Ibracadabra
Волшебник
- Член од
- 21 септември 2008
- Мислења
- 1.299
- Поени од реакции
- 65
Абе си се скапал пишување.. Чекај сега малку да ти објаснам нешто..Изнервиран од лажниот патриотизам во воведниот пост и јас сакам да кажам нешто. Го читам и не ми се верува, не сме биле Македонци затоа што не сме го гледале пандев. Прво Интер е италијанска екипа составена од дузина интернационалци (пола и јас не знам од кај се доваѓаат), што значи дека успехот на Интер ни мапку позитивно нема да влијае на Македонија како држава. Највероватно позитивното за Македонија според тебе ќе биде тоа што ќе го дадат пандев и коментаторите ширум Европа ќе кажат овој играч е од Македонија (иако многу и не знаат дека е од Македонија). Страшна работа. Многу полза ќе види Македонија. А бе другар истиот тој пандев доколку ги дадеше гочовите против Исланд и изиграше многу подовро со останатите селекции во групата ќе не одведеше до Бараж, а може би и до светско првентсво.
Е ова ќе беше позитивно за Македонија ( на ијлада начини кој немам време да ти ги објаснувам ). Втора работа кажуваш за Македонско првенство. Па јас сум речиси редовен навиавач на Вардар веќе 20 години, со преку 50 посто од натпреварите кој сум ги имал посетено. За мене единствен тим кој навивам во светот е Вардар. Лига сампиони гледам и во секој дуел си имам тим за кој навивам но тој тим не ми е во крвта и не сум му неог фан. Но да се вратам на Македонското првенство. Тој истиот пандев играл и го победувал мојот Вардар и јас сум го свирел, пцуел на натпревари. И ти сега сакаш јас преку ноќ да станам фан на пандев и на тимот во кој игра ( иако секогаш викам ако интер треба да победи иако сум против интер, подобро би било пандев да даде гол), па дај не биди смешен. Фан сум само на Македонската репрезентација и таму навивам за пандев и за тимот. Третто се радувам што не сум растел во тие времиња кога без разлика колку е добар некој производ мора да го консумираш затоа што бил од Југославија(сите возеа југо, носеа симод патики, имаа горење телевизор). Епа другар ако не си занел дојде ново време во кое цел свет стана еден пазар односно сите работи од цел свет ми се достапни. Сега имаме еден пазар и јас за мои пари ќе си изберам најдоброто нешто што сакам да консумирам. Најдобро нешто е нешто кое носи максимизација на задволство, во исто време и минимизација на трошокот за да тоа нешто го консумирам. Во тој еден пазар јас место Југо ќе си дозволам да возам Тојота, место Симод патики ке носам Најк, место горење телевизор ќе гледам на Сони, место пандев и красиќ, ќе го гледам меси и фабергас. И пак ова ќе е подобро за да видат до кај се овие послабите на пазарот а со тоа добро да се оценат колку вредат, и да се стимулираат дека треба да работат уште за да станат најдобри. Поздрав и се надевам дека во иднина нема да размислуваш така назадно, и да се надевам дека твојот и тогаш мојот пандев ќе ја однесе мојата Македонија на светско првенство. Но после тоа ако дојде со Интер против Вардар, јас со задоволство ќе го пцујам на стадион.
Никој не рече дека нема да бидеш Македонец ако не го гледаш Пандев.. Скраја да е.. Сите сме македонци..
И искрено да ти кажам.. Не оти Пандев игра во Интер.. Али кога го слушав коментаторот на Лацио кога им даде 2 гола на Реал Мадрид среде Рим ми се наполни душата.. А за тебе тоа било страшна работа.. Мачкина кашлица.. Нели? Исто кога ќе го видам знамето на трибини.. Кое можеш да го видиш кај мене на профил.. Тоа ме исполнува.. Без разлика дали се работи за Интер, Лацио, Барселона или Арсенал!
Друга работа викаш одиш на натпревари на Македонската лига преку 20 години.. Одев и јас братче.. Стоев 3 часа пред натпревар на дожд на трибини додека чекав да почне мечот Победа - Вардар. Додека чекав да дојдат 10.000 на стадион.. Ама не можам да разберам ако веќе толку долго одиш на трибини како можеш да ми викаш што не ги даде Пандев головите со Исланд за да одиме на светско?
Па ако ги знаеш приликите во Македонија, ќе знаеш дека рибата смрди од главата, не од опашката.. Туку настрана политиката другар..
Можам да разберам навивач на Барселона да не го сака Фабрегас или Торес бидејќи игра во Арсенал и може да и даде гол на неговата екипа.. Али не можам да сфатам Македонски симпатизер да го мрази Пандев бидејќи неговиот клуб Интер бил појак од оној кој го симпатизира!?
Кога можеа навивачите на Манчестер да му аплаудираат на Бекам кој играше против со Милан, тогаш можат и нашите да покажат барем малку респект.. Нашите симпатизери на европски клубови..
А уште повеќе што ние имаме само еден таму во најдобрите 8, можеби 4, а можеби и 2.. Додека навивачите ширум европа имаат по 3-4 секоја сезона во најдобрите 4.. Но не се однесуваат така..
Проблемот е во нашиот менталитет друже.. Не е до Телма, Канал 5 или Сител..