Блам држава

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
1.
Упад во М-НАВ, за време на надлетување на 30 авиони кои можеле поради овој упад да доживеат авионски пад поради напад врз контролорите, загрозена безбедност!

Screenshot_2024-01-04-17-29-04-333_com.android.chrome-edit.jpg

цитат:
„Припадници на Министерството за внатрешни работи, но и обезбедување од Агенцијата „2 СС Кичево“ моментално се грижат за безбедноста на контролорите на летање откако осум лица на чело со претседателот на партискиот огранок од ДУИ, Беким Незири, влегоа без проблем и нападнаа тројца вработени во М-НАВ.

Обезбедувачите на кичевската агенција, која има две кобри на своето лого, сѐ уште се во М-НАВ, иако не успеаја да го спречат Незири со цела толпа да влезе во зградата каде што се управуваат и контролираат авионите што прелетуваат над македонското небо.
Додека оние што биле на смена ги навигирале авионите, слушале викање, расправии и тепачки. Но, морало да останат смирени за да не направат кобна грешка.

Незири, кој и самиот работи како советник во Македонската навигација, не го интересирало дека може некој авион да падне, се налутил оти контролори на летање, Албанци, дале поддршка на Синдикатот на контролори на летање против партиски вработувања.

Првично беше објавено дека еден од нападнатите контролори бил на смена, за потоа адвокатите на напаѓачите да тврдат дека нападот не бил во просторијата каде што се наоѓа контролата на летање, на педесетина метри од таа соба и нападнатиот не бил на смена.
Но, колку и да се релативизира овој напад за да се докаже дека не била загрозена безбедноста на воздушниот сообраќај, овие лица воопшто не требало да влезат во зградата.

Бизнис-портфолиото на „2 СС Кичево“ покажува дека компанијата е формирана во 2005 година, а во последниве три години има раст на приходите. Всушност, во 2021 и во 2022 година, добивката на оваа компанија пораснала за 23 проценти.

Регистрирана е како компанија со дејност „услуги за заштита со помош на сигурносни системи“. Сопственик е Самир Билбилоски од Кичево, а управител Џемаљ Билбилоски.
Според Централниот регистар, компанијата учествува на тендери и има 30 договори во последната година, додека според она што го избројавме на веб-страницата за електронски набавки, кичевските „кобри“ имаат склучено 28 договори со државни институции.

Бизнис-портфолиото на компанијата не оддава никаква поврзаност со вечната владејачка партија ДУИ, освен градот Кичево, во чија близина е родното село на лидерот Али Ахмети.

MNAV-MNav.jpg


Но, опозициската партија од албанскиот блок „Алтернатива“ на Африм Гаши, која бараше одземање на дозволата за работа на оваа агенција, обвини дека сопственикот е близок до лидерот на ДУИ, а еден од обезбедувачите немал ниту лиценца.

На социјалните мрежи може да се најдат фотографии од сопственикот Билбилоски во опуштена атмосфера, во кафуле со синот на возачот на Ахмети, Шефик Исмаили. Медиумите го поврзуваат поточно Билбилоски со Шефик.

Освен фотографиите на социјалните мрежи, од анализата на тендерите што ги добила кичевската компанија, може да се заклучи дека најсолените договори се склучени со институциите што се под раководство на кадар на ДУИ.

Така, според јавно објавените податоци на Бирото за јавни набавки, најголемиот тендер во последната 2023 година, кичевските обезбедувачи го добиле од Агенцијата за електронски комуникации, а е вреден речиси 350 илјади евра. На договорот со кичевската фирма се потпишал Јетон Акиу, кадар на ДУИ.

Акиу инаку му е зет на поранешниот функционер на ДУИ, Невзат Бејта, но тој тврди дека тоа не било пресудно да стане прв човек на ова регулаторно тело.

Вториот по големина договор што го склучила фирмата, тежок речиси 300 илјади евра, е за видеонадзор на објекти на продажни места и службени простории со АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија.

Таму, пак, е директор, Перпарим Бајрами, кој претходно работел како советник во Собранието, а бил и шеф на кабинетот на вицепремиерот, Артан Груби, односно работел во Министерството за политички систем.

„2 СС Кичево“ ја обезбедува и Агенцијата за задолжителни нафтени резерви на чело со Уљуси Бекири, исто така кадар на ДУИ. Овој договор е вреден нешто помалку од 150 илјади евра...“ затворен цитат.


Kontrola-na-letanje-Germanija-1024x576-1.jpg

Пресуда:

„Според пресудата што денеска ја објави Основниот кривичен суд Скопје,овие седум лица се обвинети како соизвршители на кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејство. На шестмина им е изречена условна осуда, казна затвор во траење од шест месеци, која нема да се изврши доколку во рок од една година и шест месеци по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело.

За еден обвинет, кој и бил претходно осудуван за дело против општата сигурност, изречена е казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку во рок од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Судот на овој обвинет му одреди и други обврски кои ќе бидат предмет на заштитен надзор.“



2.
Упад во Собрание, можеби имало насилство, но не била загрозена безбедноста:

Narodot-si-go-vrati-Sobranieto-TV-Nova-27-04-2017-YouTube.png

„Собранието осудени беа 16 луѓе на затворски казни од по над десет години, односно вкупно 211 години затвор за кривично дело терористичко загрозување на државниот поредок. “

27-april-sobranie.jpg



...за загрозување на работата на контролорите на авионските летови кои следеле 30 авиони над Македонија, личностите кои направиле упад и загрозување на вработените контролори и сите патници во авионите со кои надлетувале со нивни насоки, нашето судство поради признавање на тие што упаднале дека„погрешиле“ и дека не се случило ништо, за таа загрозена безбедност, а со тоа самиот чин како терористички би се прогласил во било која нормална држава, ова наше судство и покрај еден куп судски процеси во фиока, овој упад со приоритет и брзопотезно го прогласиле со условно, за разлика од упадот во Собранието каде се осудени за тероризам со 211 години затвор!!

ПОГОЛЕМ БЛАМ ОД ОВА НЕМА ВО ДРЖАВАТА, посебно од нашето судство, алал да им е, штета што не ги даваат со име и презиме наште ценети судии кои ги дадоа овие условни казни на за нив нетерористички чин на напад на контролорите и просториите на М-НАВ.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: No9
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
...во Собранието на денешната седница (23.06.2024), според тоа како се гледа фалат многу пратеници, односно масовно се отсутни, дали тоа значи дека ќе се тера старата навика, да НЕ СЕ присуствува, а да се зема пратеничка плата за работење некаде таму денес седејќи по ресторани и плажи.


IMG_20240623_112813.jpg


...дали народот ги плаќа пратениците да отсуствуваат во работата во Собранието и дали ќе добијат „отказни решенија“ од пратеничките места ако неоправдано отсуствуваат три пати, како што добива „отказно решение“ обичниот работник од своето работно место?

...пратеничката плата изнесува 1.828 евра, на пратеникот може да му биде одземен мандатот кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци.

значи неоправдано отсуство од шест месеци, тогаш зошто обичниот работник добива отказно решение од работното место од 300 Е само за три дена, а пратениците со 1828 Е ќе му биде одземен мандатот за неоправдано отсуство од шест месеци??
...што се овие во Собрание што народот ги одбра, Богови нешто со посебна повластица за неработење?
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.595
Поени од реакции
42.111
Левица никаде ги нема на сликава. Изгледа идат само за урлање на седници.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.868
Поени од реакции
4.997
...во Собранието на денешната седница (23.06.2024), според тоа како се гледа фалат многу пратеници, односно масовно се отсутни, дали тоа значи дека ќе се тера старата навика, да НЕ СЕ присуствува, а да се зема пратеничка плата за работење некаде таму денес седејќи по ресторани и плажи.


Прегледај го приврзокот 421307


...дали народот ги плаќа пратениците да отсуствуваат во работата во Собранието и дали ќе добијат „отказни решенија“ од пратеничките места ако неоправдано отсуствуваат три пати, како што добива „отказно решение“ обичниот работник од своето работно место?

...пратеничката плата изнесува 1.828 евра, на пратеникот може да му биде одземен мандатот кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци.

значи неоправдано отсуство од шест месеци, тогаш зошто обичниот работник добива отказно решение од работното место од 300 Е само за три дена, а пратениците со 1828 Е ќе му биде одземен мандатот за неоправдано отсуство од шест месеци??
...што се овие во Собрание што народот ги одбра, Богови нешто со посебна повластица за неработење?
А за која држава зборуваш?...:unsure:
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.967
Поени од реакции
7.613
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
134307006-181466.jpg


20180808173555.jpg


...2018 година, сега 2024 година, до каде се студиите од 40 илјади долари државни пари?

13443109_1785691075007953_5002885621719799023_o.jpg

(Нејзиното семејство веќе живеело таму и Димитров поседувал стан во Холандија, Министерот за надворешни работи Никола Димитров неговата ќерка Јана Димитрова добила стипендија од Министерството за образование, во висина од 40 илјади долари за студирање на Универзитетот во Утрехт)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.412
Поени од реакции
13.434
dodeka go disham ovoh makedonski vozduh vol.2.mp3
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.380
Поени од реакции
8.977
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.868
Поени од реакции
4.997
Македонскиот воздух му сврши, сега со серверномакедонскиот како се снаоѓа?
Се снаоѓа и тоа како-со еластична кичма и со адаптибилен мозок.
Автоматски споено мислење:

Градските автобуси, по некое правило, се аморизираат и заменуваат на 5-7 години од нивното користење. Украинските и кинеските возат веќе 12-та година, по улици кои имаат појќе дупки отколку асфалтирана површина...така да не мора да се чудиме зашто автобусот се „насукал на суво„.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom