Баба Ванѓа предвидела трета светска војна во 2010

Статус
Затворена за нови мислења.

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Вангелија Гуштерова, позната како Баба Ванѓа, е една од најпознатите пророци во историјата. Самото нејзино име Вангелија, преведено од грчки јазик значи „Гласник од Благословениот Свет“. Нејзините способности за предвидување се појавиле откако останала слепа како мало девојче и од тогаш многу луѓе ја бараат нејзината помош.

Баба Ванѓа лекувала со природни лекови од растенија и цвеќиња, затоа што сметала дека премногу апчиња не дозволуваат организмот сам да се избори против болеста. Исто така препорачувала луѓето кои применуваат природни лекови, да користат растенија и билки од средината и земјата каде живеат.

Нејзината дарба како јасновидец и претскажувач била посебна. Таа видела многу работи и покрај тоа што била слепа, можела да зборува со цвеќињата и да посетува различни места на земјата.

Баба Ванѓа ги објаснила своите исклучителни способности, со присуство на невидливи суштества на кои не им го знаела потеклото. Тие и ги давале информациите за луѓето, и нивниот живот и бил како филм пред неа од нивното раѓање па сè до смртта.

Таа не се плашела од смртта и велела дека не постои смрт.

„После смртта телото се распаѓа, како и сè што е живо, но делот од телото, душата или како да го наречам, не се распаѓа. Зборувате за повторно раѓање. Не знам што е тоа. Она што останува од човекот, тоа е душата, која продолжува да се развива во повисоки нивоа и тоа е нејзината вечност“, вели таа во разговор со еден човек од театарот.

Баба Ванѓа сметала дека човекот се раѓа за да прави добри дела. Според неа ниедна лоша работа која ја направил човекот, не останува неказнета. Секогаш следува казна, ако не на оној кој сторил лошо, се одразува на неговите деца.

Таа зборувала и за иднината иако не сакала. Според нејзините кажувања, за 200 години човекот ќе оствари контакт со браќа по умот од други светови. Дури вели дека многу вонземјани живеат на Земјата со години и дека се од планетата која на нивен јазик се нарекува WAMFIM и тоа е трета планета од Земјата.

Баба Ванѓа почина на 11-ти август 1996 година. Таа ја знаела точната дата на својата смрт, и пред да почине рекла дека дарба како нејзината наследило 10-годишно слепо девојче кое живее во Франција и за кое наскоро ќе слушнеме.

Многу познати политичари, меѓу кои и Хитлер, ја имаат посетено. Тој излегол видно вознемирен од нејзината куќа.

Најстрашните предвидувања на Баба Ванѓа се за нуклеарната подморница на Русија, Курск која потона во август 2000 година, за која таа уште во 1980 година предвиде дека ќе предизвика катастрофа.

Таа ги предвидела и нападите на Кулите Близначки во Америка уште во 1989 година каде рекла дека невина крв ќе биде пролеана.

Меѓу останатите предвидувања за иднината се:

2008 - Обиди за атентат на четворица претседатели. Конфликт во Индонезија кој ќе биде причина за почетокот на Третата Светска Војна.

2010 – Почеток на Третата Светска Војна, во ноември 2010 и ќе трае до октомври 2014. Ќе почне како обична војна, но потоа ќе биде користено нуклеарно и хемиско оружје.

2011 – Поради радиоактивното зрачење, на Северната хемисфера нема да има животни и растенија. Муслиманите ќе започнат војна со хемиско оружје против Европејците кои се уште се живи.

2014 – Поголемиот дел од луѓето во светот, ќе имаат рак на кожа и други болести поврзани со кожата. ( како резултат на војните)

2016 – Европа е скоро празна.

2018 – Кина станува новата светска сила.

2023 – Орбитата на Земјата постепено ќе се менува.

2025 – Европа е се уште одвај населена.

2028 – Развивање на нов извор на енергија. Гладот полека престанува да биде проблем. Се развива вселенски брод со пилоти за Венера.

2033 – Топење на поларниот мраз. Расте нивото на океаните во светот.

2043 - Светската економија е во подем. Муслиманите владеат со Европа.

2046 – Секој орган може да биде произведен. Размената на човечки органи станува секојдневен метод за лекување.

2066 – За време на нападот на Рим, кој е под контрола на Муслиманите, Америка користи нов метод на развивање на оружја, кој влијае врз климатските промени, смрзнување.

2076 – Нема класно општество (комунизам).

2084 – Обновување на природата.

2088 – Нова болест. Луѓето остаруваат за неколку секунди.

2097 – Пронајден лек за оваа болест.

2100 – Човечки направено Сонце ја осветлува темната страна на Земјата.

2111 – Луѓето стануваат роботи.

2123 – Војни меѓу помалите земји. Големите земји не се инволвираат.

2125 – Постои глад, и ќе се добијат сигнали од вселената. (Луѓето уште еднаш ќе се сетат на Баба Ванѓа).

2130 – Колонии под вода. (совети од вонземјаните).

2154 – Животните стануваат пола-луѓе.

2167 – Нова религија.

2170 – Голема суша.

2183 – Колонијата на Марс станува нуклеарна нација и бара независност од Земјата.

2187 – Успешно се стопирани две вулкански ерупции.

2195 – Колониите во морињата се целосно снабдени со енергија и храна.

2196 – Комплетно мешање на Азијците и Европејците.

2201 – Термонуклеарните реакции на Сонцето се забавуваат. Температурите опаѓаат.

2221 – Во потрага по вонземски живот, луѓето се соочуваат со нешто застрашувачко.

2256 – Вселенските бродови носат нова застрашувачка болест на Земјата.

2262 – Орбитите на планетите почнуваат прогресивно да се менуваат. Марс е под закана од удар на комета.

2271 – Микс од жолта, црна и бела раса. Нова раса.

2279 – Енергија од ништо. (најверојатно од вакуум или црни дупки).

2288 – Патување низ времето. Нови контакти со вонземјани.

2291 – Сонцето се лади. Се превземаат обиди за негово обновување.

2296 – Сонцето свети. Силата на гравитацијата се менува. Старите вселенски станици и сателитите, почнуваат да паѓаат.

2299 – Во Франција, има партизан кој се крева против Исламот.

2302 – Се откриваат нови важни закони и мистерии за универзумот.

2304 – Мистеријата за Месечината е разрешена.

2341 – Нешто застрашувачко од вселената се приближува кон Земјата.

2354 – Несреќа со едно од човечки направените сонца, ќе резултира со суша.

2371 – Огромна глад.

2378 – Нова и брзо растечка раса.

2480 – Двете сонца направени од луѓето ќе доживеат колапс. Земјата е во темница.

3005 – Војна на Марс. Траекторијата на планетите се менува.

3010 – Комета ќе се забие во Месечината. Околу Земјата ќе има појас на карпи и прашина.

3797 – До оваа година, сè што живее на Земјата, умира. Но луѓето се способни да започнат нов живот на нов ѕвезден систем.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Ова се ќе се случи во моментот кога јас ќе станам земскиот Ајатолах...а знаеш кога ќе се случи тоа? Кога Мајмуните ќе играат Пајдушко!
 

xochipilli

Војвода
Член од
29 јули 2006
Мислења
426
Поени од реакции
116
Чекам уште 3 месеци до конфликтот у Индонезија..
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Го читав ова на еден руски сајт уште кога почна војната во Грузија...Демек ја предвидела и самата војна и од тука почнува се...Преку глава ми е од апокалиптични сценарија и крај на светот...
За Ванѓа постои книга со сите овие предвидувања..интересно ми беше...како ја опишува средбата со Бог..бил силна светлина во која неможела да погледне оти ја болеле очите(интересно со оглед на фактот дека била слепа)..и добро запемтив дека по 200 години ќе дојдат вонземјани...
Инаку сите тие хронолошки предвидувања ми изгледаат како сценарио за третокласен сф филм...и она продукцијата е бугарска..
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.393
Поени од реакции
21.946
Интересно,,, сепак не верувам дека ќе има војна во 2010 година
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Ова се ќе се случи во моментот кога јас ќе станам земскиот Ајатолах...а знаеш кога ќе се случи тоа? Кога Мајмуните ќе играат Пајдушко!
Немој за мајмуните, знам неколку болни мајмуни што го играат пајдушкото и тоа многу подобро од луѓето:)

Малце ми изгледа предвидувањево на Ванѓа за добро сценарио за некој филм или стратегиска игра од типот на Red Alert:)
Сепак забавно е кога ќе си го пуштиш мозокот на размислување околу овие работи....
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Види, види интересна работа...јас го имам истово прочитано и го имам прочитано дека е од Нострадамус и тоа на повеќе веб страници.:)
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
2008 - Обиди за атентат на четворица претседатели. Конфликт во Индонезија кој ќе биде причина за почетокот на Третата Светска Војна.

2010 – Почеток на Третата Светска Војна, во ноември 2010 и ќе трае до октомври 2014. Ќе почне како обична војна, но потоа ќе биде користено нуклеарно и хемиско оружје.

2011 – Поради радиоактивното зрачење, на Северната хемисфера нема да има животни и растенија. Муслиманите ќе започнат војна со хемиско оружје против Европејците кои се уште се живи.

2014 – Поголемиот дел од луѓето во светот, ќе имаат рак на кожа и други болести поврзани со кожата. ( како резултат на војните)

2016 – Европа е скоро празна.

2018 – Кина станува новата светска сила.

2023 – Орбитата на Земјата постепено ќе се менува.

2025 – Европа е се уште одвај населена.

2028 – Развивање на нов извор на енергија. Гладот полека престанува да биде проблем. Се развива вселенски брод со пилоти за Венера.

2033 – Топење на поларниот мраз. Расте нивото на океаните во светот.

2043 - Светската економија е во подем. Муслиманите владеат со Европа.

2046 – Секој орган може да биде произведен. Размената на човечки органи станува секојдневен метод за лекување.

2066 – За време на нападот на Рим, кој е под контрола на Муслиманите, Америка користи нов метод на развивање на оружја, кој влијае врз климатските промени, смрзнување.

2076 – Нема класно општество (комунизам).

2084 – Обновување на природата.

2088 – Нова болест. Луѓето остаруваат за неколку секунди.

2097 – Пронајден лек за оваа болест.

2100 – Човечки направено Сонце ја осветлува темната страна на Земјата.

2111 – Луѓето стануваат роботи.

2123 – Војни меѓу помалите земји. Големите земји не се инволвираат.

2125 – Постои глад, и ќе се добијат сигнали од вселената. (Луѓето уште еднаш ќе се сетат на Баба Ванѓа).

2130 – Колонии под вода. (совети од вонземјаните).

2154 – Животните стануваат пола-луѓе.

2167 – Нова религија.

2170 – Голема суша.

2183 – Колонијата на Марс станува нуклеарна нација и бара независност од Земјата.

2187 – Успешно се стопирани две вулкански ерупции.

2195 – Колониите во морињата се целосно снабдени со енергија и храна.

2196 – Комплетно мешање на Азијците и Европејците.

2201 – Термонуклеарните реакции на Сонцето се забавуваат. Температурите опаѓаат.

2221 – Во потрага по вонземски живот, луѓето се соочуваат со нешто застрашувачко.

2256 – Вселенските бродови носат нова застрашувачка болест на Земјата.

2262 – Орбитите на планетите почнуваат прогресивно да се менуваат. Марс е под закана од удар на комета.

2271 – Микс од жолта, црна и бела раса. Нова раса.

2279 – Енергија од ништо. (најверојатно од вакуум или црни дупки).

2288 – Патување низ времето. Нови контакти со вонземјани.

2291 – Сонцето се лади. Се превземаат обиди за негово обновување.

2296 – Сонцето свети. Силата на гравитацијата се менува. Старите вселенски станици и сателитите, почнуваат да паѓаат.

2299 – Во Франција, има партизан кој се крева против Исламот.

2302 – Се откриваат нови важни закони и мистерии за универзумот.

2304 – Мистеријата за Месечината е разрешена.

2341 – Нешто застрашувачко од вселената се приближува кон Земјата.

2354 – Несреќа со едно од човечки направените сонца, ќе резултира со суша.

2371 – Огромна глад.

2378 – Нова и брзо растечка раса.

2480 – Двете сонца направени од луѓето ќе доживеат колапс. Земјата е во темница.

3005 – Војна на Марс. Траекторијата на планетите се менува.

3010 – Комета ќе се забие во Месечината. Околу Земјата ќе има појас на карпи и прашина.

3797 – До оваа година, сè што живее на Земјата, умира. Но луѓето се способни да започнат нов живот на нов ѕвезден систем.

Простор на веројатност и теорија на веројатност.

Непразно множество чии членови се сметаат како потенцијален исход. Друго подмножество чии членови се настаните. Сите кои се погоре наведени. И мерата на веројатност.
Равенка


:pos:


И шо, ионака можеме да видиме дека можно да се случи бар едно сценарио кога имаме толку голем избор. Некои се логични, ама некои се чисти глупости.

Неможе да се менува орбитата на Земјата под влијанието на нуклеарните експлозии. Отстапувањата поради слабеењето на магнетното поле се сосем друга работа, ама ете тој што го пишувал текстот не дослушнал убаво.

Кожните болести се во подем поради се поштетното и посилното зрачење на Сонцето, во последните 6 години ги имаме најсилните УВ зрачења и највисоките забележани температури во последните 1000 години. Критични беа 2000, 2004, 2006, 2007.

Нема да искоментирам се, таман работа ама ова морав. Лол
Нова болест, луѓето остаруваат за неколку секунди?
Епа кој ќе остане да направи лек.

Целосна обнова на природата и повторна можност за населување на оштетените рeгиони за само 20 години? ЛОЛ

Тахикардија ме фати, лол а богами и го фатило Сонцето што почнало да трокира иако има уште 3-5 милијарди години пред себе. лол_3


Гладот, сушата, наметнувањето на Кина, топењето на поларните капи, генетско инжинерство, револуции, помали воени конфликти се многу, многу веројатни нешта кои ќе се случат порано или подоцна.
 
U

UnholY

Гостин
Баба Ванѓа, будалата....

До кога ќе продолжите со патетизирање за оваа будала шо веќе е одамна изедена од одвратни и лепливи ларви.

Предвидела некои настани, можеби...знаете зошто?
Пошто, по некоја случајност ете постои коинциденција.
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Ако женава навистина толку предвидувала, досега 30 парадокси ќе напраела. :))

Сериозно, ако има војна 2010 и се знае дека ќе се случи, јасно е дека тоа ќе биде спречено од власти натам навам и логично е дека НЕМА да се случи.

Глупости.
 
N

navivacka

Гостин
ma:toe:vrska neli ke bese kraj na svetot vo 2012 god.?a sega ovaa mi predviduva do 3797.Cisti izmislici,nikoj ne znae koga ke e kraj na svetot pa duri nitu ovaa stara baba samo GOSPOD znae sto ke bide
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
265
Поени од реакции
18
Istoto potpolno go imama procitano deka nostradamus go rekol! A so e najinteresno kojznae od kaj izlegol muabetot deka ni nostradamus ne treskal vakvi gluposti!
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
бла бла бла кој ке дочека до тогаш ке знае што ке се случи:helou:
 

Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Значи ништо убо нема да се случва само војни војни војни... Роботи... Болести..
Тешко веројатно
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom