Да можев уште еден лајк ќе ти ставев.
Освен квалитетот на мрежата и срањето GPRS интернет, ВИП имаат доста солидна понуда. За 800 денари 1000 минути кон сите оператори е одлична цена, за 500 имаш 1000 кон Вип и 200 кон сите други мрежи.
Во врска со плаќањето и дополнителен трошок. Точно дека они праќат пораки дека ќе ти наплатата 290 денари ако задоцниш, ама мене тоа никогаш не ми се случило. Еве туку што се вратив од ВИП и му платив на брат ми две сметки (март и април) и ми наплатија 2х590ден.
Околу она со интернетот. Додека бев таму, го гледав HTC One X. Не сакам да го земам, ама сакав да се информирам бидејќи ќе чекам да дојде Самсунг С3. Договорот можам да го продолжам најрано на 30 септември, па се надевам ќе стигне до тогаш или почеток на октомври. Моментално сум на пола претплата и имам L мислам (плаќам 590 + 390 интернет). HTC-то е отприлика малку поевтин од Самсунгот па прашав за цена. Значи можеш да го земеш на L со интернет од 1 гига за 20.999, или ако не сакаш интернет да земеш само претплата L (на пример) за 23.999. Не знаев дека може и така, па затоа и пишав за некој во иднина да не се интересира. Јас останувам на ВИП (и со голема надеж дека ќе пуштат 3G интернет), еднаш неделно да ми падне повик а да платам дупло поевтино од другарите на Т-Mobile не ми пречи. Ќе се јавам пак, и онака никогаш не сум искористил повеќе од 600-700 минути месечно.