Искрено после оној скандал со лековите за онкологија, не ме чуди и парацетамол во аптеки да снема, а не пак лекови во државни болници...
...не снемува, ги местат работите да снема, фантом дефицитарност, има работа за инспекции ама да бидат независни не министер за здравство назначен од партија ќе прати инспекција,
...па кој до сега за било што бил крив после инспекцијата, па и од лекарска комора сите партиски поставени во управниот одбор во корелација со власта осудиле некој лекар одземајќи ја Лиценцата за работа поради прекршок и загрозување на здравјето на пациентите?
... органите и' ги извадиле на пораѓај на трудницата од Струга, ене ја сирота уште по судските лавиринти ја бара правдата, а пак штипјанката, мајка што починала поради немање кислород боца КОВИД хорор за ќерката која се пишувала со мајката која починала, а на дежурство кој бил лекар дежурен? ааа? а изгорени живи пациенти за 3 минутно тоталка изгорена модуларна болница, а основачот на модуларните болници ене го ни срам ни перде уште конкурира да биде претседател на СДСМ,
...колку луѓе покрила земја од лекарски грешки и неказнети функционери лекари, никогаш да не се заборави!
Странски турист во Охрид бил каснат од змија и итно пренесен во болницата во Дебар, затоа што Охридската болница останала без серум. За навреме да го прими противотровот, во првите часа по каснувањето, и да се спаси живото на туристот од Холандија, тој бил транспортиран со санитетско возило...
telma.com.mk
цитат:
,, Од Болницата во Охрид велат дека останале без серум само еден ден откако го потрошиле на пациенти каснати од змија. Се правдаат дека процедурите за испорака не се во нивна надлежност, па вчера им се доставени нови количини.
-Во последниот месец сме дале три серуми, од кој последниот пред два дена. Веднаш се направи договор со околните болници кои имаат серум, во случај на итност да згрижат пациенти. Од тие причини пациентот од Холандија беше упатен до најблиската болница и навремено згрижен. Соопштија од Општата болница во Охрид."
...аман бе, како така мене, не ми излегува според транспаретноста на НЕТ, документи од јавни набавки датум на договор, пак проблемите под тепих ли?
ајде по ред за ситуацијава, причина, последица, какви кадри такво здравство и со тоа епитет - БЛАМ ДРЖАВА:
Смена на директорската позиција во охридската болница – Асен Шајн заминува, а Мимоза Влаши Хиса е нов ВД директор Македонија
ohridsky.com
...ако се прочита цел текст само се потврдува ароганцијата на д-р А.Таравари преку д- р Ф.Меџити и мешање на политиката во здравството, кои наместо да бидат медицински лица со Хипократова заклетва во раце, тие се партиски пиони со партиска агенда во рака, а сега пак дежаву ситуација, дали денешниве тазе политичари имаат кратка меморија и не памтат што се случило на политичка сцена или го прават луд македонскиот народ, не знам!
...охридската општа болница според договор за набавка на лекот серумот против змијско каснување (антивиперинум) има одредено само 10 инјекции серум, склучен на 26.05.3024 година, потпишан од Директорот д-р А.Шајн преставник на партија Алијанса на Албанците.
...количини на Snake Venum antiserum само 10 инјекции, тендер кој се одвива кога не треба, токму кога има змији излезени од живеалишта - лето, ако добавувачот има обврска до 5 работни дена да се достави, а денес кога е каснат холандскиот турист 13.06.3024 , а договорот потпишан во Скопје на 26.05.2024, дури да стигне административно до Охрид и преку нивна архива да се спроведе плус фора од 5 дена за достава, јас се сомневам дека воопшто овие 10 инјекции воопшто се стигнати во Охрид, а не пак да се потрошени, па да го транспортираат пациентот во Дебар кој највероватно иста ситуација пред една две недели што и тие од дебарска болница немале серум, па ги праќале пациентите по другите околни градови.
...па уште количините од антивиперинум резервите на Министерство за здравство им е пратено во Охрид, а што со нивни охридски количини по договор, како беше тоа ,,луд јебе збунјеног, или збунјен јебе лудога"
....е сега, овие исти партиски кадри како личности - функционери, организатори, медицински лица како сакате, пак на власт дадено им е повторно министерството за здравство, аман Х.Мицковски ал знаеш што правиш и што допрва пак те чека со овие во здравството, еве јас не можам да спијам, а ти мирно ли спиеш?