Баба Ванѓа предвидела трета светска војна во 2010

Статус
Затворена за нови мислења.

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Предвидувањата што ги правел и Нострадамус, па и баба Ванѓа имаат основа во теоријата на веројатност. Кога ќе направиш анализа на некои текови од историјата и сегашноста, можеш да поставиш одредена прогноза што би можело да се случи во блиска иднина. И ако по некоја случајност погодиш година или место, одма стануваш пророк.Тоа околу пророците.
Во реалноста, ако ја согледаме историјата не многу далечна, ќе може да се постават некои паралели.
Почеток на 20ти век. Романтичарски револуции, прегрупирање на големите колонијални сили за економска превласт во светот, заради ослабена економија и потреба од поголемо богатство. Се искористува атентатот во Босна,и почнува 1 Светска војна.Кланица невидена, а потоа изникнуваат нови империи, прекројување на светот.
Голема економска криза во 30 тите години на 20ти век, светска економска рецесија, безработица, индустрија во колапс. Се раѓа фашизам, се спрема нова стартна позиција за препород.Почнува 2 ра Светска војна. Уште поголема кланица.Нов светски поредок, НАТО, ЕУ, Русија, нови гиганти Кина, Индија, Бразил.
2008 година. Започнува глобална економска криза, индустрија колабира, домино ефект низ цел свет.
Прогноза:
Голема невработеност насекаде по светот, празен стомак раѓа гнев, во форма на национализам, фашизам, и сл. Се бара излез, се бара виновник. Со мал инцидент, може да се изманипулира голема маса народ.
Веројатност од војна-ДА, и тоа голема веројатност. Светска војна-ДА, многу веројатно. Употреба на нуклеарно и друго оружје за масовно уништување-НЕ, маногу малку веројатно. Секој што го има знае дека ако го употреби никој нема да остане. Сепак човекот не е толку глупав. Можен е изолиран инцидент од типот на Хирошима, дело на некој терористи, но глобално -НЕ.
Кога? Можно би било многу скоро, оти секаде врие како во лонец со затворен капак.
Ете, можеби звучи црно, ама има една стара изрека:
Раскажи мо го минатото, ќе ти ја раскажам иднината....
Многу подобро и поверојатно предвидување од она на некаква си Баба Ванѓа.
Чиста логика.
Али ваквата приказна звучи многу поверодостојно,кога ќе биде раскажана од некој морон со квази-прекогнитивни способности(кои секако не постојат).
Зошто така,не знам.
Зошто постои сеуште темава,не знам ни тоа.:uvo:
 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
33
Русија ќе почне разоружување и ќе спречи катаклизма.

:baeh:
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
415
Поени од реакции
11
Ма не се замарам... Имам читано се и сешто, најразлични предвидувања, те Нострадамус, те баба Ванѓа и веќе не ме интересира, што ќе се случи нека се случи...
 

Valerija

I'm like an Angel
Член од
23 октомври 2008
Мислења
211
Поени од реакции
5
сум читала и слушнала разни предвидувања но навистина некои од тие се десиле, но ова со третата светска војна размислував па што толку време се води војна во Ирак,Иран не е чудно ако би можела да се прошири.
 

tomislayer

Елегантно дебел =)
Член од
18 ноември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
82
Едино тоа за топење на глечерите има смисла :)
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Според тоа што јас го имам читано од Баба Ванѓа, книга напишана од нејзин близок роднина, вели дека во најбрзо време Светот ќе дознае од каде потекнува, ќе дознае се што го интересира и просто од каде доаѓа човекот.
Но, нема точно време кога ќе се случи тоа бидејки, како што таа вели, не сум јас таа што треба да кажам.
За војна, немам такво сознание, ама сепак мислам и Ностардамос (или како се пишува) и Баба Ванѓа ако веќе зборуваат за војна во ова наше време, мислат на војна од економски аспект, што веќе почнуваме да чувствуваме.
 

Mr.Tasev

Расад за лопате
Член од
30 ноември 2008
Мислења
271
Поени од реакции
76
Вангелија Гуштерова, позната како Баба Ванѓа, е една од најпознатите пророци во историјата. Самото нејзино име Вангелија, преведено од грчки јазик значи „Гласник од Благословениот Свет“. Нејзините способности за предвидување се појавиле откако останала слепа како мало девојче и од тогаш многу луѓе ја бараат нејзината помош.

Баба Ванѓа лекувала со природни лекови од растенија и цвеќиња, затоа што сметала дека премногу апчиња не дозволуваат организмот сам да се избори против болеста. Исто така препорачувала луѓето кои применуваат природни лекови, да користат растенија и билки од средината и земјата каде живеат.

Нејзината дарба како јасновидец и претскажувач била посебна. Таа видела многу работи и покрај тоа што била слепа, можела да зборува со цвеќињата и да посетува различни места на земјата.

Баба Ванѓа ги објаснила своите исклучителни способности, со присуство на невидливи суштества на кои не им го знаела потеклото. Тие и ги давале информациите за луѓето, и нивниот живот и бил како филм пред неа од нивното раѓање па сè до смртта.

Таа не се плашела од смртта и велела дека не постои смрт.

„После смртта телото се распаѓа, како и сè што е живо, но делот од телото, душата или како да го наречам, не се распаѓа. Зборувате за повторно раѓање. Не знам што е тоа. Она што останува од човекот, тоа е душата, која продолжува да се развива во повисоки нивоа и тоа е нејзината вечност“, вели таа во разговор со еден човек од театарот.

Баба Ванѓа сметала дека човекот се раѓа за да прави добри дела. Според неа ниедна лоша работа која ја направил човекот, не останува неказнета. Секогаш следува казна, ако не на оној кој сторил лошо, се одразува на неговите деца.

Таа зборувала и за иднината иако не сакала. Според нејзините кажувања, за 200 години човекот ќе оствари контакт со браќа по умот од други светови. Дури вели дека многу вонземјани живеат на Земјата со години и дека се од планетата која на нивен јазик се нарекува WAMFIM и тоа е трета планета од Земјата.

Баба Ванѓа почина на 11-ти август 1996 година. Таа ја знаела точната дата на својата смрт, и пред да почине рекла дека дарба како нејзината наследило 10-годишно слепо девојче кое живее во Франција и за кое наскоро ќе слушнеме.

Многу познати политичари, меѓу кои и Хитлер, ја имаат посетено. Тој излегол видно вознемирен од нејзината куќа.

Најстрашните предвидувања на Баба Ванѓа се за нуклеарната подморница на Русија, Курск која потона во август 2000 година, за која таа уште во 1980 година предвиде дека ќе предизвика катастрофа.

Таа ги предвидела и нападите на Кулите Близначки во Америка уште во 1989 година каде рекла дека невина крв ќе биде пролеана.

Меѓу останатите предвидувања за иднината се:

2008 - Обиди за атентат на четворица претседатели. Конфликт во Индонезија кој ќе биде причина за почетокот на Третата Светска Војна.

2010 – Почеток на Третата Светска Војна, во ноември 2010 и ќе трае до октомври 2014. Ќе почне како обична војна, но потоа ќе биде користено нуклеарно и хемиско оружје.

2011 – Поради радиоактивното зрачење, на Северната хемисфера нема да има животни и растенија. Муслиманите ќе започнат војна со хемиско оружје против Европејците кои се уште се живи.

2014 – Поголемиот дел од луѓето во светот, ќе имаат рак на кожа и други болести поврзани со кожата. ( како резултат на војните)

2016 – Европа е скоро празна.

2018 – Кина станува новата светска сила.

2023 – Орбитата на Земјата постепено ќе се менува.

2025 – Европа е се уште одвај населена.

2028 – Развивање на нов извор на енергија. Гладот полека престанува да биде проблем. Се развива вселенски брод со пилоти за Венера.

2033 – Топење на поларниот мраз. Расте нивото на океаните во светот.

2043 - Светската економија е во подем. Муслиманите владеат со Европа.

2046 – Секој орган може да биде произведен. Размената на човечки органи станува секојдневен метод за лекување.

2066 – За време на нападот на Рим, кој е под контрола на Муслиманите, Америка користи нов метод на развивање на оружја, кој влијае врз климатските промени, смрзнување.

2076 – Нема класно општество (комунизам).

2084 – Обновување на природата.

2088 – Нова болест. Луѓето остаруваат за неколку секунди.

2097 – Пронајден лек за оваа болест.

2100 – Човечки направено Сонце ја осветлува темната страна на Земјата.

2111 – Луѓето стануваат роботи.

2123 – Војни меѓу помалите земји. Големите земји не се инволвираат.

2125 – Постои глад, и ќе се добијат сигнали од вселената. (Луѓето уште еднаш ќе се сетат на Баба Ванѓа).

2130 – Колонии под вода. (совети од вонземјаните).

2154 – Животните стануваат пола-луѓе.

2167 – Нова религија.

2170 – Голема суша.

2183 – Колонијата на Марс станува нуклеарна нација и бара независност од Земјата.

2187 – Успешно се стопирани две вулкански ерупции.

2195 – Колониите во морињата се целосно снабдени со енергија и храна.

2196 – Комплетно мешање на Азијците и Европејците.

2201 – Термонуклеарните реакции на Сонцето се забавуваат. Температурите опаѓаат.

2221 – Во потрага по вонземски живот, луѓето се соочуваат со нешто застрашувачко.

2256 – Вселенските бродови носат нова застрашувачка болест на Земјата.

2262 – Орбитите на планетите почнуваат прогресивно да се менуваат. Марс е под закана од удар на комета.

2271 – Микс од жолта, црна и бела раса. Нова раса.

2279 – Енергија од ништо. (најверојатно од вакуум или црни дупки).

2288 – Патување низ времето. Нови контакти со вонземјани.

2291 – Сонцето се лади. Се превземаат обиди за негово обновување.

2296 – Сонцето свети. Силата на гравитацијата се менува. Старите вселенски станици и сателитите, почнуваат да паѓаат.

2299 – Во Франција, има партизан кој се крева против Исламот.

2302 – Се откриваат нови важни закони и мистерии за универзумот.

2304 – Мистеријата за Месечината е разрешена.

2341 – Нешто застрашувачко од вселената се приближува кон Земјата.

2354 – Несреќа со едно од човечки направените сонца, ќе резултира со суша.

2371 – Огромна глад.

2378 – Нова и брзо растечка раса.

2480 – Двете сонца направени од луѓето ќе доживеат колапс. Земјата е во темница.

3005 – Војна на Марс. Траекторијата на планетите се менува.

3010 – Комета ќе се забие во Месечината. Околу Земјата ќе има појас на карпи и прашина.

3797 – До оваа година, сè што живее на Земјата, умира. Но луѓето се способни да започнат нов живот на нов ѕвезден систем.
Некој работи што ги има кажано баб Ванѓа се исти и со предвидувањата на Нострадамус може да се спореди
 

LordCalipso

Староседелец
Член од
10 септември 2008
Мислења
86
Поени од реакции
54
Mislam deka samo 5% e tocno od ovie predviduvanja za drugoto NEMA SANSI
 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
33
КАНТА!!!

Неисправни информации :wink:

Горенаведеното е од Нострадамус,бај д веј.
И Баба Ванѓа предвиде Трета Светска војна во Хиндустан 2010,а не во Индонезија.
 

Penja

Stajk-City is Wild West
Член од
1 ноември 2008
Мислења
82
Поени од реакции
2
jas bi i kazal na baba vanga samo edno FUCKOFF zs nisto ne i veruvam :pos2::pos2::pos2:
 
Член од
31 декември 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
vaka ova za baba vangja sto predvidela.. istoto sum go procital i na idividi skros isto predviduvanje no tuka bese Nastradamus i sega kazi na kogo da veruvas?:vozbud::vozbud::vozbud:
 

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
309
Стареење за неколку секунди лелелеле :vozbud:
 
Член од
31 декември 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
hm... gluposti:).. ova go imam citano na drug forum mislam( idividi) bese i seto ova go predvidel Nastradamus,+ vo francija ne se dignal partizan , tuku vo Rim spored nastradmus.. BULLSHIT:S:tapp::tapp::tapp::tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom