Барате некој закон?

Член од
27 јуни 2011
Мислења
225
Поени од реакции
42
i jas nemozam a ti objasnam tocno mozebi e samo dovolno da se kaze makedonsko sudstvo ama ne e bitno sea gledcam dali moze ako tuzi da dobie i osteta
 
Член од
27 март 2007
Мислења
584
Поени од реакции
37
дали некој има информација околу законот за забрана за возење во период од 23 до 05 часот за возач почетник без 2 години искуство.. имам информација дека го намалиле на 1 година, но дали некој знае со сигурност да ми каже??
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093

Според Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, член 2 став 55, возач почетник е дефиниран како:
55. "Возач-почетник" е секој возач на моторно возило до 21 година возраст, кaкo и возач на моторно возило во период од две години по добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја добил во Република Македонија или во странство. Возач - почетник е и возач на моторно возило во периодот од две години по добивањето на возачката дозвола од одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола за друга категорија.
Низ измените што успеав да ѕирнам, последната е од април годинава, а оваа одредба не е сменета, можно е да не сум ја нашла последната измена доколку ја има или можеби е само предлог сега за сега. Инаку вака ако стојат работите, се’ уште е 2 години.
И забраната за возење во период од 23 до 05 не е сменета, член 240 став 2 од истиот закон:
(2) Возачот почетник не смее да управува возило во патниот сообраќај во времето од 23,00 часот до 5,00 часот, освен ако со него во возилото се наоѓа лице-возач постаро од 25 години на кое не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.
 
Член од
1 јули 2010
Мислења
138
Поени од реакции
22
Неможам никаде да најдам кои се правата и обврските на луѓето кои се во куќен притвор.Го има тоа некаде во закониве или не?
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Неможам никаде да најдам кои се правата и обврските на луѓето кои се во куќен притвор.Го има тоа некаде во закониве или не?
Тоа е уредено со Закон за кривична постапка, конкретно за куќен притвор има во Глава XVI - МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРИСУСТВО НА ЛИЦА И ЗА НЕПРЕЧЕНО ВОДЕЊЕ НА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА.
8. Куќен притвор
Член 163
Определување куќен притвор​
(1) Ако постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело и има услови за определување притвор од членот 165 став (1) на овој закон, судот може да определи мерка куќен притвор и да му нареди на тоа лице да не го напушта домот за определено време.
(2) На лицето против кое е определен куќен притвор судот може по исклучок да му определи да се оддалечи за одредено време од станот или од друг простор, ако:
1) тоа е потребно за лекување или
2) тоа го бараат посебните околности поради кои може да настапат штетни последици по животот, здравјето или имотот на лицето или на неговите блиски.
(3) Во решението со кое се определува куќен притвор, покрај забраната за оддалечување од домот или од друг простор, судот може да определи забрана за комуникација со лица или забрана за употреба на средствата за комуникација, односно обврска за почитување на мерките на видео и електронски надзор, или да нареди примена на други мерки согласно со членот 146 од овој закон.
(4) Ако лицето против кое е определен куќниот притвор се оддалечи од домот или од друг простор спротивно на забраната на судот, или во определено време не се врати во домот или другиот определен простор, или не се придржува на забраната за комуникација со лицата или забраната за употреба на средствата за комуникација или го избегнува или попречува спроведувањето на мерките на
видео и електронски надзор, против тоа лице ќе се одреди притвор. Лицето за тоа ќе се опомене со решението за куќен притвор.
(5) Судот врши надзор над куќниот притвор, а надзорот може да го довери на полицијата, определувајќи го и начинот на неговото извршување.
(6) При определување на куќниот притвор соодветно се применуваат одредбите во однос на определување на мерката притвор, ако со овој закон поинаку не е определено.​
Понатаму во истата глава има се‘ објаснето за притвор, но за куќен притвор, генерално ова е тоа. Законот можеш да го најдеш на право, само треба да се регистрираш за да можеш да го собереш.​
 
Член од
1 јули 2010
Мислења
138
Поени од реакции
22
Тоа е уредено со Закон за кривична постапка, конкретно за куќен притвор има во Глава XVI - МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРИСУСТВО НА ЛИЦА И ЗА НЕПРЕЧЕНО ВОДЕЊЕ НА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА.
8. Куќен притвор
Член 163​
Определување куќен притвор​
(1) Ако постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело и има услови за определување притвор од членот 165 став (1) на овој закон, судот може да определи мерка куќен притвор и да му нареди на тоа лице да не го напушта домот за определено време.​
(2) На лицето против кое е определен куќен притвор судот може по исклучок да му определи да се оддалечи за одредено време од станот или од друг простор, ако:​
1) тоа е потребно за лекување или​
2) тоа го бараат посебните околности поради кои може да настапат штетни последици по животот, здравјето или имотот на лицето или на неговите блиски.​
(3) Во решението со кое се определува куќен притвор, покрај забраната за оддалечување од домот или од друг простор, судот може да определи забрана за комуникација со лица или забрана за употреба на средствата за комуникација, односно обврска за почитување на мерките на видео и електронски надзор, или да нареди примена на други мерки согласно со членот 146 од овој закон.​
(4) Ако лицето против кое е определен куќниот притвор се оддалечи од домот или од друг простор спротивно на забраната на судот, или во определено време не се врати во домот или другиот определен простор, или не се придржува на забраната за комуникација со лицата или забраната за употреба на средствата за комуникација или го избегнува или попречува спроведувањето на мерките на​
видео и електронски надзор, против тоа лице ќе се одреди притвор. Лицето за тоа ќе се опомене со решението за куќен притвор.​
(5) Судот врши надзор над куќниот притвор, а надзорот може да го довери на полицијата, определувајќи го и начинот на неговото извршување.​
(6) При определување на куќниот притвор соодветно се применуваат одредбите во однос на определување на мерката притвор, ако со овој закон поинаку не е определено.​
Понатаму во истата глава има се‘ објаснето за притвор, но за куќен притвор, генерално ова е тоа. Законот можеш да го најдеш на право, само треба да се регистрираш за да можеш да го собереш.​
Да видов,фала многу.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.382
Дали можам да ја напуштам државата само со Лична Карта ? (од новите) , пасошот ми е истечен, многу се чека за нов а треба да ја напуштам Мк за некој ден. Благорадам
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Дали можам да ја напуштам државата само со Лична Карта ? (од новите) , пасошот ми е истечен, многу се чека за нов а треба да ја напуштам Мк за некој ден. Благорадам
Не е исто да идеш Србија и Америка
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Со кој закон се уредуваат деклараторна и излачна тужба?
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Со кој закон се уредуваат деклараторна и излачна тужба?
Ај од сеќавање ќе ти одговорам :)
Излачна тужба е предмет на закон за стечај, логично пошто само во случај на стечај можеш да бараш излачно право.
Останатите тужби, деклараторна, конститутивна и кондемнаторна, се сите во ЗПП, меѓутоа нема да ги најдеш како теркови, ако ти треба тоа, најдобро во некој прирачник или коментар од Чавдар. Или во учебниците по граѓанско право на правен.
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Ај од сеќавање ќе ти одговорам :)
Излачна тужба е предмет на закон за стечај, логично пошто само во случај на стечај можеш да бараш излачно право.
Останатите тужби, деклараторна, конститутивна и кондемнаторна, се сите во ЗПП, меѓутоа нема да ги најдеш како теркови, ако ти треба тоа, најдобро во некој прирачник или коментар од Чавдар. Или во учебниците по граѓанско право на правен.
Излачна тужба може да се поднесе и за заштита на сопственост врз ствар, баш сега го читав закон за Сопственост и други стварни права и вели излачна и деклараторна тужба се уредени со посебен закон, ај знам за деклараторна но за излачна не можев да најдам, во спомнатиот закон се само наведени нема некое објаснување.

Во ред фала на одговорот.
 
Член од
23 август 2009
Мислења
176
Поени од реакции
31
Според Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, член 2 став 55, возач почетник е дефиниран како:

Низ измените што успеав да ѕирнам, последната е од април годинава, а оваа одредба не е сменета, можно е да не сум ја нашла последната измена доколку ја има или можеби е само предлог сега за сега. Инаку вака ако стојат работите, се’ уште е 2 години.
И забраната за возење во период од 23 до 05 не е сменета, член 240 став 2 од истиот закон:
55. "Возач-почетник" е секој возач на моторно возило до 21 година возраст,кaкo и возач на моторно возило во период од две години по добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја добил во Република Македонија или во странство. Возач - почетник е и возач на моторно возило во периодот од две години по добивањето на возачката дозвола од одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола за друга категорија.

Сакам да прашам дали ова значи дека лице кое не е државјанин на РМ, туку е државјанин на некоја друга земја,кога ќе дојде во Р.Македонија,тој исто така има право да вози после 23 само доколку има поминато 2 години од дибување на дозволата и дали смее да управува со автомобил чиј таблици се Македонски,доколку лицето има и двојно државјанство???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom