Според Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, член 2 став 55, возач почетник е дефиниран како:дали некој има информација околу законот за забрана за возење во период од 23 до 05 часот за возач почетник без 2 години искуство.. имам информација дека го намалиле на 1 година, но дали некој знае со сигурност да ми каже??
Низ измените што успеав да ѕирнам, последната е од април годинава, а оваа одредба не е сменета, можно е да не сум ја нашла последната измена доколку ја има или можеби е само предлог сега за сега. Инаку вака ако стојат работите, се’ уште е 2 години.55. "Возач-почетник" е секој возач на моторно возило до 21 година возраст, кaкo и возач на моторно возило во период од две години по добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја добил во Република Македонија или во странство. Возач - почетник е и возач на моторно возило во периодот од две години по добивањето на возачката дозвола од одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола за друга категорија.
(2) Возачот почетник не смее да управува возило во патниот сообраќај во времето од 23,00 часот до 5,00 часот, освен ако со него во возилото се наоѓа лице-возач постаро од 25 години на кое не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.
Тоа е уредено со Закон за кривична постапка, конкретно за куќен притвор има во Глава XVI - МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРИСУСТВО НА ЛИЦА И ЗА НЕПРЕЧЕНО ВОДЕЊЕ НА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА.Неможам никаде да најдам кои се правата и обврските на луѓето кои се во куќен притвор.Го има тоа некаде во закониве или не?
Да видов,фала многу.Тоа е уредено со Закон за кривична постапка, конкретно за куќен притвор има во Глава XVI - МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРИСУСТВО НА ЛИЦА И ЗА НЕПРЕЧЕНО ВОДЕЊЕ НА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА.
8. Куќен притворЧлен 163Определување куќен притвор(1) Ако постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело и има услови за определување притвор од членот 165 став (1) на овој закон, судот може да определи мерка куќен притвор и да му нареди на тоа лице да не го напушта домот за определено време.(2) На лицето против кое е определен куќен притвор судот може по исклучок да му определи да се оддалечи за одредено време од станот или од друг простор, ако:1) тоа е потребно за лекување или2) тоа го бараат посебните околности поради кои може да настапат штетни последици по животот, здравјето или имотот на лицето или на неговите блиски.(3) Во решението со кое се определува куќен притвор, покрај забраната за оддалечување од домот или од друг простор, судот може да определи забрана за комуникација со лица или забрана за употреба на средствата за комуникација, односно обврска за почитување на мерките на видео и електронски надзор, или да нареди примена на други мерки согласно со членот 146 од овој закон.(4) Ако лицето против кое е определен куќниот притвор се оддалечи од домот или од друг простор спротивно на забраната на судот, или во определено време не се врати во домот или другиот определен простор, или не се придржува на забраната за комуникација со лицата или забраната за употреба на средствата за комуникација или го избегнува или попречува спроведувањето на мерките навидео и електронски надзор, против тоа лице ќе се одреди притвор. Лицето за тоа ќе се опомене со решението за куќен притвор.(5) Судот врши надзор над куќниот притвор, а надзорот може да го довери на полицијата, определувајќи го и начинот на неговото извршување.(6) При определување на куќниот притвор соодветно се применуваат одредбите во однос на определување на мерката притвор, ако со овој закон поинаку не е определено.Понатаму во истата глава има се‘ објаснето за притвор, но за куќен притвор, генерално ова е тоа. Законот можеш да го најдеш на право, само треба да се регистрираш за да можеш да го собереш.
Не е исто да идеш Србија и АмерикаДали можам да ја напуштам државата само со Лична Карта ? (од новите) , пасошот ми е истечен, многу се чека за нов а треба да ја напуштам Мк за некој ден. Благорадам
Белград поточно.Не е исто да идеш Србија и Америка
Не сум сигурен прашај друг сега брзо потпишуваа договор а шо бидна незнам, еве ти тема читај тука и прашувај http://forum.kajgana.com/threads/Границата-Србија-Македонија-ќе-се-минува-со-лична-карта.44165/page-6Белград поточно.
Ај од сеќавање ќе ти одговорамСо кој закон се уредуваат деклараторна и излачна тужба?
Излачна тужба може да се поднесе и за заштита на сопственост врз ствар, баш сега го читав закон за Сопственост и други стварни права и вели излачна и деклараторна тужба се уредени со посебен закон, ај знам за деклараторна но за излачна не можев да најдам, во спомнатиот закон се само наведени нема некое објаснување.Ај од сеќавање ќе ти одговорам
Излачна тужба е предмет на закон за стечај, логично пошто само во случај на стечај можеш да бараш излачно право.
Останатите тужби, деклараторна, конститутивна и кондемнаторна, се сите во ЗПП, меѓутоа нема да ги најдеш како теркови, ако ти треба тоа, најдобро во некој прирачник или коментар од Чавдар. Или во учебниците по граѓанско право на правен.
55. "Возач-почетник" е секој возач на моторно возило до 21 година возраст,кaкo и возач на моторно возило во период од две години по добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја добил во Република Македонија или во странство. Возач - почетник е и возач на моторно возило во периодот од две години по добивањето на возачката дозвола од одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола за друга категорија.Според Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, член 2 став 55, возач почетник е дефиниран како:
Низ измените што успеав да ѕирнам, последната е од април годинава, а оваа одредба не е сменета, можно е да не сум ја нашла последната измена доколку ја има или можеби е само предлог сега за сега. Инаку вака ако стојат работите, се’ уште е 2 години.
И забраната за возење во период од 23 до 05 не е сменета, член 240 став 2 од истиот закон: