Битола

Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Па кажи малку за Битола, поприкажи ни :wink:
За широк сокак, за Пелистер, за девојчињата, за најдобрата кафана кај што имам јадено- ГРНЕ... :lol: :lol:

Закон кафанче!!!
 
Член од
13 април 2005
Мислења
49
Поени од реакции
1
hehehe... shirok sokak... da e samo za nego da se kazva... za chupinata ima mnogu za kazvanje... mnogu za gledanje i premnogu za praenje.. sho znam... Grne vikash?:P ela nov restoran otvori ... kaj satot.. :) ke probame i tamu... :) Pelister... waaah... filingot e jak :)
 
Член од
23 април 2005
Мислења
1
Поени од реакции
0
:lol:
edino sto cini bitola e Bure i nivnoto topeno sirenje vo furna a inache nema ni zabva ni nisto . Tapa !!!!
 
Член од
13 април 2005
Мислења
49
Поени од реакции
1
samo bure? ne be coek.. ne me svakate ima mnogu pojke za gledanje vo bitola... ne znam shto se nashke vo grne vo bure.. ne velam deka ne chini tamu... ama ima pojke raboti so treba da se vidat Bitola.. da proshetash po kejot:D vamte tamte sho znam jas kako da ti objasnam ama.. toa e...
ne znam i oti ne postirat nazad nekoj ljuge ne znam ali znam deka ja imaat videno Bitola vo poubavo svetlo... :)
sepak Bitola e zakon ... spored drugite gradovi vo Bitola:)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
wardevil, дотерај ја работата до крај и закачи некоја слика :wink:
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
wardevil напиша:
samo bure? ne be coek.. ne me svakate ima mnogu pojke za gledanje vo bitola... ne znam shto se nashke vo grne vo bure.. ne velam deka ne chini tamu... ama ima pojke raboti so treba da se vidat Bitola.. da proshetash po kejot:D vamte tamte sho znam jas kako da ti objasnam ama.. toa e...
ne znam i oti ne postirat nazad nekoj ljuge ne znam ali znam deka ja imaat videno Bitola vo poubavo svetlo... :)
sepak Bitola e zakon ... spored drugite gradovi vo Bitola:)
Јас напишав за кафанки за те испровоцирам малку wardevil :wink:

Битола е еден од најубави градови во Македонија, има традиција, шарм...
Може вие што сте од таму не приметувате колку е променета Битола, но кога човек ќе се врати по две три години таму, веднаш му паѓаат во очи промените.

Ама чупињана отсекогаш прекрасни :wink:

Ај сеа, ко што рече Acid, да видиме некои фотки :D
 
Член од
13 април 2005
Мислења
49
Поени од реакции
1
Bitola ... gradot na kozulite. Gradot na Svetlinata... kako sakate narechete go ... Bitola od sekogash bil del od istorijata na Makedonija... (Heraklea). Gradot poznat po Kulturata, po filmot (Brakata Manaki). Gordost na Makedonija... Gradot od sekogash imalo golemo znacenje za cela Makedonija niz celata istorija. Megu najposhtovanite gradovi isto taka... na politicka osnova i opshto. Prepolna so ubavi gletki, Nacionalni parkovi Baba planina (Pelister).
poopshirno:

Град поставен на некоклу километри од границата со Грција. Најпрвин постоел градот Хераклеа, подоцна Римски град, кој бил освоен од Словените во 5 - тиот и 6 - тиот век. Манастирот Обитељ (сеуште видлив) играл многу важна улога во општеството се додека градот не бил освоен од Турците и станал град со огромна комерцијална и цивилна важност. Имало 60 џамии во градот, од кои 12 останале. Во Балканските војни (1912-13) Битола бил освоен од Србите, со што се прекинала 500 годишната муслиманска историја на градот. Втората Светска Војна донела понатамошно економско слабеење и намалување на популацијата; неговите Еврејски жители

биле исчистени. По Втората Светска Војна, Битола станува многу значаен центар во Македонија. Има одлични транспортни врски со Скопје и Грција. Индустриските активности вклучуваат преработка на шеќер, производство на текстил, килими, и фрижидери. Кон крајот на 1970 година се заврши проектот за искористување на геотермалната

енергија за Битола, која требаше да обезбедува струја за поголемиот дел од Македонија, посебно за областите околу Охридското и Преспанското Езеро. Десетина километри северно од Битола се наоѓа некрополисот Висови.
ahhhhh Nokni zhivot a?!:) Ludilo!!!!!
Ноќниот живот во Битола можи да се мери со тој од големи градови и од западна европа. Има многу кафулиња и 3 ноќни клубови, кои се многу добро средени. Расчекор како пример е познат локалитет, кој секој го знае низ цела Македонија.

Ресторани им многубројни. Сите гости се добродојдени на домашни и интернацјонални спецјалитети.

Најголемиот хотел во Битола (Епинал) моментално се реновира и затоа туристи морат да најдат преноќување во некој од помалите хотели и мотели, од кои се неколку многу добро средени. Пример и препорачка: Мотел Де Ниро (тел.: 047- 222-656). Многу средени апартмени и соби со медитеранен амбиент.

Ако има турист, кој ја посетува Македонија и да не дојди во Битола - не ја видeл “цела“ Македонија.
i pojke ima .... nokni klubovi :)
pak malce za kulturata...
Битола - Метропола на културата и уметноста

Во овој град во јужниот дел на Македонија секоја година организирани се многубројни културни фестивали. Скоро секој месец битолчани имаат можност да ги посетат овие фестивали. Така и културниот живот во Битола може да се развива и да живее долговековно.

Пример е мобилниот културен контенер, кои во 2002 година беше организиран за младите жители на градот да можат да ја запознат европската култура и да се направи чекор кон Европа.

Интерфест Битола е фестивал за класичка музика, кои е организиран секој август за десет дена. Од целиот свет солисти и уметници го посетуваат градот за да учествуваат на овој фестивал, кои е многу популарен на целиот балкански полуостров.

Како Highlight се смета и Фестивалот за браќата Манаки. Секое лето креативната работа - несомнено богата и значајна - на браќата Јанаки и Милтон МАНАКИ, првите сниматели на Балканот се слави.

Други фестивали: Хераклејските Вечери, Серенада, Битолски Мал монмарт.

I mnogu kako slozhen narod sme toa da vi kazham :) se najubo i poseteteja Bitola ne e obichen Makedonski Grad!:)
 
Член од
13 април 2005
Мислења
49
Поени од реакции
1
Горда за своето минато, преку една константна борба на следење и осовременување на започнатите вековни стремежи, во рамките на самостојна суверена Република Македонија, Битола го постигнува својот напредок и развиток.
Расположена во пазувите на Баба Планина со врвот Пелистер, на бреговите од реката Драгор, во западниот дел од Пелагонија, Битола е регионален стопански, образовен, научен, културен и политички центар на југозападниот дел од државата во кој се бројни и перспективни можностите за сестран развој. Во неа се наоѓаат седишта на низа различни институции, 4 почесни конзулати, а она што специфично ја обележува е богатиот и традиционален културен живот.
Благодарение на исклучително поволната географска положба како и климатските услови, Битола успеала да изгради современо стопанство, со интенција на натамошна експанзија.


Земјоделското производство, преработката и финализирањето на земјоделските производи и производството на електрична енергија се клучните гранки на стопанството и на нив се темелат глав - ните стопански објекти на градот.

Поинтензивното земјоделско и сточарско производство на општината Битола се должат на плодородната пелагониска почва како и високите можности за наводнување што ги обезбедува Хидромелиоративниот систем "Стрежево".

Земјоделскиот комбинат " Пелагонија " е еден од најголе - мите капацитети од ваков вид во Македонија . Обра - ботливата површина со која располага Комбинатот е околу 24.000 хектари и на неа успешно се одгледуваат пченица, јачмен, маслодавна репка, шеќерна репка, пченка, сончоглед, фуражни и градинарски култури . Земјоделскиот комбинат " Пелагонија " располага и со три говедарски фарми во кои производството од молзните крави ( над 1500) е околу 8 милиони литри млеко, над 300 тони јунешко месо, над 7 илјади гоени свињи, над 7000 глави овци, околу 200 тона конзумни риби, итн.


Хидромелиоративниот систем "Стрежево" обезбедува вода за наводнување на преку 20.000 хектари, на градот и селските населби кои гравитираат кон него, a се насочи и кон производството на печурки, рибарството и производството на електрична енергија, како кон додатни дејности.

Шумските површини во Битолско се на околу 39.000 хектари и од нив се експлоатира дрвната маса за потребите на населението и индустријата. Минералните богатства се големи и обилуваат пред се со лигнит и неметали. Резерви на лигнит има кај селата Суводол, Живојно, Гермијан, Брод и Гнеотино. Тие го овозможија изградувањето и функционирањето на најголе миот рударско - енергетски комбинат во Македонија, кој со трите централи произведува енергија што задоволува околу 75 % од потребите на државата.

Во доменот на металната и металопреработувачката индустрија функционираат повеќе фабрики. Во прехрамбената индустрија функционираат: " Жито Битола ", Фабрика за кекси, вафли и др . Фабрика за шеќер, Фабрика за квасец и шпиритус, Фабрика за пиво, Млекара, АИК " Лозар " и др . Графичката индустрија функционира со печатниците : " Микена ", " Киро Дандаро ", " Фустеларко борец ", и др. Градежништвото го покриваат со своето ефикасно делување ГП "Пелистер" и подружниците на градежните претпријатија "Пелагонија", Транит " и " Бетон ". Освен погоре именуваните функционираат и други фирми . Финансиска поддршка на битолското стопанство обезбедуваат " Стопанска банка " а . д . Битола, " Тетекс - Кредитна банка " - Битола, како и експозитури и фили - јали на други банки.

Во Битола, покрај споменативе, успешно функциони - раат и претпријатија од мал и среден обем, кои се резултат на пројавената приватна иницијатива. Развојните перспективи се должат на поволната географска положба на Битола која е трговска крстосница, во центарот на триаголникот Скопје, Солун, Корча. Блискоста до границата со Република Грција отвора посебно поволни можности за соработка со стопанските субјекти на пограничните грчки градови. Co функционирањето на современ царински терминал со голем капацитет е овозможен брзиот проток на стоки и услуги.

Битола има богат културен живот. Народниот театар, многупати докажано, котира на највисокото место во светот на театарската уметност кај нас и пошироко. Редовно се одржува престижниот Интернационален фестивал на филмската камера " Браќа Манаки ", во чест на првиот снимател на Балканот, битолчанецот Милтон Манаки. Други фестивали што се одржуваат во градот се : Интернационалниот фестивал на класична музика " Интерфест ", Фестивалот на староградски песни " Серенада на Широк сокак ", Фестивалот на народни песни и игри " Илинденски денови ", Битолското културно лето " Хераклејски вечери ", Фестивалот на монодрама, Меѓународното графичко триенале, " Малиот битолски Монмартар " и др. културни манифестации.

И просветата во Битола е со долговековна и почитувана традиција. Битола е општина со најразвиена мрежа на основни и средни училишта. Битола е универзитетски град ; универзитетот "Св . Климент Охридски" е формиран и успешно работи на планот на современата едукација на идни стручни кадри уште од 1979 година. Градската библиотека "Св . Климент Охридски" прерасна во библиотека од универзитетски карактер, а постојат и многу клубови, дружини, културно - уметнички и спортски друштва, ансамбли, фолклорни друштва, интерпретатори во кои членовите од различни генерации го негуваат културно - музичкиот, литературниот и спортскиот живот на Битола придонесувајќи за нејзината афирмација во државата и во светот .

Ротари клубот Битола е формиран во јуни, 1935 година и активно работи дo почетокот на Втората светска војна, вo 1941 година. По 57 годишната пауза, Ротари клубот Битола е повторно примен во членсвото на Ротари Интерна - ционал на 14 април 1998 година.

Во моментите на обновување на Клубот, a тоа се секако многу суптилни и чувствителни моменти на развој и афирмација на Битола и Република Македонија во новата општесгвено - политичка и економска констелација на односи, основоположниците си ја зацртаа како основна целта да и служат на својата заедница што е можно попрофесионално негувајќи ги притоа високите етички принципи на приватниот и јавен живот
Другарувајќи со истомислениците од целиот свет, почитувајќи се, толерирајќи се и меѓусебно разбирајќи се, битолските ротаријанци се залагаат да отворат нови и поперспективни патишта на интеграција на Република Македонија во светот на утрешнината, светот на мирот и благосостојбата меѓу луѓето . Во духот на ваквата идеја, меѓу основоположниците се вклучија и тројца претставници од соседните градови Прилеп и Ресен.

Повторното формирање на Ротари клубот Битола е овозможено благодарение на отворената и несебична поддршка на Ротари клубот од Скопје и на неговиот претседател, господинот Горѓе Гурковиќ, како и на сестраното ангажирање и довербата на ПЕА, господинот Питер Гуг и на неговиот специјален претставник, господинот Димитар Јуруковски. На сите ним Ротари клубот Битола искрено им се зблагодарува .

Вo периодот од повторното обновување па се до денешни денови членовите на Ротари клубот Битола иницираа, спроведоа и успешно реализираа низа проекти од различен карактер со што ја потврдуваат основиата цел на нивното егзистирање - служењето на Заедницата.
 

Bale82

Bwagojce
Член од
22 април 2005
Мислења
227
Поени од реакции
4
Еј абе ја заборај золошката кажи нешто и за неа кажи дека има и животни таму во животните има и мајмуни кои се е..т а да не зборам и за тигарот што има избегано едно два-три пати, и лавот кој си ги јаде лавчињата ... (оти со сестра му имаја односи и овај несакал инцест да прави па ги зеде работите во негова уста) и пијаниот човек кој го закла прчот тоа не смее да се заборави ... ама и прчот си го бараше ... имаме и Аеродром ... спортски
 

Bale82

Bwagojce
Член од
22 април 2005
Мислења
227
Поени од реакции
4
Еј абе ја заборај золошката кажи нешто и за неа кажи дека има и животни таму во животните има и мајмуни кои се е..т а да не зборам и за тигарот што има избегано едно два-три пати, и лавот кој си ги јаде лавчињата ... (оти со сестра му имаја односи и овај несакал инцест да прави па ги зеде работите во негова уста) и пијаниот човек кој го закла прчот тоа не смее да се заборави ... ама и прчот си го бараше ... А кој кажа дека Битола нема аеродром а како не ви е страм имаме итоа СПОРТСКИ. Друго шо да тресниме .... АААААА да имаме Картон сити таму е гетото се собрани Ромите (Ѓупците) а и марихуанче се наога таму ако имаш мадлаци да одиш догоре посебно во недела ..... А исто така имаме и голем прилив на оние Јужнаците грците па тие колку се матни и самите не знаат ама барем имаме ќар од пустите. Ех да дојдите во БТ ама некаде во Јуни, Јули па да видите раја луѓе бре не само шо се дојдени оние Македонците од странство туку има и еден куп странци од секаде шо идат на разни манифестации барем тогаш ни живнува градот инаку се другото е заникаде барем јас така мислам. инаку можам исто така да се пофалам со големиот број на убави девојки (Чупинња по битолски) машала да не ги почудам ама така си е па незнам со да казам друго поминете и видете арни луѓе сме не лајме туку само касаме :roll: :evil: :evil: :evil: :evil: :evil: !!!! [http://www.ville-epinal.fr/images/images_economie_tourisme/images_jumelages/bitola.jpg]
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Поминуваме редовно ние низ Битола Bale82

Туку, кога ќе ставите некои сликчиња до битолските чупиња? :wink:
 
Член од
13 април 2005
Мислења
49
Поени од реакции
1
humanoid, da ti kazham iskreno imam edno 300-400 sliki od Bitolskite chupina... od po zabavi od po ulici so gi imam slikano... ako sakash ke ti gi pushtam :) ne se neshto najnaj (amaterski sliki se) ali mislam deka ke ti svrshat rabota... cya next time
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
1.000
Поени од реакции
8
kazi poveke za curite ajde ... ima li plavi dosta ?! :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom