Базените во Македонија - слики, услуга, цени

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Некаде најдов-отворив тема, за Штипскиот базен и за некои во други градови.
Но мислам да има тема со овој наслов,па и тоа до сега напишано нека се спои со ова,
за подобра „гледаност“.
На ова ме натера посебно состојбата во Скопје,во ова изгор (на почеток ) лето.
Ние осуденици што сме од овде, од овој град имаме на располагање само неколку базени,кои се единствена алтернатива за разладување летово,бидеиќи состојбата со околните реки ја знаеме и не се за капење а исто така и со езерото Треска.
Поминатите години често го користев отворениот базен (бивши воен) во Аеродром.
Оваа година можеби пак ќе појдам. Но што е со цените овде а што е во Велес.
Па вода е исто и таму и ваму, струја иста цена и исто сонце не грее ама...
Разбрав дека цена оваа година тука е 100-150 денари,дневна, не сум чул за месечна.
Но повеќето одиме и поради децата а и за нив цената е скапа,или дури и иста.
Ако одиме ние четворицата со леб и сол, ќе не кошта 6оо денари. Јас и внуците.
Ако одиме само 5 пати месечно тоа е веќе 3000 денари. А за превоз и паркинг тоа башка.
Која дискриминација во одност на другите места и градови, а нели сме исти и една држава.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Што е многу многу е јас се зачудив кога видов во Велес мислам беше колку е сезонската карта а тука тие пари за пола месец ќе ги даеш, кај нас е 100 денари дневна.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
На ова ме натера посебно состојбата во Скопје,во ова изгор (на почеток ) лето.
ako nema konkurencija-i e privaten , toa e toa, mozhe da naplakja kolku saka - i nego ich k*r ne go boli i nema da se grizhi za socijalata
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
Во Кавадарци има два, а и Неготино е блиску и поволни се цените.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Повелете во PLAY Валандово. (ex- EXIT).

Дневна влезница - 50 ден.
Цени на пијалоци 30-100 ден.
Сладолед 15-55 ден.
Сендвичи 50-100 ден.

До базенот има и хотел со ресторан и дискотека (летна).
Слики
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Во Скопје оној под Кале што се случи со него не работи?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Види која убавина ја има во Валандово.ете мислам на базенот
(а на 20.000 жители), а после викате се е во Скопје. Ако е така тогаш
во Скопје треба да има 25 вакви базени а не 2-3 и тоа од пред 63г.
Ај да видиме во Радовиш,Кочани, Струмица....
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 23:50 ---
Во Скопје оној под Кале што се случи со него не работи?
Не работи, се е пропаднато таму.
aj da go promoviram i mojot :D za clenovi od kajgana 50% popust
Е ај оградава зошто е кажи,да не нагаѓаме (пауните да не се буричкаат таму)
 
2

~2A

Гостин
Во Прилеп има Градски базен "Маркови кули" на којшто влезница оваа година е 60 денари. Има три базени кои што по големина се различни нормално. Услугата е добра, внатре имаш понуди од страна на пици, тостови, сендвичи , сладоледи, безалкохолни и газирани пијалоци...

Исто така има и доста простор каде да седнете и сл.


Другиот базен е "Макам" како и секоја година, мислам дека и оваа година влезницата му е 50 денари. Овој базен е со големина и нуди можности да си брцкаш нозете, ако ме разбирате колкав е голем.. :)

Но, секако овој базен е само еден вид да привлече што е можно повеќе луѓе за да седнат и да се напијат кафе па и да си измијат нозете. :)


И третиот и последен базен во Прилеп е "Амфора" каде што можете да ја вкусите солената вода во базенот каде што е исполнет.. Исто и овде ми се чини беше 50 денари за капење, но исто така е и ресторан!
Големината не е ни многу мал ни многу голем, така да би било одлично место да се посети, но за жал малце е подалеку од Прилеп ми се чини на патот за Кривогаштани е ама не сум сигурен баш...


Во глобала цената е премногу ниска за посета на базените во Прилеп, па и услугите се на високо ниво!
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Види која убавина ја има во Валандово.ете мислам на базенот
(а на 20.000 жители), а после викате се е во Скопје. Ако е така тогаш
во Скопје треба да има 25 вакви базени а не 2-3 и тоа од пред 63г.
Ај да видиме во Радовиш,Кочани, Струмица....
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 23:50 ---

Не работи, се е пропаднато таму.

Е ај оградава зошто е кажи,да не нагаѓаме (пауните да не се буричкаат таму)
da ne vleguva kuceto :)
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Види која убавина ја има во Валандово.ете мислам на базенот
(а на 20.000 жители), а после викате се е во Скопје.

20.000 е цела општина со добиток и домашни миленичиња :)
6-7.000 жители има градот (од кои 1.000 најмалку се отселени во странство)



Бонус слика :)
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Види која убавина ја има во Валандово.ете мислам на базенот
(а на 20.000 жители), а после викате се е во Скопје. Ако е така тогаш
во Скопје треба да има 25 вакви базени а не 2-3 и тоа од пред 63г.
Ај да видиме во Радовиш,Кочани, Струмица....
Каде бе 20, сечи на пола :icon_lol: Инаку фин објект е базенот, гледам оваа година и го зачистиле убаво, ама реално е премал - не е ни половина од олимписки базен по димензии...ваљда за Валандово доста е и толку... Но, добро е што народот нема многу пари, па во денови кога не е викенд или празник обично нема многу гужва, па можеш да се испливаш без некој да ти скокне на глава - посебно приквечер пред затварање и на крај на сезона во Септември.
--- надополнето: 20 јуни 2013 во 00:23 ---
20.000 е цела општина со добиток и домашни миленичиња :)
6-7.000 жители има градот (од кои 1.000 најмалку се отселени во странство)
Не верувум да се повеќе од 5,000 градо, цела општина околу 12,000.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom