А1 Македонија (VIP)

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Вип е новиот мобилен оператор во Македонија. Kорисниците на Вип ќе бидат во можност да ги користат услугите во мобилната телефонија со префиксите 077 и 078 на целата територија на земјата со договорот за национален роаминг.







Скопје, 4 септември 2007 – Нов оператор, член на mobilkom austria групацијата го претстави својот бренд Вип, за да ја истакне својата вистинска ориентација кон корисниците. Името на компанијата ќе биде Вип оператор. Корисниците на Вип ќе ги користат префиксите 077 и 078 на територијата на целата земја благодарение на договорот за национален роамин кој ќе овозможи целосна покриеност од самиот почеток. Тие ветија дека ќе донесат вистинска алтернатива и дека ќе бидат компанија со најголема ориентација кон корисниците во Македонија, а во исто време ќе придонесат и за економскиот раст на земјата.

- Ние веќе вработивме повеќе од 100 македонски експерти, вложивме 10 милиони евра за лиценцата и планираме да инвестираме уште 50 милиони евра. Дополнително склучивме договори со преку 100 македонски партнерски компании. Овие факти покажуваат дека Вип, како член на mobilkom austria групацијата ги исполнува своите ветувања и работи за да обезбеди влез на вистинска конкуренција на македонскиот пазар на мобилна телефонија – рече Младен Пејковиќ, Главен извршен директор на Вип оператор, нагласувајќи дека компанијата ги знае очекувањата на македонските граѓани и е подготвена да ги исполни.

- Влегуваме на пазар на мобилна телефонија кој го карактеризираат високи цени и непостоење на вистинска конкуренција. Ние, на граѓаните на Република Македонија, ќе им понудиме најдобар квалитет за нивните пари и најдобра услуга според потребите на корисниците во согласност со највисоките Европски стандарди, применети кај сите членки на mobilkom austria групацијата (Австрија, Хрватска, Словенија, Лихтенштајн, Бугарија и Србија) – нагласи Пејковиќ.
Паралелно со изградбата на сопствената мрежа, благодарение на договорот за национален роаминг со еден од постоечките оператори за користење на нивната радио мрежа, Вип ќе понуди целосно покривање на земјата со свој сигнал, што нема да влијание на финалната цена кон корисниците. Сите процедури и елементи што се потребни за почеток на работата на еден мобилен оператор се во финална фаза, како што се службата за корисници, 24 часа во денот, 7 дена во неделата. Вип е подготвен да почне со работа овој септември.

Претставувајќи го брендот Вип, Главниот маркетинг директор на Вип оператор, Марио Цвитковиќ, ги истакна резултатите од истражувањето на пазарот кои покажуваат дека 76% од испитаниците одговориле дека би го смениле операторот доколку добијат подобра понуда. Главниот маркетинг директор објасни дека се одлучиле да го изберат ова име како најпогодно за овој пазар, бидејќи корисниците го доживуваат како најблиско и најпристапно.

- За нас секој корисник е многу важна личност (VIP - Very Important Person) и е во центарот на сите наши активности. Тоа е определбата зад која стои нашиот бренд. Ние ќе понудиме висока вредност со најдобра цени. Сериозно се однесуваме кон секој корисник и го посветуваме целосно нашето време и енергија во задоволување на потребите на секоја индивидуа. Работиме едноставно и не се криеме зад комплицирани понуди – изјави Главниот маркетинг директор.

Мисија на Вип е да обезбеди вистинска конкуренција и да им понуди најповолни производи и услуги на сите македонски граѓани.
Вип ќе го објави својот комерцијален почеток набрзо според барањата наведени во лиценцата. Вип оператор ќе ги воведе највисоките стандарди, знаења, технологија и квалитет на услугите својствени за mobilkom austria групацијата.


Вип оператор
Вип оператор е член на mobilkom austria групацијата. На 26 март оваа година, Вип оператор доби лиценца за трет мобилен оператор во Република Македонија со уплата на 10 милиони евра, откако победи на тендерот за 10 годишната лиценца за ГСМ 900/1800 која по овој рок автоматски се продолжува за дополнителни 10 години. Според условите од добиената лиценца, Вип оператор треба да обезбеди покриеност на 90% од населението во рок од 4 години.


mobilkom austria групација
Членови на mobilkom austria групацијата, безжичниот сектор на Телеком Австрија, се: mobilkom austria (Австрија), Vipnet (Хрватска), Si.mobil (Словенија), mobilkom liechtenstein (Лихтенштајн), Mobiltel (Бугарија), Vip mobile (Србија) и Вип оператор (Македонија). Вработените, чиј број изнесува околу 6.300, опслужуваат повеќе од 10,8 милиони корисници.

Во првата половина на 2007, mobilkom austria групацијата оствари приход од 1.433,6 милиони евра, EBIDTA од 580.2 милиони евра и оперативен приход од 329.5 милиони евра. mobilkom austria групацијата се залага за иновации како во маркетингот, така и технологијата. Промовирањето на првата светска GPRS мрежа во Австрија во 2000-та година, воведувањето на EDGE технологијата како прва компанија во Словенија во 2003-та година, промовирањето на првата UMTS мрежа во Европа и Австрија во 2002-та година и првата Европска промоција на HSDPA 7.2 во Австрија и Хрватска во 2007-ма, се доказ за нејзината иновативна улога. Пренесувањето на искуство меѓу членовите на групацијата и пазарот придонесува за брз развој и воведување на сите производи и услуги во групацијата. Од 2003-та година, mobilkom austria групацијата има договор за партнерство со Vodafone.

Повеќе информации: www.mobilkomaustriagroup.com

Извор: www.telefoni.com.mk
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Национален роаминг? Како иде тоа? ке немаат сопствена мрежа и ке ја користат веке постоечката на некој од операториве? ке се одрази тоа на цена?
 

Стеф:]

стифлер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
1.938
Поени од реакции
3
имам слушнато дека на мобилните ке и била многу мала цената:vozbud:
 

HungryWolf

Deep In Tha Forrest
Член од
30 јануари 2007
Мислења
793
Поени од реакции
4
neka gi namalat tarifite mnogu poveke ke se raduvame :) ili neka stavat "fiksna" cena, kako stho e sekade vo svetov, pr: da se zbori neograniceno po cena od 2000den mesecno, a ne so 2000den 3-4h samo muabet ke prais i nistho poveke, da se nadevame deka ke se pokazat podobro od t-mobile i cosmote..
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Национален роаминг? Како иде тоа? ке немаат сопствена мрежа и ке ја користат веке постоечката на некој од операториве? ке се одрази тоа на цена?
Да каде што нивната мрежа не покрива се „шлепаат„ на една од двете добро изградени мрежи, и притоа цените се нешто повисоки за разговор.
Така е во Германија, има 4 оператори од кои два немаат толку развиена мрежа и се шлепаат на некој од другите, ама обично тоа е во ненаселени места. За сметка на тоа имаат многу поповолни пакети и муабети.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
9
Поени од реакции
0
Ќе се шлепаат на Т-мобиле

Иначе нема големо намалување на цените како што кажуваа кога дојдоа

А за ефтини мобилни ќе имаат ама џабе ќе бидат на ПОСТ ПЕЈД
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Одлично, ќе паѓаат цените на мобилниве. Па кај ида е ќе почнеме да гасиме фиксни :)
 

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
mr_vicket јас не сум зборил на фиксен од 5одд, а сепак нема да има некој драстични намалувања. Ако го воведат оноа со фиксните цени ке биде супер, само тоа не е за ваков народ како нас, ке неможеш да свртиш до некаде како нова година да е :) :)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Одлично, ќе паѓаат цените на мобилниве. Па кај ида е ќе почнеме да гасиме фиксни :)
Тешко тоа викет, пошто ќе ти треба фиксниот поради ADSL интернетот, али може сметките за разговори драстично да опаднат.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Ајде нека почнат па да земам некој телефон:) да видиме шо како ќе иде...и така сум без телефон не за нешто друго ќе дигам џева дека сум VIP корисник:pos: низ маало
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Паралелно со изградбата на сопствената мрежа, благодарение на договорот за национален роаминг со еден од постоечките оператори за користење на нивната радио мрежа, Вип ќе понуди целосно покривање на земјата со свој сигнал, што нема да влијание на финалната цена кон корисниците.
За прашањето на Мрно, зар никој не го прочита постот? :toe:
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Или ќе се договорат со цената трите оператора како што направија т-мобиле и космофон и креираа дупол, или мобилком ќе настапат агресивно на пазарот со ниски цени и конкурентни понуди така да остатокот ќе мора да го следи лидерот.

Оваа инвестиција е добра пред се поради фактот што со себе ќе повлече ред други СДИ.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Па ајде ова импулсиве преку ден изгор се,недај боже на друг оператот да вртиш,се надевам и на некој студенски пакет како за мене вака...:pos:
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Конкретни бројки сеуште нема, или јас не успеав да ги најдам?
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Па ајде ова импулсиве преку ден изгор се,недај боже на друг оператот да вртиш,се надевам и на некој студенски пакет како за мене вака...:pos:
Еве како например тука кај мене во германија каде О2 како студент ми дава секој месец по 100 бесплатни смс
 

Kajgana Shop

На врв Bottom