Погрешна замисла многу!
Сум живеел странство и знам точно како е животот. Штета што неможев да останам повеќе! За што во БТ да бидам? За мочаното макијато за 40 денари што е 1/300 од мојата плата и тоа во „ефтин“ кафич?
Да ги глеам шмизлите што не знаат да гукнат кога се со машко, а се прават дека ги вртат на малото прсте? За што? За кинеските веспи ? За проститлокот што секој го пика носот кај што не треба. За колнењето во Никоуа Гуевски и плукањето по Бранко, за гледањето во женските газови кои растат како збуфнат квасец секој ден? За Пелистер што има забрана на движење 3 месеци во летото? За да седам на „Фонтана“ навечер оти не ми се оди Расчекор?
За да седам во градот во кој НЕМА РАБОТА и во кој ако не беше РЕК ќе испоумреа сите од глад?! Не фала! И Скопје живеев и сто пати подобро сум живеел и покрај тоа што сум седел под кирија. За денгубење немам нерви ни време. ОВде на тоа си приморан!
Јас имам спротивно мислење на твоето...
Има шмизли - точно, има мандаци со веспи - точно, има трачари - точно..
Ама јас вака гледам.
Седнувам на кафе, во евтин кафич. Порачвам кафе, 60 денари.
Поминва една шмизла, ќе се сопни од превисоките штикли и ќе го добие саканото внимание само во спротивен ефект. Се смеам.
Паркира некое бате веспа кај Паско фурната, ама не знај да ја стави на потпиралки.. пак се смеам.
Не ми се оди Расчекор, купваме со тие пари нешто за грицкање, одиме дома кај некој или кај мене, се смееме, се дружиме уживаме.
Одам Расчекор, Инфинити или Позитив ко ќе ми сака душичето, никој не ме приморва и никој не ми пиши минус.
Имав 16 години ко ми се смачи од седење дома цело лето, побарав работа, одма најдов - во кладилница 8000 плата.
Другарка ми работи 3 години во сендвичара и не можам да кажам колку пари зема оти никој нема да ме верва.
Обожавам кога ќе видам некое чупе или дете средено по пат за факултет.
Значи си станват од сабајле за да си се средат... си мислат на себе, на својот изглед и во индексот имаѕ 8 и 9... то кажва дека се организирани..
Не е само РЕК... мајка ми е новинар, тетка ми работи во осигурителна компанија, сна ми работи во Т- mobile, комшивката работи во болница, родителите на другарките се професори на факултет.
Исто и комшите што живеат под мене работат како професори во средно.
Татко му на дечкото работи во компанија за камиони...
Имам другар татко му работи во РЕК, мајка му во млекарата...
И ко ќе видиш не е толку лошо