Стварно не ми е јасно колку е можно до толку погрешно да ја знаете историјата, изгледа не е случајно што имате професори кои предаваат на државен факултет кои викаат дека Господ македонците ги креирал во 6 - тиот ден.
Ама да не се лажеме, не е оправдување тоа, денеска имате интернет, во таа википедија јасно и гласно пишува дека сите историчари, лингвисти итн се едногласни, албанската нација има палеобалканско потекло, има дебата затоа што не се знае точко од кој етникум затоа што не се се знае многу за јазиците на илирите, на траките, на даките или на сосема друга за која нема воопшто пишано историјата.
Ама не постои ниту еден историчар, лингвист што вика дека албанската нација има потекло вон балканот. Пред 9 години сум побарал и од членови тука да ми цитира таков историчар, уште нема таков цитат.
Од тебе не барам, знам дека тролаш за ова ама нејсе.
https://en.wikipedia.org/wiki/Origin_of_the_Albanians#cite_note-1
https://en.wikipedia.org/wiki/Origin_of_the_Albanians#cite_note-bonefoy2-2
Додади на тоа што позајмените латински зборови се од времето на класичниот Рим. Значи над 30 % од целовкупниот албански вокабулар се латински зборови.
Е сега ти одговарам тебе за фаците.
Гревот на албанците и општо национална трагедија им е тоа што немале своја автокефална црква, биле помалку бројни и имаа несреќа да се наоѓат близу две антички супер цивилизации и поради тоа немаа ни своја азбука, ниту подоцна своја црква кој би била на мајчин јазик.
Затоа и се исламизираат полесно од другите балкански нации, но што е позначајно со креирањето на националните држави сите балкански држави имаа своја црква со која и успеваа полесно да си ги враќаат верниците, или да ги избркат тие што не сакаа да се христијанизираат.
Тој процес го немаше кај албанците, затоа албанската нација ги губи православните Арванити во Грција, ги губи православните во Црна Гора и во Македонија, со тоа остануваат само муслиманите албанци но и остатоци на турската империја кои подоцна и се лепат на албанската нација денденес.
Ова е заради цел век на маргинализирање од ваша страна, буквално пола век пред албанците сте ја поминале индустријализацијата.
Ако викаш дека е до гените треба да цитираш генеолог или антрополог или историчар или кариес цитирај го, или пиши твое мислење е тоа, твое право е тоа.