни методи на лечење. За лесна сколиоза се користи кинезитераписка постапка, а кај друг случај е потребно носење на орективен стегач, додека кај најтежок облик потребен е хирушки зафат.
Сколиозата
До неодамна, сколиотичните деца биле поштедени од занимавање со спорт, но иако сколиозата е тешко и комплексно заболуивање, денешните искуства му придаваат се поголемо значење на телесното вежбање и спортот во рехабилитирање на сколиотичните лица.
Овде посебно внимание треба да му се посвети на симетрични односно асиметрични спортови. Према некои автори негативно влијание имаат асиметричните спортови како на пример, тенисот на развојот на младиот спортист не е опасен во односот на задоволството што го дава. Меѓутоа се препорачува да се занимава со некој вид на симетричен спорт, на пример пливање или лесна атлетика.
Кинезиолошките истражувања покажуваат дека спортот и вежбањето се многу делотворно средство за неправилноста на рбетот. Досегашните успеси покажуваат дека телесното вежбање и спортот имаат неоспорна медицинска вредност. И на крај не треба посебно да се нагласи дека спортот го праци човекот среќен и задоволен , со зголемена самодоверба и оптимистички расположен што сигурно се одразува на неговото вкупно ментално и телесно здравје.