"Бесплатен" одмор од туристичките агенции

Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Заебете туристички агенции кај нас ве молам. Повеќето се измамнички настроени со цел да извлечат од вас што е можно повеќе пари. Незнам како не ви стана јасно дека има луѓе од истите агенции кои постираат по форумов демек супер си поминале со оваа или таа агенција и слични глупости. Посебно со наградните понуди каде нудат се и сешто демек "бесплатно"! не бидете наивни, во ваков економски стенд, никој не нуди ништо бесплатно!

Еден мој совет ви е да си го испланирате одморот сами и да не се чувствувате зависни од ниедна туристичка агенција.
За секоја дестинација која сакате да ја посетите, имате опции самите да побарате сместување, хотелско или приватно. На интернет се прилично активни голем број од хотелските и приватните понуди и со директна комуникација ќе ги избегнете трошоците што ви ги наплаќаат посредниците. А многу често можете лично да се погодите со луѓето и да ви дадат голем попуст како прв пат посетители и слично. Ова туристичките агенции си го задржуваат како профит. Истите локали кои ќе ви понудат сместување, ќе ви кажат и кој вид на превоз ви е најповолен.
Информирајте се убаво, следете ги трендовите на попусти за авионски карти и секогаш можете да склопите економичен план со одлични услови.
 

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Јас бев со Јупитер во Прага, и добро покрај тоа што не беше бесплатно сметам дека сепак понудата беше добра, 100 евра за пат и смештај во супер хотел таму, две ноќевања...за другите понуди не знам ама можам да кажам да кажам дека ова беше солидно патување за тие пари.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.715
Поени од реакции
11.554
Му стигна некој награда зимување во Банско во хотел Флоримонт за само 87 евра (може да земеш максимум 5 лица со тебе) ?
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
mene mi stigna, dodusa sam se prijaviv i vo tie 87 evra imas prevoz+spienje 3 dni+ pojadok svedska masa pa da vi kazam i ne se nogu, citav pogore so iskustva za agencjata....pola pola mi e.....a da vo tie imas i turisticka taksa platena i osiguruvanje......vaka primamlivo
 
Член од
7 декември 2011
Мислења
283
Поени од реакции
83
Му стигна некој награда зимување во Банско во хотел Флоримонт за само 87 евра (може да земеш максимум 5 лица со тебе) ?
mene mi stigna, dodusa sam se prijaviv i vo tie 87 evra imas prevoz+spienje 3 dni+ pojadok svedska masa pa da vi kazam i ne se nogu, citav pogore so iskustva za agencjata....pola pola mi e.....a da vo tie imas i turisticka taksa platena i osiguruvanje......vaka primamlivo

Мене исто али не одам
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
Добивте супер награда – ПЛАТЕНО СМЕСТУВАЊЕ ВО ХОТЕЛ ФЛОРИМОНТ 4* ВО БАНСКО

Ти ги пренесувам информациите во однос на користењето на ексклузивната награда >>Платено сместување<< во Банско-Р.Бугарија

Терминот за патување е: од 31.01. до 03.02.2013,07.02 до 10.02.2013 и 21.02 до 24.02.2013

1. Достапни се апартмани за 2-6 лица.

2. Со себе може да поканиш 1 до 5 луѓе.



За секоја личност се плаќa:

Ø 3 x Појадок = 9 €

Ø (трошоци за резервација и handling-от за хотелот во Банско, comfort осигурување, туристичка такса, организација на патувањето, водич и аниматори) = 29 €



Ø Превозот до Банско секако Ви го организираме ние:

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: СКОПЈЕ-БАНСКО-СКОПЈЕ, повратна = 49 €

За деца:

Од 0-4 години = 19 евра

Од 4-12 години = 45 евра

За тебе, добитникот на оваа ексклузивна награда и сите останати што одат со тебе, вкупниот трошок по лице изнесува само 87€ кои не треба да ги платите наеднаш туку на :

· 3 рати х 29 €

ПОРАДИ ТОА ШТО ОВАА ЕКСКЛУЗИВНА НАГРАДА, ИМА ОДРЕДЕН РОК НА ВАЖЕЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈАТА (по потреба рокот за пријавување може да се продолжи)

Се што мораш да направиш е да ги собереш доленаведените податоци на пријателите и во рок од 2(два)дена да ми ги пратиш на меил. За се останато ќе се погрижиме ние!

За потврда за тебе и оние кои ќе патуваат со тебе, ќе ми требаат следниве податоци:



1. Име и презимe

2. Датум на раѓање

3. Адреса

4. Број на мобилен телефон

5. е-маил

Препорачуваме (незадолжителнo)

АЛКА ЈУПИТЕР (29€) која вклучува:

- 3 x вечера во гала ресторанот во хотелот

- 3 x пијалок (по еден секоја вечер)

- Пакет влезници ( x 3 ) за најпопуларната дискотекa во Банско

- Welcome party

- Main Star party

- Black Magic party

- Попуст на пијалоците во локалните пабови и кафетерии

- Попуст на храна во рестораните-соработници на ЈУПИТЕР во Банско

- Превоз од хотелот до гондолата и назад на секои 30 мин.

- Неограничено користење на базен, сауна и фитнес во спа центарот


gleda nekoj nesto somnitelno:D
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
ЧЕСТИТАМЕ,
Добивте ексклузивна награда – 7 дена ПЛАТЕНО СМЕСТУВАЊЕ во ПРИВАТНИ АПАРТМАНИ на островот КРФ!

Достапни се двокреветни и трокреветни апартмани.

Со себе може да поканиш 1 до 5 луѓе.

За секое лице се плаќа само превоз,туристичка такса и осигурување.

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ (СКОПЈЕ- КРФ -СКОПЈЕ)

· Ниска сезона 57€
· Средна сезона 78€
· Висока сезона 87€

*Редовната цена е 177€ + 10€ пријава + 6€ туристичка такса. Цената вклучува 6 ноќевања во приватни апартмани, автобуски превоз Скопје- Крф - Скопје, придружник на патувањето.
За добитниците на платено сместување, цената за превозот се плаќа на 3(три) еднакви рати:

· Ниска сезона 3 х 19€
· Средна сезона 3 х 26€
· Висока сезона 3 х 29€

*Во цената не е вклучена т.такса 1€/ден и задолжително патничко осигурување 5€ (се плаќаат пред тргнување)
За потврда за тебе, и оние кои ќе патуваат со тебе, ќе ми требаат следниве податоци:
· Термин на патување
· Име и презиме, датум на раѓање
· Адреса
· Број на мобилен телефон
· е-маил

Сместувањето во апартманите можеш да го погледнеш тука

Препорачуваме ЈУПИТЕР АЛКА (29€) која вклучува:

ü 1 х повратна карта за траект (ИГУМЕНИЦА-КРФ-ИГУМЕНИЦА)
ü 4 х бесплатни пијалоци во JUPITER BAR ( Купи 1 –Добиј 1 Гратис)

Влезници и учество на следните настани :

ü 1 х влезница за ПЕНА party во Montecristo Club
ü 1 x излет на вечерна WHITE PARTY (организиран превоз+влезница)
ü 1 х Pool Party @ Vila & Bar Theo Tzoros, Ipsos
ü JUPITER Opening party
ü After beach party @ ALOHA WHITE Beach Bar
ü Одржување во апартманите
ü Дежурна служба за 24ч customer care
ü Организирани дневни и ноќни забави со аниматорите на ЈУПИТЕР
ü Попуст на сите факултативни екскурзии и разгледи организирани на островот
ü 10-15% Попуст на храна, менија и пијалоци во рестораните-соработници на ЈУПИТЕР во Ипсос:
Jimmi’s gyro; Papagalos Fast food; Bonita Pizza & Restaurant; Stathis Tavern; Cocoon Cocktail Bar; Ipsos Gift Shop; Phatom Rent a bike.

Деталната програма можете да ја погледнете тука

ПОРАДИ ТОА ШТО ОВАА ЕКСКЛУЗИВНА НАГРАДА, ИМА ОДРЕДЕН РОК НА ВАЖЕЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈАТА (по потреба рокот за пријавување може да се продолжи)
Се што треба да направиш е, да ги собереш горенаведените податоци на пријателите и до ЧЕТВРТОК (до 18 часот) да ми ги пратиш на меил. За се останато ќе се погрижиме ние!
За дополнителни информации за патувањето, јави ми се или пиши ми на меил.
Имајте Пријатен ден,


Ми се јавија прееска и по пола час на меил ми стигна ова од ЈУПИТЕР ....
Имаше една игра на фејсбук учествував пред 1 недела и прееска ми се јавија и ми стигна ова ...
па ме интересира од ваши или од некои други искуства дали е ова вистина или се е тука испревртено ...
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Ми се јавија прееска и по пола час на меил ми стигна ова од ЈУПИТЕР ....
Имаше една игра на фејсбук учествував пред 1 недела и прееска ми се јавија и ми стигна ова ...
па ме интересира од ваши или од некои други искуства дали е ова вистина или се е тука испревртено ...
Пролистај низ темава, за овие Јупитер има многу пишувано..
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Последен пат есеноска ми се јавија, баш на неколку дена пред да заминам низ Европа на пат и ми нудат сити-брејк во Прага. А мене веќе резервиран хотелот во Прага и картите купени за пат...
И ја оставив госпожата да ми ја испофали понудата едно печес минути и на крај ја прашувам, а за кој датум тоа ми нудите... епа тој и тој. Е жалам, и’ викам, ама на тој датум јас веќе секако ќе бидам Прага, така да не ми треба вашата понуда... и заќути на неколку секунди.
По некое време ете ја, ааа епа добро ко така, тогаш убаво поминете си, а за наредни понуди ко ќе има да ве побараме?
Да, слободно барајте ме (т.е. немој да сте се јавиле, оти ви ибав мамата).
Па за среќа уште еднаш оттогаш не се јавија. Давежи невидени се.
Иста случка беше и летото. Ми нудат за Крф понуда, а мене баш за таму резервиран и хотел и зелен картон изваден, траекти испланирано се’... Се прашував напати, да не ми го прислушкуваат телефонот па да знаат шо планирам. :D
 
Член од
3 април 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
Да ве прашам..дали има некој патувано и добиено гратис 6 ноќевања во Крф преку Јупитер агенцијата? И дали се коректни како агенција..зошто прочитав многу позитивни ама и негативни критики, па би сакала некој што го искусил тоа да ми каже? Фала однапред !
 
Член од
7 декември 2010
Мислења
178
Поени од реакции
131
Да ве прашам..дали има некој патувано и добиено гратис 6 ноќевања во Крф преку Јупитер агенцијата? И дали се коректни како агенција..зошто прочитав многу позитивни ама и негативни критики, па би сакала некој што го искусил тоа да ми каже? Фала однапред !
разгледај па одлучи
 

-G-

Успешен
Член од
15 јуни 2009
Мислења
636
Поени од реакции
255
Што подалеку од Јупитер агенцијата тоа подобро...

еве ти мое мислење не знам колку ке ти биде од помош ама тоа е
 
Член од
3 април 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
Fala na mislenjeto...a zosto mislis deka treba da se drzam podaleku? imas nekakvo loso iskustvo so niv?
--- надополнето: 3 април 2013 во 23:03 ---
Што подалеку од Јупитер агенцијата тоа подобро...

еве ти мое мислење не знам колку ке ти биде од помош ама тоа е

Fala na mislenjeto...a zosto mislis deka treba da se drzam podaleku? imas nekakvo loso iskustvo so niv?
 

-G-

Успешен
Член од
15 јуни 2009
Мислења
636
Поени од реакции
255
Имам како немам исто и јас „имав“ гратис ноќевања во Крф додека не дојде ред стварно да се оде во лето и пари за ова пари за она и не излезе баш гратис...
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Јас познавам 2 мој блиски другари кои им рекоја дека се ќе му е бесплатно во прага 6 дена само некоја сума од 100 евра треба да платат и кога заминаа Скопје за тргнување никој не ни дојде не ги ни пречека, се жалеа излегоа и на телевизија дури ама никој не им ги врати парите, наводно имале некој проблем со резервациите па ќе им ги врателе парите. Еве чекаат веќе 5 месеци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom