Чекај, чекај... зошто ти е базен со голема должина ( олимписки) да не пуштате ајкули внатре и да играте брканица?
Не туку за да можат двете "групи" на луѓе кои идат на базен да имаат место.Тие што дошле да се шлапкаат,седат до работ и да скокаат може да си прават од страните.Тие што се дојдени да пливаат си имаат место да идат во должина по средина без да им смета некој.
Ова вие што ги ставате не се базени туку се клубови со базенчиња.
Што е ова кригли пиво до вода,а и според оние во центарот "базенов" нема ни два метри.Ова не е базен туку е клуб,многу добро направен клуб ( во скопје не знам да има на вакво ниво ) али сепак е клуб а не базен.
Ова е базен.Може да скратиш некоја лента во широчина
Цените во Скопје се веќе смешни станати.200 денари е по идење а за месечна да купиш треба да дадеш пола просечна плата во Македонија и ќе ти ја симне цената колку да биде 150 денари по идење.
Ај разбирам 150 да е Олимписки ,али не може Воен да е 200 денари,100-120 е највеќе што би требало да иде.Ако за 200 денари треба да бирам помеѓу Олимписки,Карпош и Воен скалата иде Олимписки,..,Карпош,................,(некој базен во друг град),...,Воен.Се надевам дека Русинов во склоп на аква паркот и спортскиот центар Јане Сандански ќе направи и еден олимписки базен во Аеродром за да има кај да се иде