Предвидувањата што ги правел и Нострадамус, па и баба Ванѓа имаат основа во теоријата на веројатност. Кога ќе направиш анализа на некои текови од историјата и сегашноста, можеш да поставиш одредена прогноза што би можело да се случи во блиска иднина. И ако по некоја случајност погодиш година или место, одма стануваш пророк.Тоа околу пророците.
Во реалноста, ако ја согледаме историјата не многу далечна, ќе може да се постават некои паралели.
Почеток на 20ти век. Романтичарски револуции, прегрупирање на големите колонијални сили за економска превласт во светот, заради ослабена економија и потреба од поголемо богатство. Се искористува атентатот во Босна,и почнува 1 Светска војна.Кланица невидена, а потоа изникнуваат нови империи, прекројување на светот.
Голема економска криза во 30 тите години на 20ти век, светска економска рецесија, безработица, индустрија во колапс. Се раѓа фашизам, се спрема нова стартна позиција за препород.Почнува 2 ра Светска војна. Уште поголема кланица.Нов светски поредок, НАТО, ЕУ, Русија, нови гиганти Кина, Индија, Бразил.
2008 година. Започнува глобална економска криза, индустрија колабира, домино ефект низ цел свет.
Прогноза:
Голема невработеност насекаде по светот, празен стомак раѓа гнев, во форма на национализам, фашизам, и сл. Се бара излез, се бара виновник. Со мал инцидент, може да се изманипулира голема маса народ.
Веројатност од војна-ДА, и тоа голема веројатност. Светска војна-ДА, многу веројатно. Употреба на нуклеарно и друго оружје за масовно уништување-НЕ, маногу малку веројатно. Секој што го има знае дека ако го употреби никој нема да остане. Сепак човекот не е толку глупав. Можен е изолиран инцидент од типот на Хирошима, дело на некој терористи, но глобално -НЕ.
Кога? Можно би било многу скоро, оти секаде врие како во лонец со затворен капак.
Ете, можеби звучи црно, ама има една стара изрека:
Раскажи мо го минатото, ќе ти ја раскажам иднината....