Благодарност до Канал 5, Телма и вистинските спортски работници!

Дали ги подржувате Канал 5 и Телма заедно со вистинските спортски работници?


  • Вкупно гласачи
    150
Статус
Затворена за нови мислења.

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Изнервиран од лажниот патриотизам во воведниот пост и јас сакам да кажам нешто. Го читам и не ми се верува, не сме биле Македонци затоа што не сме го гледале пандев. Прво Интер е италијанска екипа составена од дузина интернационалци (пола и јас не знам од кај се доваѓаат), што значи дека успехот на Интер ни мапку позитивно нема да влијае на Македонија како држава. Највероватно позитивното за Македонија според тебе ќе биде тоа што ќе го дадат пандев и коментаторите ширум Европа ќе кажат овој играч е од Македонија (иако многу и не знаат дека е од Македонија). Страшна работа. Многу полза ќе види Македонија. А бе другар истиот тој пандев доколку ги дадеше гочовите против Исланд и изиграше многу подовро со останатите селекции во групата ќе не одведеше до Бараж, а може би и до светско првентсво.
Е ова ќе беше позитивно за Македонија ( на ијлада начини кој немам време да ти ги објаснувам ). Втора работа кажуваш за Македонско првенство. Па јас сум речиси редовен навиавач на Вардар веќе 20 години, со преку 50 посто од натпреварите кој сум ги имал посетено. За мене единствен тим кој навивам во светот е Вардар. Лига сампиони гледам и во секој дуел си имам тим за кој навивам но тој тим не ми е во крвта и не сум му неог фан. Но да се вратам на Македонското првенство. Тој истиот пандев играл и го победувал мојот Вардар и јас сум го свирел, пцуел на натпревари. И ти сега сакаш јас преку ноќ да станам фан на пандев и на тимот во кој игра ( иако секогаш викам ако интер треба да победи иако сум против интер, подобро би било пандев да даде гол), па дај не биди смешен. Фан сум само на Македонската репрезентација и таму навивам за пандев и за тимот. Третто се радувам што не сум растел во тие времиња кога без разлика колку е добар некој производ мора да го консумираш затоа што бил од Југославија(сите возеа југо, носеа симод патики, имаа горење телевизор). Епа другар ако не си занел дојде ново време во кое цел свет стана еден пазар односно сите работи од цел свет ми се достапни. Сега имаме еден пазар и јас за мои пари ќе си изберам најдоброто нешто што сакам да консумирам. Најдобро нешто е нешто кое носи максимизација на задволство, во исто време и минимизација на трошокот за да тоа нешто го консумирам. Во тој еден пазар јас место Југо ќе си дозволам да возам Тојота, место Симод патики ке носам Најк, место горење телевизор ќе гледам на Сони, место пандев и красиќ, ќе го гледам меси и фабергас. И пак ова ќе е подобро за да видат до кај се овие послабите на пазарот а со тоа добро да се оценат колку вредат, и да се стимулираат дека треба да работат уште за да станат најдобри. Поздрав и се надевам дека во иднина нема да размислуваш така назадно, и да се надевам дека твојот и тогаш мојот пандев ќе ја однесе мојата Македонија на светско првенство. Но после тоа ако дојде со Интер против Вардар, јас со задоволство ќе го пцујам на стадион.
Абе си се скапал пишување.. Чекај сега малку да ти објаснам нешто..
Никој не рече дека нема да бидеш Македонец ако не го гледаш Пандев.. Скраја да е.. Сите сме македонци..
И искрено да ти кажам.. Не оти Пандев игра во Интер.. Али кога го слушав коментаторот на Лацио кога им даде 2 гола на Реал Мадрид среде Рим ми се наполни душата.. А за тебе тоа било страшна работа.. Мачкина кашлица.. Нели? Исто кога ќе го видам знамето на трибини.. Кое можеш да го видиш кај мене на профил.. Тоа ме исполнува.. Без разлика дали се работи за Интер, Лацио, Барселона или Арсенал!
Друга работа викаш одиш на натпревари на Македонската лига преку 20 години.. Одев и јас братче.. Стоев 3 часа пред натпревар на дожд на трибини додека чекав да почне мечот Победа - Вардар. Додека чекав да дојдат 10.000 на стадион.. Ама не можам да разберам ако веќе толку долго одиш на трибини како можеш да ми викаш што не ги даде Пандев головите со Исланд за да одиме на светско?
Па ако ги знаеш приликите во Македонија, ќе знаеш дека рибата смрди од главата, не од опашката.. Туку настрана политиката другар..
Можам да разберам навивач на Барселона да не го сака Фабрегас или Торес бидејќи игра во Арсенал и може да и даде гол на неговата екипа.. Али не можам да сфатам Македонски симпатизер да го мрази Пандев бидејќи неговиот клуб Интер бил појак од оној кој го симпатизира!?
Кога можеа навивачите на Манчестер да му аплаудираат на Бекам кој играше против со Милан, тогаш можат и нашите да покажат барем малку респект.. Нашите симпатизери на европски клубови..
А уште повеќе што ние имаме само еден таму во најдобрите 8, можеби 4, а можеби и 2.. Додека навивачите ширум европа имаат по 3-4 секоја сезона во најдобрите 4.. Но не се однесуваат така..
Проблемот е во нашиот менталитет друже.. Не е до Телма, Канал 5 или Сител..
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Претерувате со овие мислења дека во среда Канал5 ќе гледаат само Интераши и Струмичани.

Ајде да речеме освен фановите на Барса и Арсенал, барем 90% од неутрални гледачи кои вечерва ќе гледаат, ќе гледаат и утре Интер - ЦСКА. :jaj:

Значи како неутралец сакам да ја гледам Арсенал - Барса, и може ќе ја гледам имам сателитска, но доколку би немал сигурно не би трошел интернет или би гасел телевизор.
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
219
Поени од реакции
2
Ах моја кутра Македонијо!
Абе да чита човек и да се изначита колку болна е македонската младина.. Направиле тука тема, а и група на Фејсбук бидејќи ќе одел во етер Пандев, а немало да оди Меси!
Алооо!
И сега Канал 5 бил крив.. Канал 5 е крив да.. Крив е бидејќи се обидува да не излечи, да ни помогне, бидејќи бараме задоволство на краток рок, а се уништуваме на долг рок..
Но не сме ние криви другари мои..
Ние сме растени во едно општество каде првиот допир со оној надворешен свет ни е интернетот и компјутерот. Додека мојот дедо растел и играл фудбал на мои години, ние денес седиме на компјутер како некои паразити и чекаме да прочитаме некоја вест за таканареченото супер дерби Арсенал - Барселона, да прочитаме за тоа колку луѓе загинале во Москва, да отвориме некој порно сајт..
На времето било гордост да се оди и да се гледа Победа - Пелистер пред 15.000 гледачи.. Каква Барселона, како Интер.. Кои биле тие?
Дури денес јас сфатив колку сме оделе во погрешна насока и му благодарам на Канал 5..
И јас да искрено ќе ја гледав Арсенал - Барселона, и можеби сеуште и неа ќе ја гледам.. Бидејќи така сум пораснал и не знам како да се променам..
Но знам дека на времето се гледало фудбал во Македонија, се бодрела секоја Македонска екипа.. А денес само симпатии кон Реал, Милан, Манчестер..
Најголема желба на овој "спортски" народ во Македонија е да ја гледа ХРТ 2! Зошто? Бидејќи давале фудбал и имале добри коментатори..
Се тоа во ред.. Но, доколку играат Хрватска - Ангола во 1/4 финале на светско, и во исто време играат Шпанија - Англија што мислите која ќе оди во етер? Нормално дека Хрватска и никој нема да се пожали на тоа.. Или доколку игра Србија.. Исто ти е тоа..
Ех кога ќе ги видам 20.000 навивачи на Србија на трибини во Африка летово.. Морници ќе ме лазат.. Но внатре во себе длабоко ќе умирам.. Бидејќи знам дека јас во моите најубави години кога сум бил млад не сум можел да ја гледам мојата.. Нашата Македонија!!
Не е битно дали тоа е Пандев, Лазаров или било кој друг..
Не дали ќе играле Интер со ЦСКА или Загреб со Тирана..
Не е битно дали е во Интер или во Баерн..
Мене ми е мило што еден Македонец откако "станавме" држава е толку блиску до едно 1/2 или ако сакате финале на големата Лига на Шампиони.. Онаму каде имињата и историјата никогаш не умира..
Никој не ја оспорува атрактивноста на другиот меч, но за голема пофалба е обидот на КАНАЛ 5 да го освести Македонскиот народ и она Македонско во него ако веќе останало..
Скептик сум дека би ми помогнал мене, а убеден сум дека на многу од младиве деца во Македонија нема да им помогне..
А Пандев е голем.. Сакале тоа ние или не.. На оваа проклета земја треба да и се случи нешто лошо за да сфати дека имала шанса за нешто добро..
А вие другари мои кои се криете зад компјутерот.. Удрете со глава во монитор и преиспитајте се.. Удрете додека има време..

А КАНАЛ 5 заслужува честитки за изборот.. Се надевам дека некое вакво слично објаснување ќе оди во емисијата на Филе, па и оние кои не одат на форум да видат во колку погрешна насока се движат..


podrska za tekstov koj saka da sfati ke sfati deka se sto si pisal e taka
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
219
Поени од реакции
2
ej aj batalete i inter,barselona,arsenal i sto ti ja znam nego vo nedela SITE NA VARDAR-METALURG
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.318
Поени од реакции
2.846
Која публика да ја бројам? Оваа на форум која има просек 17 години?
Ти се зезаш со мене?
Публика и гледаност се бројат во аналитичките центри на Телма, Канал 5, Сител.. Сигурно го скапале во броење Арсенал.. Па го скапавме од гледање на ТВ.. Си знаат тие таму зошто секоја недела на ТВ одат Реал, Барса, Манчестер, Челзи и Интер..
А во случајов мислам дека му е двапати пребројано.. Дека Пандев после потписот со Интер им оди како алва кај гледачите..

Ај сега преброј ти.. Настрана онаа анкета горе.. И размисли со своја глава..
Сега доаѓам од фудбал и им споменав тамо дека нема да ја даваат арсенал со барса (луѓе постари и од тебе што некиснат на нет) се чудеја и рекоја цитирам: Овја канал 5 не се саглам им фали нешто.

Е тие се обични граѓани и постари кој некиснат на нет.

И гледам само ти тераш некој си инает тука за некој си нелогични моабети.......

П.С. спомена дека доколку андрлех стигне до 1/2 финале дека би гледал тогаш. Епа значи само ако успее некој треба да се бодри а до тогаш кој го ебе :tapp::tapp:
 

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Во право си бе друже... И ИНТЕР - ЦСКА стигнале до овој дел од ЛШ и значи ВРЕДАТ.. а тебе ако те навреди вистината - твој проблем...

Сите што овдека пишувате, значи имате интеренет, можете да си најдете стримови, 98% имаат кабловски и таму ќе си ја гледаат... или ќе гледате Шехерезад?
Каква црна вистина бре човеку?
Да гледам треторазредна екипа од Русија која што се очекува да излезе со дефанзивна формација утре наместо да гледам утакмица каде што неможеш да изброиш колку мега ѕвезди ке истрчаат на терен и каков стил на игра имаат.

И сето тоа само затоа што македонец имало во тимот? Па уште и патриотизам ми спомнувате?

Јас ти тврдам со 100% сигурност дека утре Интер нема да ја гледам повеќе од една минута, под претпоставка дека Пандев ке има добра шанса/гол/асистенција.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.035
Поени од реакции
6.061
Многу лоша споредба направи Ибракадабра со
ХРТ 2 споредувајќи ја со Канал 5.
Демек овие ако давале Хрватска со не знам кој, а во ист термин би биле Шпа-Анг, немало да се буни никој. Па и тука да беше така исто ќе беше, да играше Македонија. За Еден македонец, и за остали Шарпланински села, пола народ да страда. И не споредувај Минато со сегашност. Тогаш ја немало та технологија што ја има денес.

Немој да викате ти си навивач на Јувентус, нејќеш да ги глеаш Интер.
ќе ги глеав да играа со голема Екипа. Да беа споривни двојките, да речеме Интер со било кој од овие 2 тима освен ЦСКА, ќе сакав нив да ги глеам затоа што тука би имало квалитет, а верувам дека не сум единствен. Ама тоа е тоа.
Поздрав до Канал 5 и нека си ги бутнат у г'з добиените пари за пренесување на Итнер - ЦСКА.

Не е патриотизам ако нејќам да го гледам Пандев, туку сакам Квалитет?
Ја сум против Пандев? На пандев му посакувам се најдобро на Индивидуален план, ама само на Пандев.
на компанијата околу него ич.
 
A

Alexander Nevsky

Гостин
А што ако не игра Пандев прва постава?
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Сега доаѓам од фудбал и им споменав тамо дека нема да ја даваат арсенал со барса (луѓе постари и од тебе што некиснат на нет) се чудеја и рекоја цитирам: Овја канал 5 не се саглам им фали нешто.

Е тие се обични граѓани и постари кој некиснат на нет.

И гледам само ти тераш некој си инает тука за некој си нелогични моабети.......

П.С. спомена дека доколку андрлех стигне до 1/2 финале дека би гледал тогаш. Епа значи само ако успее некој треба да се бодри а до тогаш кој го ебе :tapp::tapp:
Е добро де.. И јас бев преска со други луѓе и рекоа Браво!
И сега до кај сме?
Македонија увек е поделена.. Кој сака да гледа нека гледа..
Ај да појдиме заедно до Струмица да видиме како мислат тие..
Без врска муабети..
Кога веќе ја пренесуваат сигурно досега Пандев им донесол гледаност.. Ако не забележа Филе пола емисија му беше за Пандев..
Али кој како сака така нека си сфати..
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.310
Поени од реакции
15.544
Каква црна вистина бре човеку?
Да гледам треторазредна екипа од Русија која што се очекува да излезе со дефанзивна формација утре наместо да гледам утакмица каде што неможеш да изброиш колку мега ѕвезди ке истрчаат на терен и каков стил на игра имаат.

И сето тоа само затоа што македонец имало во тимот? Па уште и патриотизам ми спомнувате?

Јас ти тврдам со 100% сигурност дека утре Интер нема да ја гледам повеќе од една минута, под претпоставка дека Пандев ке има добра шанса/гол/асистенција.
1. Треторазредна екипа стигнала до четвртфинале, а Милан неможе и тоа те боли?
2. Јас не спомнав патриотизам, а и ова не се мери со патриотизам...
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.318
Поени од реакции
2.846
Е добро де.. И јас бев преска со други луѓе и рекоа Браво!
И сега до кај сме?
Македонија увек е поделена.. Кој сака да гледа нека гледа..
Ај да појдиме заедно до Струмица да видиме како мислат тие..
Без врска муабети..
Кога веќе ја пренесуваат сигурно досега Пандев им донесол гледаност.. Ако не забележа Филе пола емисија му беше за Пандев..
Али кој како сака така нека си сфати..

Алооо Струмица е еден град, инаку никој бре не го оспорува успехот на Пандев. Туку споменав претходно а и други споменаа (фанови на интер) дека ова е ЛИГА НА ШАМПИОНИ, а не Пандевизија или македонците во странски екипи и нивните успеси.
 

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Е добро де.. И јас бев преска со други луѓе и рекоа Браво!
И сега до кај сме?
Македонија увек е поделена.. Кој сака да гледа нека гледа..
Ај да појдиме заедно до Струмица да видиме како мислат тие..
Без врска муабети..
Кога веќе ја пренесуваат сигурно досега Пандев им донесол гледаност.. Ако не забележа Филе пола емисија му беше за Пандев..
Али кој како сака така нека си сфати..
21 век е прекини со размислувањава.

Поентата денес е да задоволиш што повеќе народ и што поголема маса на луѓе наместо да задоволуваш еден град или навивачи на една екипа.

Не е поентата само што поголема гледаност да имаш, сфати го тоа веќе еднаш. Таму е главната критика према Канал 5.
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Тоше беше голем.


Веќе се случи. : (

Штета што сите вие сте плитки и Пандев го напраивте како којзнае кој да е и како којзнае што да напраил. Па уште ќењање дека зимал плата од толку и толку алал нека му е, ме интересира дали од таа плата и 1.000евра би дал на некој човек на кого би му биле потребни тие пари.

:salut:
Демек. ако ти би заработувал 10 000 евра месечно, или повеќе, ќе гледаше за сиромашните и ќе им даваше пари за помош???

За темава:
- Не гледам македонски фудбал, никогаш. затоа што она што ќе го видам, не ми се допаѓа.
- Не слушам македонска музика, освен Влатко Стефановски, Леб и Сол, Камелеон, Фолтин....
- Гледам македонски филмови, одредени, оние кои ми се допаѓаат, исто како и што е со странските.

Не сум глупав, па ајде ќе прајме македонска пропаганда, што и како ќе гледаат македонците. Само македонски филмови, фудбал, ќе слушаат македонска музика. Тоа нека го гледаат и слушаат само оние кои што се доволно глупави да бидат излажани поради ефтини причини.


 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom